МВР информира за пријави во однос на изборниот процес

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски" е прекинато гласањето во 13.56 часот се до 14.13 часот, поради тоа што Г.Ш. заменик член од партија дал двојни ливчиња на Н.П. од советничка листа на град Скопје и за градоначалник на град Скопје.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

– Околу 14.04 часот во Полициско одделение Шуто Оризари Ф.О. пријавила дека во близина на основно училиште „26 Јули" до обложувалница имало патничко возило „комбе" со залепени плакати од кандидатот на политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, стои во соопштението од МВР.

Околу 12,45 часот во СВР Скопје, се наведува, Т.К. заменик претседател на гласачко место 2781 во основно училиште „Рајко Жинзифов" пријавил дека Љ.К. влегол во просторијата со цел да гласа, но откако не го пронашле во Избирачкиот список им се обратил на висок тон на членовите на комисијата по што со мобилен телефон го сликал избирачкото место. Против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во СВР Охрид во 14,12 часот од претставник од избирачки одбор на избирачко место 1283/1 лоцирано на ул. „М.Јорданоски" во близина на спортска обложувалница е пријавено дека К.С.(35) од Охрид, при гласање го сликал избирачкото ливче. Гласањето е прекинато од 14,12 до 14,25 часот. Лицето е приведено во СВР Охрид и ќе му биде поднесен соодветен поднесок.

– На 17.10.2021 во 13,55 часот во СВР Битола Џ.М. пријавил дека пред основно училиште „Добре Јовановски" во Прилеп П.A и Д.А. го насочувале за кој кандидат да гласа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Владата ги „замрзна“ цените на основните производи до 31 јануари 2022 година

Во пресрет на новогодишните празници и најавениот ценовен шок, Владата по примерот на Србија денеска одлучи да ги замрзне цените на основните продукти.. Деталите ги има Дејан Трајковски.

За кои производи станува збор и до кога ќе важи одлуката?

Целосниоит извештај погледнете го во видеото.

Реакција од ВРМО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Славјанка Петровска

Зоран Заев воспостави режим во СДСМ, па назначува наследник - управител, како Ковачевски, кој треба да го одржува во живот заевизмот.

Празната прес конференција на Славјанка Петровска за дефокус на катастрофалните политики на СДСМ кои негативно се одразија и врз државата веќе не поминува кај граѓаните.

Граѓаните па дури и членовите на СДСМ гледаат дека Зоран Заев со СДСМ се однесува како да е нејзин сопственик. Зоран Заев воспостави режим во СДСМ, па назначува наследник - управител, како Ковачевски, кој треба да го одржува во живот заевизмот.

Зоран Заев преку својата политика донесе само штети во партијата и во државата. ВМРО-ДПМНЕ не сака да го коментира расколот кој што се случува сега во СДСМ, но најважно е со заминувањето на Заев да замине и заевизмот од власта, затоа што тој е сидрото кој не и дозволува на Македонија да оди напред.

Заевизмот е најголема закана за европските вредности и европската иднина на Македонија. Пиуните кои треба да го продолжат заевизмот треба да си заминат заедно со Заев. Тоа може да се случи само преку брзи предвремени парламентарни избори.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Се одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост: Дали државата прави доволно?

Да се воведат во образовниот процес децата со попреченост за професеионалните тимови е посебн предизвик,труд внимание  љубов но и хуманост. 

Со ваков ентузијазам со години работат и наставниците во прилепското училиште Климент Охридски. Од 750 ученици во 8 посебни паралелки во образовниот процес успешно се воведуваат 23 деца кои сега се згрижени во центарот за подршкана учењето.

Времето и часовите тука брзо минат. Седумте едукатори и рехабилитатори велат во прилепскиот регион има 176 деца со посебни потреби. Тие пак на секој ученик дали е во овој центар или во училиштата во Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Крушево му посветуваат толку а некогаш и повеќе од времето и планираните третмани.

Деновиве овие деца со своите едукатори ја покажаа својат добронамерност и со хуманитерна акција „Од децата за децата“ а тие пак подршка добиваат и од локалните власти..

Во југозападниот регион вакви центри за подршка на учењето има и во Битола, Охрид,Струга и Кичево. Меѓусебната соработка е според потребите, но сепак преку консултативните услуги, искуства, преку едукација и рехабилитација се настојува да се постигне целта.

притисни ентер