МВР: При претрес во Велес пронајдена дрога, приведени се дилери

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес вчера околу 16.00 часот во Велес ги лишиле од слобода С.Т.(49), Л.Л.(37), Р.С.(32) и С.Л.(29), сите од истиот град, информираат од МВР.

При претрес во домот на С.Т. и Л.Л., извршен со судска наредба и во соработка со Единицата за службени кучиња, во кој биле затекнати Р.С. и С.Л., кај С.Т. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и една дигитална вага, додека кај Л.Л. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, таблети екстази, две дигитални ваги и пиштол „Екол“.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Попладнево протестен марш за чист воздух во Скопје

Со протестен марш, кој ќе започне од пред зградата на Министерството за животна средина, попладнево во 16 часот „Зелен хуман град“ и неколку други граѓански инцијативи ќе го изразат своето незадоволство од загадувањето на воздухот.

Маршот потоа ќе продолжи пред собранието и ќе заврши пред зградата на владата. Причините за одржување на протестот, како што велат од „Зелен хуман град“, се смртните случаи предизвикани од аерозагадувањето кои изнесуваат 17,7 отсто од вкупната смртност во државата на годишно ниво.. Секоја година во Македонија се бележат околу 3 828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките пм 2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето, се вели во повикот за марш од „Зелен хуман град“..

Почна собраниската расправа за предлог - буџетот за 2025 година

Собранието денеска ја започна петдневната расправа за Предлог-буџетот за 2025 година.

Согласно деловникот на Собранието, на седницата пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути.

Претставникот на владата може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска пред пратениците истакна дека следната година ќе биде инвестициска и додека власта тврди дека буџетот е развоен, од опозицијата се пожалија дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен..

Врховен суд: Неопходно е приоритетно да се постапува по извештаите на Стејт департментот

Врховниот суд на Македонија како највисок суд во државата целосно ги поддржува и ги поздравува заложбите на Стејт департментот на САД кои се однесуваат на владеењето на правото и правната држава.

Соединетите американски држави даваат континуирана поддршка и исклучителен придонес за правосудството, кој е заснован на правните начела и демократските вредности.

Нотираните податоци и укажувања во Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско правно значење за заштитата на независноста на судството и борбата против корупцијата. Во таа насока, а во врска со нотираната корупција, неопходно

е приоритетно да се постапува во согласност со законите и институционалните надлежности што е клучно за интегритетот на судството, остварувањето на целите на правдата и јакнење на јавната доверба.

Недозволиво е да се поткопуваат темелите на судската власт преку политички влијанија, притисоци и коруптивни дејствија, соопштуваат од Врховен суд.

притисни ентер