Во утринската програма на Канал 5, „Здраво Македонијо“ гостуваше Д-р Милка Клинчева - специјалист по интерна медицина и супспецијалист по кардиологија.
Според светските статистики, кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртност во светот, а се проценува дека секој трет човек во текот на животот ќе развие некаква форма на кардиоваскуларно заболување, при што околу 30–35% од популацијата има или ќе има срцеви проблеми, а кај лицата над 65 години тој ризик значително расте и повеќе од половина имаат кардиоваскуларни пореметувања.
Д-р Клинчева зборуваше за тоа како високите температури влијаат на лицата со кардиоваскуларни заболувања.
- Кардиоваскуларните заболувања се најчестата причина за смртност, кај мажите 48%, а кај жените дури 50 % , рече д-р Клинчева. Доколку имаме веќе запушување на крвните садови или некое друго заболување на срцевиот мускул доаѓа до оптоварување на срцето и од тука се појавуваат симптомите и можност за компликации, додаде таа. Можни причини се тахикардија, низок крвен притисок, градна болка, замор, гушење. На цела оваа состојба со високи температури лошо влијае е дехидратацијата. Здравите луѓе треба да пијат над два литри вода, а пациентите со кардиоваскуларни заболувања треба да се консултираат со својот кардиолог околу количината на внес на вода во текот на денот, советува докторката- кажа Д-р Клинчева.