Поглаварот на Римокатоличката црква почина на 88-годишна возраст на 21 април.
Се очекува 200.000 луѓе да присуствуваат на погребот на папата. Меѓу нив ќе бидат шефови на држави и влади, монарси, поранешни државници, политичари од Италија и други земји, интелектуалци, уметници. На погребот ќе присуствува и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.
Поради погребот во Ватикан и во Рим воведени се драконски безбедносни мерки. Се очекува погребната поворка да трае околу половина час, а рутата на ковчегот со папата Франциск поставени се големи екрани, на кои верниците ќе можат да следат што се случува во секоја фаза од погребот. Големи екрани ќе бидат поставени и на плоштадот Свети Петар.
Верниците уште од утре ќе можат да го посетат гробот на папата во базиликата Санта Марија Маџоре, објави Ватикан.
Од 5 до 10 мај, 135-те кардинали, членови на конклавата, ќе треба да изберат нов папа. /MИА