МВР: 97 лица не го почитувале полицискиот час

Според билтенот на Министерсвото за внатрешни работи во изминатите 24 часа полицискиот час не го почитувале 97 лица.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (8/9.04)по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава  97  лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 62 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници при извршените контроли кај лица во изолација и самоизолација, евидентирани се 2 (две) лица кои не ја почитувале мерката , стои во соопштението од МВР.

притисни ентер