МВР санкционира „диви тркачи“ на скопските улици

МВР казни 24 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци, а бил одземен еден и мотоцикл.

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 01/02.08.2020 во времето од 19,00 до 02,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат и учествуваат во “диви трки“ на подрачјето на Скопје.

Притоа санкционирани се 24 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци, а бил одземен еден мотоцикл, соопшти МВР.

Десетици повредени во Кан во паника поради лажна пукотница (ВИДЕО)

Најмалку 43 лица се повредени поради паника по лажните гласини за пукотници во Кан на Азурниот брег во Франција, а дел од повредените завршија во болницата.

Видеото што се појави на социјалните мрежи покажува дека луѓето бегаат и се кријат низ градот во паника и полицијата патролира, објави порталот „Еуроњуз“.

Ниеден од повредените не е во критична состојба.

Српска водителка не се збуни и покрај големата бубачка на вратот (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири видео од водителката на српската Прва ТВ, Роксанда Бабиќ, на кое се гледа дека таа остана потполно мирна, иако огромна бубачка и шеташе по вратот и маицата.

Роксанда на објавите е пофалена од многумина за нејзиниот професионализам за време на програмата во живо, во ситуација кога многумина би изгубиле концентрација и можеби дури и би станале хистерични.

Иако бубачката не се смири ниту за момент и одеше од вратот до нејзината маица, презентерката не трепна.

Некои се убедени дека таа не знаела што се случува, додека други тврдат дека е професионалец.

Германските власти : Се сомневаме во руската вакцина

Германското Министерство за здравство изрази сомнеж во „квалитетот, ефикасноста и безбедноста“ на вакцината против ковид - 19, што ја објави рускиот претседател Владимир Путин.

„Нема познати податоци за квалитетотот, ефикасноста и безбедноста на руската вакцина“, изјави неименуван портпарол на германското министерство, додавајќи дека „безбедноста на пациентите е еден од приоритетите“ во Европската Унија (ЕУ).

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека првата вакцина во светот против ковид 19 е регистрирана денес во Русија.

Сепак, Русија сè уште не објавила детали за резултатите од тестот за вакцинирање за да ја потврди нејзината ефикасност.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска претпазливо реагираше на вестите од Русија дека е произведена вакцина против коронавирус, потсетувајќи дека се неопходни строги процедури за одобрување на каква било вакцина.

„Ние сме во близок контакт со Русите и разговорите продолжуваат. Предквалификацијата на секоја вакцина мора да помине низ строги процедури“, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, пред новинарите кога го прашаа за вестите од Русија за „првата вакцина“ против коронавирусот.

Портпаролот изјави дека претквалификацијата вклучува преглед и проценка на сите потребни податоци за безбедноста и ефикасноста на вакцината, собрани во клиничките испитувања. Јашаревиќ додаде дека постапката е иста за „секој кандидат за вакцина“.

притисни ентер