МВР: Изборите мирни, без посериозни нарушувања

Мирно, без поголеми инциденти, вака Министерството за внатрешни работи го оценува одвивањето на изборниот ден. 

До полицијата од отворањето на гласачките места досега пријавени се десетина инциденти, меѓу кои физичка пресметка меѓу две лица пред избирачко место во гостиварското село Рачане, пријава за вршење на изборен поткуп во Топанско Поле и Шуто Оризари, како и неколку пријави за агитирање и вршење притисок врз гласачи. Едно лице е пријавено дека на гласачко место во Чешиново-Облешево со лажни документи се претставувал дека е претставник на ДИК, а жена од Росоман гласала, иако знаела дека е позитивна на коронавирусот.

Пријави се поднесувале и до Комисијата за следење на евентуални нерегуларности која ја формираше Јавното обвинителство. Меѓу нив е поднесок од политичка партија, во врска со сомнение за вршење притисок и агитација во избирачки места во Гостивар, како и пријава за наводно купување гласови во кумановските села Черкезе, Романовце и Војнивиќ.

Посебно внимание во јавноста предизвика соопштението на обвинителство во кое пишува дека утринава до нив пристигнало допис од Амбасадата на САД во земјава во кое известуваат дека едно лице од политичка партија вчера се обратило до амбасадата и споделило информација дека 83 лица кои биле повеќекратно осудувани и се на слобода, добиле огнено оружје со цел попречување на изборниот процес, како и дека друг познат сторител на кривични дела поседува оружје и дека на денот на гласањето ќе го загрози животот на членови на политичка партија.

По приемот на ова известување институциите ги проверуваат наводите. Од МВР велат дека преземени се сите потребни мерки и активности и до сега нема никаква потврда за изнесеното. Полицијата апелира до граѓаните да не се вознемируваат и слободно да го искористат гласачкото право и оти МВР ги презема сите мерки да ја гарантира безбедноста и зачувавањето на јавниот ред и мир.

Четворица кандидати за лидер на СДСМ, пријавите на верификација во Централната изборна комисија

Следната недела на 12 декември ќе финишира и процесот на избор на нов лидер на СДСМ, кој според најавите од Заев, ќе биде и мандатар на новата Влада.

Пред СДСМ е Андријана Лазова.

На повикот за кандидирање се пријавија четворица. Дали нивните кандидатури го поминаа партискиот филтер и може да се сметаат за официјални?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Владата ги „замрзна“ цените на основните производи до 31 јануари 2022 година

Во пресрет на новогодишните празници и најавениот ценовен шок, Владата по примерот на Србија денеска одлучи да ги замрзне цените на основните продукти.. Деталите ги има Дејан Трајковски.

За кои производи станува збор и до кога ќе важи одлуката?

Целосниоит извештај погледнете го во видеото.

Реакција од ВРМО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Славјанка Петровска

Зоран Заев воспостави режим во СДСМ, па назначува наследник - управител, како Ковачевски, кој треба да го одржува во живот заевизмот.

Празната прес конференција на Славјанка Петровска за дефокус на катастрофалните политики на СДСМ кои негативно се одразија и врз државата веќе не поминува кај граѓаните.

Граѓаните па дури и членовите на СДСМ гледаат дека Зоран Заев со СДСМ се однесува како да е нејзин сопственик. Зоран Заев воспостави режим во СДСМ, па назначува наследник - управител, како Ковачевски, кој треба да го одржува во живот заевизмот.

Зоран Заев преку својата политика донесе само штети во партијата и во државата. ВМРО-ДПМНЕ не сака да го коментира расколот кој што се случува сега во СДСМ, но најважно е со заминувањето на Заев да замине и заевизмот од власта, затоа што тој е сидрото кој не и дозволува на Македонија да оди напред.

Заевизмот е најголема закана за европските вредности и европската иднина на Македонија. Пиуните кои треба да го продолжат заевизмот треба да си заминат заедно со Заев. Тоа може да се случи само преку брзи предвремени парламентарни избори.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер