Муртезани: Таравари имаше бел лист на маса за да напише колку општини сака да добие - Канал 5

Муртезани: Таравари имаше бел лист на маса за да напише колку општини сака да добие

„Тој не се тргна од Владата заради евроинтегративниот процес и наместо да даде придонес за што имаше можност“

Муртезани: Таравари имаше бел лист на маса за да напише колку општини сака да добие

Посмешно нешто не сум слушнал. На сите тие владини седници и на тие посебните не се сеќавам дека Tаравари присуствувал и дека имал нешто да каже за уставните измени. Таравари истрчуваше со изјави дека многу скоро ќе има уставни измени, а никој не кажа дека тие ќе се случат за 6 месеци. Јасно е како бел ден дека тој не се тргна од Владата заради евроинтегративниот процес и наместо да даде придонес за што имаше можност, тој одлучи да оди во прегратките на Али Ахмети.

Таравари имаше бел лист на маса за да напише колку општини сака да добие, но тој одлучи да оди сам на избори и повеќе сакаше да оди во прегратките на ДУИ. Допрва ќе видиме како неговото приклучување кон Европскиот фронт ќе влијае врз рејтингот, рече министерот за европски прашања Орхан Муртезани во „Само Интервју“.

Арсенал го договори трансферот на Ѓокереш

 Лондонски Арсенал се договори со Спортинг за трансферот на шведскиот голгетер Виктор Ѓокереш (27), за кого премиерлигашот ќе плати 73,5 милиони евра отштета, јавија денеска британските медиуми.

Арсенал го договори трансферот на Ѓокереш

Преговорите добија забрзан тек, откако спортскиот директор на Арсенал, Андреа Берта, пристигна во Лисабон кон крајот на минатата недела. Првичната понуда на англискиот клуб беше 70 милиони евра, но Спортинг ја одби.

Ѓокереш, кој минатата сезона постигна 54 голови во сите натпреварувања, има тригодишен договор со Спортинг и откупна клаузула од сто милиони евра. Сепак, португалскиот клуб ја намали цената, а медиумите тврдат дека шведскиот репрезентативец веќе се договорил со Арсенал околу неговата годишна плата.

Ѓокереш дојде во клубот од Лисабон во летото 2023 година од англискиот второлигаш Ковентри во трансфер вреден 24 милиони евра и за две сезони во дресот на Спортинг постигна 97 голови и додаде 28 асистенции.

Проја со блитва

Блитвата ѝ дава на пројата не само убав вкус, туку и прекрасен изглед.

Проја со блитва

Состојки:

4 јајца

100 грама крем сирење

150 мл масло

150 мл млеко

150 мл минерална вода

1 чаша (200 мл) пченкарно брашно

1 чаша бело брашно

1 чаша пченкарен гриз (пaлента)

1 прашок за пециво

сол

300-400 грама бланширана блитва

150 грама рендано сирење

Подготовка:

Изблендирајте ги јајцата со крем сирењето со миксер, додадете го маслото, млекото и минералната вода и на крај сувите состојки и солта. Соединете сè, потоа додадете ги блитвата и сирењето и измешајте. Истурете ја смесата во плех за печење со димензии 20x30 см обложен со хартија за печење. Печете на 180° 30-40 минути додека пројата не ја добие бојата како на сликата. Исечете ја малку изладената проја во посакуваните форми и консумирајте ја. Чаша млеко или јогурт ќе биде убава со оваа проја..

Сервирање:

Лесен ручек или вечера без месо. Пројата е подеднакво вкусна топла или ладна. Значи, можеме да ја носиме на работа или на патување.

Наместо крем сирење, можете да користите урда, а наместо блитва, спанаќ.

Голем пожар синоќа зафати неколку куќи во скопско Злокуќани

Голем пожар се случи синоќа во Злокуќани во општина Карпош, на улицата „Скупи“, при што беа зафатени неколку куќи.

Голем пожар синоќа зафати неколку куќи во скопско Злокуќани

Нема сериозно повредени во пожарот, освен неколкумина кои вдишиле чад.

На местото на опожарените домови е Здравко Димитров.

Здравко повели со информациите колку куќи беа зафатени од пожарот ?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

притисни ентер