Музичко - поетска вечер со Иван Босиљчиќ во Скопје

Иван Босиљчиќ, познатиот српски актер од помладата генерација денеска на Денот на жената, во Скопје ќе одржи музичко-поетски концерт.

Оваее прво гостување на српскиот актер во Македонија, кој на публиката и е познат по главните улоги во екранизираните дела на Мирјам, но и по настапите во мјузикли и во други телевизиски и филмски остварувања.

Босиљчиќ овој вид настап, кој го смета пред се како театарски чин, првпат го извел во 2009 година во Белград. Израз е на неговата љубов кон поезијата и музиката, покрај основната посветеност на театарот и актерството. Настапот во Скопје го доживува како големо задоволство и исполнување на желбата да се претстави пред македонската публика уште од неговиот настап на Охридско лето во 2005 година со претставата-мјузикл „Цигани лете у небо“.

Програмата ја сочинуваат стихови од домашни и странски поети и музички нумери од 60-те години до денес, композиции-евергрини.

- Мојата музичко-поетска вечер е конципирана така што комбинирам стихови со евергрини од нашите простори, со циганска музика од нашите простори, од Русија и од целиот свет и со мелодии кои ја одбележаа денешницата. Со еден збор тоа е мојот музичко-поетски вкус и избор. Ќе видите на каков неверојатен и побожен начин стиховите од Бодлер надоврзуваат на стиховите на руски цигани, како музиката на Тоше Проески се усогласува со стиховите на Арсен Дедиќ, како уметноста може да ги сруши сите географски и временски граници, рече Босиљчиќ на прес конференција.

Посочи дека овој настап му се случува во време кога интензивно работи на снимањето на нова ТВ-серија насловена „Ургентен центар“, покрај настапувањето во претставите од редовниот репертоар во матичниот театар „Позориште на Теразије“.

Концертот е со почеток во 20:30 часот во Универзална сала. /МИА

Генчов: Полека се претвораме во „Албано-Македонија“

„А гледам дека СДСМ не реагира на настанот и како сега ќе одат да се „гушкаат“ со Вучиќ?“

Политиката е сурова и бара од секого да фати страна. Ние сме од 1994 аспирант за ЕУ и членка за НАТО и ги поддржуваме западните вредности. Но, во обид да најдам пример за било која институција, Совет на ЕУ, Унијата, или различни апликации за членстви и не најдов ниту еден пример, во кој нашата земја гласала поразлично од Албанија и Косово. Такво нешто нема. Според мојата теорија полека се претвораме во „Албано-Македонија“ не во Северна Македонија. И да има елементи да се поддржи било која резолуција против злосторства против човештвото, секоја капка крв ја осудувам, но во политиката често се соочуваме со двојни стандарди. Меѓу нашите сограѓани доколу направите анкета, Србија и натаму е најсојузнички настроена и не може еден министер за надворешни работи тоа да го нема предвид. А гледам дека СДСМ не реагира на настанот и како сега ќе одат да се „гушкаат“ со Вучиќ, праша Александар Генчов во Само Вистина.

Ужас во Бразил: Најмалку 20 полураспаднати тела се најдени во чамец

Најмалку 20 тела во фаза на распаѓање се пронајдени во чамец во близина на брегот на североисточниот дел на Бразил, соопштија официјални лица.

Бродот бил пронајден во близина на брегот на Браганца, североисточно од Паро, на 13 април.

Оттогаш се покренати две истраги.

Официјални лица изјавија дека најмалку 20 тела биле пронајдени во чамецот, но поради распаѓањето на телата, не е познато колкумина загинале во чамецот.

Се претпоставува дека починатите не се од Бразил, туку најверојатно од Карибите, изјавиле истражувачите за CNN Brasil.

Локалните власти соопштија дека немало неодамнешни извештаи за исчезнати Бразилци.

Новинар е убиен во трговски во Колумбија, зашто пишувал за корупција- десет луѓе немо посматраа

Новинарот Хаиме Васкез (54) е убиен во неделата во североисточниот колумбиски град на границата со Венецуела, а се претпоставува дека причината поради која бил нападнат е тоа што главно пишувал и истражувал случаи поврзани со корупција.

Тој бил адвокат, новинар и активист познат по „разоткривањето на корупцијата“ во регионот, изјави колумбискиот претседател Густаво Петро на социјалната мрежа Х, поранешна Твитер.

Претседателот наредил „детална истрага“ за да се фатат сторителите на ова ужасно злосторство.

Доказите, во форма на видео снимки, објавени од колумбиските медиуми потврдуваат дека Хаиме Васкез бил убиен во неделата во продавница во Кукута пред најмалку десет сведоци.

Хаиме бил љубител на „истражување и истакнување во јавните дебати каде што даваше одговори на прашања за кои многу луѓе не сакаат да зборуваат“, рече Џонатан Мохика, пријател на Хаиме Васкез.

Новинарот правел емисии на социјалната мрежа Фејсбук во кои јавно зборувал за незаконитости во јавниот сектор и злоупотреба на овластувањата од страна на локалните власти.

„Постојано добиваше закани поради неговите откритија“, рече Мохика.

Колумбиската фондација за слобода на печатот го осуди убиството и повика на „брза и темелна истрага“.

„Работата на Хаиме Васкез, која откри неправилности во јавните договори и коруптивни практики, го направи многу познат“, соопшти Фондацијата.

Според нивните податоци, дури 163 новинари добиле закани во текот на 2023 година.

притисни ентер