МЗ: 10 починати, 428 новозаболени, 128 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на ковид-19.

Во: Скопје-200, Куманово-16, Дебар-2, Штип-9, Прилеп-29, Тетово-30, Струга-2, Велес-6, Битола-14, Охрид-4, Кавадарци-17, Гостивар-5, Гевгелија-15, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-2, Виница-3, Делчево-4, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-10, Неготино-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од: Скопје-57, Куманово-11, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-8, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2, Гостивар-2, Струмица-7, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-8, Валандово-1, Кичево-5.

Починати се 10 лица, двајца пациенти од Скопје (60 и 66г), еден од Куманово (64г), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87г) двајца од Тетово (75 и 53г), еден од Струга (55г), еден од Струмица (83г) и еден пациент од Крива Паланка (80г). Од нив 1 пациент е починат вонболнички услови, останатите 9 се починати во болница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23628, бројката на оздравени пациенти е 17239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5555. Од вчера се евидентира еден конторлен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 9854, активни 2655

• Куманово 1973, активни 218

• Дебар 309, активни 50

• Штип 1443, активни 160

• Прилеп 925, активни 227

• Тетово 1722, активни 291

• Струга 749, активни 79

• Велес 429, активни 96

• Битола 467, активни 155

• Охрид 510, активни 89

• Кавадарци 321, активни 89

• Гостивар 1028, активни 97

• Гевгелија 267, активни 143 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 580, активни 360

• Крива Паланка 176, активни 60

• Радовиш 170, активни 72

• Крушево 20, активни 0

• Кочани 567, активни 205

• Пробиштип 139, активни 24

• Демир Хисар 65, активни 4

• Македонски Брод 98, активни 4

• Пехчево 53, активни 9

• Берово 164, активни 41

• Валандово 82, активни 50

• Виница 150, активни 49

• Делчево 210, активни 114 (40 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 31, активни 7

• Свети Николе 423, активни 59

• Кичево 416, активни 78

• Ресен 201, активни 38

• Неготино 86, активни 32 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1853 теста се преку: ИЈЗ-644, ЦЈЗ Скопје-101, Авицена-456, Биотек-202, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори) -85, Систина со PCR метода -142, лабораторија Лаор –101, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-74, Инфективна клиника-2, ГАК-7, Синлаб-37, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 221.011 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 100 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 223, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 118

• Гази Баба – 282

• Аеродром - 531

• Карпош – 437

• Центар – 448

• Кисела Вода – 312

• Ѓорче Петров – 208

• Бутел - 107

• Шуто Оризари – 15

• Студеничани – 4

• Сарај – 16

• Арачиново – 7

• Илинден – 36

• Сопиште – 20

• Чучер Сандево – 8

• Петровец –16

• Зелениково - 8

• Странец – 12

• Нераспределен- 70

Општина Штип почна постапка за одземање на Б дозволата на фирмата САНС- АГ

 Општина Штип ја почна постапката за одземање на Б-интегрираната дозвола на фирмата САНС-АГ која во реонот на Пeнуш од автомобилски гуми произведуваше течно гориво.

Раководителот на Секторот за инспекциски работи во Општина Штип, Тоше Ѓоргиевски денеска информираше дека постапката ја почнале пред 30 дена, откако имале инспекциски надзори заедно со државен инспектор за животна средина и по добиениот допис од Министерството за животна средина, во кој се вели дека оваа штипска фирма неколкуратно ги прекршува условите пропишани во Б-интегрираната дозвола.

-Оваа постапка е почната пред 30 дена, но ќе напоменам дека постапката за одземање на дозволата е исто така долга, колку што е и за добивање на Б-интегрирана дозвола, вели Ѓоргиевски.

Тој очекува дека целата постапка за одземање на Б-интегрираната дозвола на фирмата САНС-АГ да трае од 90 до 120 дена. Инаку, Државниот инспекторат за животна средина и просторно планирање пред два дена ја објави и одлуката на Основниот суд во Штип, кое има изречено парична глоба за правниот субјект и за одговорното лице за затекнатите буриња со течно гориво во кругот на фабриката. Паричната глоба изнесува 1.750 евра, од кои 1.500 за правниот субјект и 250 евра во денарска противвредност за одговорното лице. САНС-АГ поголго време не работи, а е лоцирана во атарот на Пенуш.

Извлечени две тела на исчезнати работници по уривањето на мостот во Балтимор

Два дена по уривањето на мостот во пристаништето Балтимор, нуркачите извлекоа две тела од водата.

Полицијата во Мериленд соопшти дека станува збор за двајца мажи, на возраст од 26 и 35 години, од Гватемала и Мексико. Двајцата работници биле дел од градежната екипа од шест лица која во моментот на несреќата била на должност на мостот „Френсис Скот Ки“..

Останатите четворица работници се уште се водат за исчезнати, а 18 часа по несреќата беше објавено дека се претпоставува дека се мртви.. Уривањето на мостот, главната сообраќајница преку пристаништето, го затвори пристаништето Балтимор на неодредено време, кое е едно од најпрометните пристаништа на источниот брег на САД..

Наполи сака да го задржи во тимот Кварацхелија до 2029 година

Грузискиот репрезентативец во Наполи, Квича Кварацхелија може да потпише нов договор со тимот во блиска иднина.

Според „Football Italia“, новиот договор на фудбалерот со италијанскиот клуб ќе важи до летото 2029 година. Актуелниот договор завршува во јуни 2027 година.

Оваа сезона фудбалерот одигра 37 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и пет асистенции.

Трансфер вредноста на играчот се проценува на 80 милиони евра.

притисни ентер