МПЦ: Ставовите на српскиот патријарх Порфириј ги негира правата на Цариградската патријаршија

Новиот српски патријарх Порфириј во својот прв јавен настап директно ја посочил Цариградската патријаршија како рушител на канонскиот и преданиски поредок на православната црква, велат извори од МПЦ-ОА.

Новиот српски патријарх Порфириј во својот прв јавен настап директно ја посочил Цариградската патријаршија како рушител на канонскиот и преданиски поредок на православната црква, велат извори од Македонската православна црква – Охридска архиепископија за МИА. Од таму додаваат дека изборот останува на СПЦ дали ќе остане надвор од решавање на спорот негирајќи ги правата на Цариградскиот престол или ќе даде амин. Реакцијата доаѓа откако српскиот патријарх Порфириј во интервју за РТС изнесе ставови дека нема да отстапува од утврдената надворешна политика на неговата црква во однос на конечното решавање на македонското црковно прашање.

„Новиот српски патријарх само го потврди тоа што се очекуваше, дека лично, како и досега како високопозициониран клирик на Српската патријаршија, а и отсега, како претстојател на тронот на српските патријарси, нема да отстапува од утврдената надворешна политика на неговата црква по однос на украинското црковно прашање, а со тоа и во однос на Вселенската патријаршија, како и по однос на конечното решавање на македонското црковно прашање,“ велат од МПЦ-ОА.

Од таму додаваат и дека ставот на патријархот г. г. Порфириј е доволен да биде опишано како скандал и како прв непотребен, аполитичен излет. Патријархот Порфириј пак не изостави да го спомне и Јован Вранишковски како решение и на Нишкиот договор од страна на српскиот патријарх, за кој што извори од МПЦ-ОА за МИА велат дека не е неочекувано тоа што г.г. Порфириј се обидел да каже дека во моментот СПЦ нашла решение за црковниот проблем со поставувањето и изборот на Јован за охридски архиепископ. Сметаат дека новиот српски патријарх не е подготвен „да го жртвува својот внатрешен кредибилитет, ако сакате и комфорт, за да постави една поинаква насока кон решавањето на отворените надворешни прашања во православието“.

-Во моментот нашата црвка по Нишкиот договор најде решение за охридски архиепископ да го постави Јован и така сите православни верници да имаат можност за учество во литургискиот живот. Но, таа тема останува отворена и верувам дека нашиот Собор секогаш ќе биде подготвен да дојде до решение кое што ќе биде во склад со каноните, без никакви политички притисоци кои уште од самиот почеток на расколот, а и ден денес за тоа прашање ги има,-Патријарх Порфириј.

На ова извори од МПЦ-ОА велат, дека за статусот на МПЦ конечно решение ќе предложи Цариград, а тоа решение веројатно нема да е по волјата на СПЦ. Во однос на тоа дека СПЦ во решавањето на црковниот спор се повикува на црковните канони, а на црковните канони се повикуваме и ние и за тоа каде е вистината, од МПЦ-ОА наведуваат дека Српската црква треба да погледне во својата црковна историја и на фактот како таа ја доби својата автокефалија, па тогаш да каже дали постапката на Цариград и во однос на Украина, а и во однос на МПЦ, е канонска. Од анализата на изјавата на српскиот патријарх кога вели дека ова е моментално решение, зашто вели „во моментот", со што е очигледно признанието дека и ова не е ни вистинското решение и дека спорот не е решен и второ – вели дека СПЦ го избрала и поставила за архиепископ Јован, со што се потврдува константната тенденција на СПЦ во однос на МПЦ, а тоа е намерата тука да не постои автокефална црква. Секако, прво тоа не е во согласност со веќе донесената одлука на Саборот на СПЦ и констатацијата дека „епархиите во Македонија се одвоиле во засебна црква со свој устав и одредбите на уставот на СПЦ не важат за таа територија", а второ е продолжение на опстојувањето на големосрпската црковна политика, нагласуваат за МИА извори од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Поради технички проблем граѓаните плаќаат по неколку пати за едно возење со ЈСП

За едно возење со автобус, преку мобилен телефон им било наплатено повеќе од 100 денари. Проблемот со валидаторите за наплата во автобусите на ЈСП, ги збуни граѓаните во Скопје.

-Дел од граѓаните се жалат дека не можат да платат карта во автобус со мобилен телефон. На некои од нив, ни по еден ден не им стигнала смс-пораката

До редакцијата на Канал 5 пристигнаа фотографии на граѓани, кои покажуваат како им стигнале неколку пораки за платен билет, едноподруго, иако одамна ги искористиле услугите на јавниот превоз.

Некои од луѓето кои ги анкетиравме велат дека немале никаков проблем при наплата на билет, додека пак останатите со соочиле со ваква ситуација. Од страв да не бидат фатени од контрола на ЈСП, морале да слезат неколку постојки порано.

Од ЈСП во текот на вчерашниот ден најавија дека можни се технички проблеми поради надградба на системот. Апелираа до корисниците на јавниот превоз – да го пријават случајот на мејлот аскопска@јсп.ком.мк. Ги запрашавме: колку лица досега пријавиле дека имале проблем со плаќањето.

Од Јавното сообраќајно претпријатие уверуваат дека во иднина нема да има никакво проблеми со валидаторите, и граѓаните без проблем ќе можат да ги користат.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

притисни ентер