МВР врши претреси во Судскиот совет, се бараат записници поврзани со мандатот на Дамева

По наредба на Основното јавно обвинителство, полициски службеници попладнево вршат претреси во Судскиот совет...

Оттаму соопштија дека полицијата обезбедува два записника со цел проверка на евентуални елементи на кривично дело...

Пред Судскиот совет е Михаела Димовска, Михаела дали претресот е се уште во тек и дали се знае за што конкретно се однесуваат записниците?

Пипен: Освоив шест титули, поуспешен сум од Леброн

Легендата на Чикаго Булс и повеќекратен освојувач на НБА шампионатот, Скоти Пипен, се спореди себеси со Леброн Џејмс. Поранешниот кошаркар истакна дека имал подобра кариера од Џејмс, во однос на тимскиот успех.

Пипен беше прашан дали е најдобриот „сестран“ играч во историјата на НБА. Тој одговори дека е така, ако се гледа од тимска перспектива.

-Моите успеси со тимот се поголеми од оние на Леброн. Имам шест титули, изјави Пипен.

После тоа, поранешниот кошаркар беше прашан дали мисли дека сопствениците на франшизата во НБА ќе го изберат него наместо Леброн. Легендата на Булс истакна дека Џејмс „брка титули“ и се запраша дали индивидуалните награди се поважни од титулите.

-Дали сакате индивидуални награди или титули, бидејќи знам дека не ги бркав моите, рече Пипен.

И покрај коментарите на Пипен, Леброн и понатаму е еден од најдобрите играчи во лигата. Иако неодамна наполни 40 години, во 37 одиграни натпревари има просек од 23,8 поени, 7,4 скока и 8,9 асистенции.

Лејкерси, исто така, ја заземаат шестата позиција во западната конференција./МИА

Лидерите на ЕУ ја испратија првата порака до Трамп по инаугурацијата

Лидерите на ЕУ му посакаа успех на Доналд Трамп во неговиот втор мандат како претседател на САД, јави ДПА.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста попладнево на платформата Х ги објавија своите најдобри желби до новиот американски претседател.

„ЕУ со нетрпение очекува да работи тесно со вас за да се справи со глобалните предизвици“, напишаа двајцата, пренесе ДПА.

Во објавата на Х го има повикот до новата администрација за тесна соработка со ЕУ.

„Заедно, нашите општества можат да постигнат поголем просперитет и да ја зајакнат нивната заедничка безбедност. Ова е трајната сила на трансатлантското партнерство“, напишаа Кошта и Фон дер Лајен во заедничката објава на Х./МИА

Безос, Закерберг, Пичаи, но и Ходорковски, учествуваа на инаугурацијата на Трамп

Директорите на главните технолошки компании во САД учествуваа на инаугурацијата на избраниот претседател Доналд Трамп, откако донираа милиони долари за потребите на оваа церемонија, но имаше покането и видни личности од други земји како Русија.

Со ова, американските технолошки милијардери ја покажуваат својата наклонетост кон староновиот претседател на САД, а во обид да купат услуги нивните компании да не станат предмет на истраги или да не бидат премногу регулирани.

На инаугурацијата денеска присуствуваа основачот на Амазон, Џеф Безос, директорот на Meта, Марк Закерберг, првиот човек на „Епл“, Тим Кук, и шефот на Гугл, Сундар Пичаи.

Медиумскиот магнат Руперт Мердок, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и поранешниот британски премиер Борис Џонсон исто така учествуваа на церемониите, вклучително и на миса во блиската црква „Св Јован“.

Многу од овие извршни директори го критикуваа Трамп за време на неговиот прв мандат, поради ставовите на староновиот претседател за климатските промени и имиграцијата.

Во ротондата на Капитолот денеска се појави и шефот на „СпејсИкс“ и Teсла, Илон Маск, кој е номиниран да води нов оддел за владина ефикасност во новата администрација. Маск потроши речиси 300 милиони долари помагајќи ја претседателската кампања и остана близок соработник на Трамп.

На инаугурацијата учествуваа и шефот на TikTok, Шу Зи Чу, додека неговата компанија се соочува со последиците од забраната во САД, како и Сем Алтман од „ОупенЕјАј“ но и Дара Косровшахи од Убер.

Михаил Ходорковски, поранешен руски олигарх, сега опозиционер и жесток критичар на Владимир Путин, во соопштение на Телеграм денеска откри дека добил покана за инаугурацијата на Трамп и решил да присуствува.

-Ме поканија на инаугурацијата, решив да отидам. Од љубопитност и треба повторно да се запознаам... Во Вашингтон има многу полициски патроли и улиците се затворени. Притоа, за церемонјиата се собраа стотици илјади луѓе. Сите ги пуштаат и нема некои големи проверки, напиша тој.

На настанот се појави и рускиот економист и опозиционер Андреј Иларионов, кој во 2000-те беше советник на Путин. На инаугурацијата на Трамп не беа поканети официјални руски лица. /МИА

притисни ентер