МВР и ДПК констатираа неправилности во три менувачници во Куманово

Како што информираат од МВР неправилностите се однесуваат на прекршување на Законот за девизно работење. 

При вчерашна контрола на правни и физички лица кои вршат дејност од областа на девизното работење, преку купување и продажба на ефективни странски и домашни пари, од страна на полициски службеници од ОКП-ОЕК при СВР Куманово, во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, констатирани се неправилности.

Како што информираат од МВР неправилностите се однесуваат на прекршување на Законот за девизно работење.

При контрола на правно лице од Куманово М.К, утврдено е дека не поседува Решение за вршење на дејност од НБРСМ, ниту Лиценца за вршење на продажба и купување на ефективни странски и домашни пари. Кај правното лице како нерезидент на НБРСМ во моментот на контролата во касата за дневен промет биле пронајдени голем износ на домашни и странски пари во различни валути, меѓу кои и 4,7 милиони денари, 41.400 американски долари, 2.700 евра, 1.100 швајцарски франци и 4.200 бугарски левови.

За време на контролата било констатирано дека и правно лице, чиј управител е Д.М. од Куманово, не поседува Решение за вршење на дејност од НБРСМ, ниту Лиценца за вршење на продажба и купување на ефективни странски и домашни пари, а во касата за дневен промет располагало со ефективни домашни и странски пари во голем износ, и тоа: 321.600 денари, 630 евра и 320 американски долари.

Во деловен објект – менувачница без регистрирано правно лице, во сопственост на М.А. од Куманово, е утврдено дека нема регистрирано правно лице во Централен регистар на РСМ, а не поседува ниту Лиценца ни Решение од НБРСМ за вршење на менувачко работење. Во моментот на контролата М.А. противправно поседувал домашни и странски валути во износ од 325 евра, 100 американски долари, 4.700 швајцарски франци, 34.500 денари, 4.800 српски динари.

На Градскиот плоштад во Куманово, затекнат бил М.С. од Куманово како врши менувачко работење спротивно од Законот за девизно работење и кај него се пронајдени 30.000 српски динари, 2.700 бугарски левови, 700 евра, 1.500 швајцарски франци, 162 американски долари и 65.300 денари.

- За констатираната состојба спротивно на чл.54 од Законот за девизно работење на РСМ кај овие правни и физички лица беше известен дежурен јавен обвинител од ОЈО Куманово и по целосно расчистување и документирање на случаите од страна на ОКП-ОЕК при СВР Куманово ќе биде изготвен соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Паника во град во Холандија- од понеделникот избегала отровна кобра, поставени се стапици

Во тек е потрага по отровна кобра во холандскиот град Лејлистад, која што во понеделникот побегнала од живеалиштеот, објави холандскиот NL Times.

Можно е животното се уште да е некаде во куќата, но сопственикот не успеал да ја најде.

Во градот се поставени стапици за змии, а кучињата трагачи го бараат отровното животно.

Општината ги советува луѓето од околината да ги затворат прозорците и вратите, да ги чуваат домашните миленици во затворени простории и да не ги пуштаат надвор без поводник.

„Шансата да бидете каснати не е голема, но доколку се случи, каснувањето може да предизвика болка, оток и симптоми на невролошки колапс“, велат од општината.

Кобрата (вид Aspidelaps scutatus) е долга околу 50 сантиметри и генерално избегнува конфронтации.

И покрај тоа, на граѓаните им е препорачано да не се обидуваат да ја фатат доколку ја видат.

Експерт за змии на некои места ќе ги испрска тротоарите, за да може да го види отпечатокот на змијата ако помине.

Во Холандија, сличен инцидент се случил во Тилбург, во ноември.

Тогаш отровната зелена мамба избегала, но неколку дена подоцна била пронајдена зад ѕид од гипс на поткровјето на куќата на сопственикот.

Нетанјаху е против едностраното признавање на Палестина, парламентот го поддржа

Парламентот на Израел денеска гласаше за поддршка на декларативната одлука на премиерот Бенјамин Нетанјаху со која се противи на едностраното формирање на палестинска држава.

Парламентот на Израел денеска гласаше за поддршка на декларативната одлука на премиерот Бенјамин Нетанјаху со која се противи на едностраното формирање на палестинска држава, по зголемените меѓународни апели за заживување на напорите за постигнување решение со две држави по деценискиот конфликт.

Партијата Ликуд на Нетанјаху соопшти дека 99 од 120 пратеници гласале за поддршка на одлуката, која е усвоена од владата претходно оваа недела.

Ставот на Израел е исто така дека секој траен договор со Палестинците мора да се постигне преку директни преговори меѓу страните, а не со меѓународни диктати.

Војната во Газа, која беснее по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври 2023 година, е последниот во серијата конфликти меѓу Израелците и Палестинците што трае седумдесет години и континуирано го дестабилизира Блискиот Исток.

Напорите за постигнување решение со две држави се во мирување од 2014 година. Американскиот претседател Џо Бајден, исто така, се обидува да постигне поширок договор на Блискиот Исток, кој исто така би вклучувал нормализација на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија и другите арапски држави , како и формирање на палестинска држава.

Јакимовски: На Македонија ѝ треба квалитетен претседател

Вечерва својата кандидатура за претседател ја објави и претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски…

Јакимовски во обраќањето пред членството рече дека на Македонија ѝ е потребен квалитетен претседател, со што ја најави својата кандидатура за претседателските избори.

притисни ентер