Муцунски удри по Левица: Децата на Шарената револуција обединети се во уништување на Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ даде свој коментар за вчерашниот театар во Собранието од пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов. 

Според Муцунски „Шарените револуционери се обединети во намерата за уништување на Македонија“.

Секаде важи правилото дека револуцијата ги јаде своите деца, но децата на Шарената сѐ уште се обединети во намерата за уништување на Македонија, пишува Муцунски.

Муцунски вели дека криминалите на власта не се решаваат со договорени драма и тој потсетува дека собранискиот инвентар е платен од граѓаните.

Криминалите на власта не се спречуваат со договорени драми и гнев кон собранискиот инвентар платен од граѓаните. Промената на власта наскоро доаѓа, а таа е можна само со обединување околу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како единствена опозиција во Македонија, која има план и стратегија како да ја изведе државата на вистинскиот пат, заклучува Муцунски.

Нимиц: Луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат договорите, не можеме да живееме во светот

Луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат договорите, не можеме да живееме во светот на фантазијата.

Во Атина почна дводневна меѓународна конференција по повод шест годишнината од Договорот од Преспа, со кој земјава го смени уставното име во Северна Македонија, и така се реши долгогодишниот спор меѓу двете земји.

Конферецнијата е организирана од институтот Алексис Ципрас и фондацијата Зоран Заев, а присутни се актуелни и поранашни политичари и дипломати.

-До компромис е тешко да се дојде, но кога ќе дојдете до компромис, лесно е на другите луѓе од двете страни да кажат „ако бев јас таму ќе завршев подобра работа“ или „овој компромис повеќе и служи на другата страна“. Живееме во опасен период, живееме во реалниот свет, и во реалниот свет имаме договори, па луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат тие договори. Не можеме да живееме во светот на фантазијата, не можеме да живееме во виртуелен свет, изјави Нимиц.

На Судан му се заканува најголемата глад во светот во последните 40 години

Хуманитарниот апел на Обединетите нации за земјата доби само 16 отсто од средствата кои и се потребни.

Судан се соочува со глад којa би можелa да биде најголема по таа која светот ја видел во Етиопија пред 40 години, предупредуваат американски официјални претставници, додека испораките на помош и натаму ги блокираат завојуваните армии, но снабдувањето со оружје за двете страни продолжува да се одвива.

Хуманитарниот апел на Обединетите нации за земјата доби само 16 отсто од средствата кои и се потребни.

„Потребно ни е светот да се разбуди за катастрофата што се случува пред нашите очи“, изјави за новинарите Линда Томас-Гринфилд, амбасадор на САД во ОН, пишува „Гардијан“.

Орбан разговараше со Мелони и Моравјецки во пресрет на состанокот на лидерите на ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска се сретна со италијанската премиерка Џорџа Мелони, со која разговараше за резултатите од изборите за Европскиот парламент, соопшти портпаролот на Орбан, Берталан Хаваши.

Хаваши рече дека Орбан и Мелони разговарале и за прашањата кои се однесуваат на европската десница и за задачите кои се пред Европскиот совет, кој ги собира лидерите на ЕУ, како и за претстојното претседавање на Унгарија со Советот на ЕУ, пренесува МТИ.

„Орбан во Брисел разговараше и со поранешниот премиер на Полска, Матеуш Моравјецки за обединување на европската десница“, додаде Хаваши.

притисни ентер