Може ли и како да се сузбие корупцијата? Како до ЕУ? ...дел од темите - Канал 5

Може ли и како да се сузбие корупцијата? Како до ЕУ? ...дел од темите

„Само Вистина” со Весна Бендевска и Бајрам Реџепи

Може ли и како да се сузбие корупцијата? Како до ЕУ? ...дел од темите

Весна Бендевска:

- Државата за да се врати на вистинскиот пат мора да го претрпи процесот на „дедуизација“, мислам за врхушката на ДУИ и потребата тие да се реформираат.

- Многу високи еминентни претставници од ДУИ се веќе на црната листа на САД.

- Владата има реформска агенда, реформите се долги, макотрпни, но успешни, ДУИ не е дел од тој план.

Бајрам Реџепи:

- Целото потесно раководство на ДУИ е реформирано, видете денеска кои се претседатели на ограноци, и тоа зависи од самото членство на партијата.

- Денеска имаме во Владата церемонија за спортистите, од 22 спортисти што земаа доживотни пензии, немаше ниту еден Албанец.

- Најлесен начин е да се намали корупцијата е да влеземе во ЕУ.

YouTube video

YouTube video

Трамп нема да разговара со Лула откако Бразил се закани со реципрочни царини

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека нема да разговара со својот бразилски колега Луиз Инасио Лула да Силва, кој им се закани на САД со реципрочни царини од 50 проценти.

Трамп нема да разговара со Лула откако Бразил се закани со реципрочни царини

-Можеби ќе разговарам со него во одреден момент. Во моментов не разговараме, рече Трамп, повторно критикувајќи ја судската постапка против поранешниот десничарски претседател Жаир Болсонаро.

Лула во интервју за телевизијата „Рекорд“ рече дека „прво ќе се обидеме да преговараме, но ако нема преговори, ќе се примени законот за реципроцитет.“

Бразилската влада предвиде дека царините ќе имаат мало влијание врз економскиот раст оваа година, кој очекува да достигне 2,5 проценти, бидејќи само некои специфични производствени сектори ќе бидат силно погодени.

САД се главен увозник на бразилска нафта, производи од челик, пулпа, кафе, сок од портокал и говедско месо, за кои бразилската Влада вели дека може да најде нови купувачи.

„Со оглед на ова сценарио, влијанието на царините има тенденција да биде од мало значење за растот во 2025 година, иако некои производствени сектори би можеле да бидат особено погодени“, се наведува во извештајот на бразилското Министерство за финансии.

Британските медиуми наведуваат дека тоа се однесува најмногу на воздухопловната индустрија, каде што САД учествуваат со голем дел од приходите на производителот на авиони „Ембраер“, и машините за производство на енергија.

Бразилскиот министер за економска политика, Гилермо Мело, изјави дека дури и да се почувствуваат некои ефекти, тие нема да бидат толку релевантни како порано, додавајќи дека Бразил успеал да ги диверзифицира своите трговски партнери во последните две децении.

Околу 12 проценти од извозот на Бразил оди во САД, додека Кина, главниот трговски партнер, учествува со околу 28 проценти. Кабинетот на Лула претходно објави дека бразилската Влада ќе формира работна група која ќе одлучи како да одговори на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе данок од 50 проценти на увозот на бразилска стока од 1 август, пренесуваат британските медиуми.

Трамп оваа одлука ја изнесе во писмо објавено на социјалната мрежа „Truth Social“ испратено до бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, во кое се наведува дека новата тарифа ќе биде воведена „независно од постојните секторски тарифи“.

Во истата порака, американскиот претседател ја изрази својата поддршка за поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, нагласувајќи дека начинот на кој Бразил се однесува кон него е „меѓународен срам“, додавајќи дека таканаречениот „лов на вештерки треба веднаш да престане“.

Европскиот шампион со најголема зароботка на Светското клупско првенство

Финалистите на Светското клупско првенство ПСЖ и Челзи се екипите кои најмногу заработија од ова натпреварување. Приближно нивната заработка е 100 милиони евра, а победникот ќе има и повеќе сметајќи го и бонусот за постигнатите резултати. 

Европскиот шампион со најголема зароботка на Светското клупско првенство

Европскиот првак ПСЖ има загарантирани 97,4 милиони евра, а финалистот Челзи 95,4. Во случај на триумф на лондонскиот клуб ќе има уште 10 милиони евра.

Реал Мадрид кој беше полуфиналист има заработка од 74,6 милиони евра, додека вториот полуфиналист дека доаѓа од зона со понизок рејтинг (јужноамериканската) и освои 54,5 милиони евра.

На листата на заработки потоа следуваат: Баерн - 52,3; Манчестер Сити 46,3; Борусија Дортмунд 46,2; Палмеирас 36,1; Интер 32,9 и Ал Хилал 31,1 милиони евра. /МИА

Откриена комета - три милијарди години постара од Сончевиот Систем

Мистериозно меѓуѕвездено летечко тело е откриено од научниците од Универзитетот Оксфорд минатата недела, и веројатно се работи за комета што е три милијарди години постара од нашиот Сончев Систем.

Откриена комета - три милијарди години постара од Сончевиот Систем

Ова би можело да биде најстарата комета некогаш забележана, проценуваат астрономите.

Кометата, научно именувана „3-И / Атлас“ (3I/Atlas), првпат е забележана на 1 јули од телескопот „Атлас“ во Чиле, кога беше оддалечена околу 670 милиони километри од Сонцето. Во мигов, телото може да се види само со помош на многу моќни телескопи и е речиси исто толку далеку од Земјата колку и Јупитер, според првичните наоди претставени денеска на националниот состанок на Кралското астрономско друштво на Велика Британија во Дархам. Ова е само трет вакв откриен објект со потекло вон нашиот планетарен систем.

YouTube video

- Сите сме многу возбудени за „3-И / Атлас“... Брзината на кометата посочува дека е стара повеќе од седум милијарди години и дека можеби е најзначајниот „меѓуѕвезден посетител“ досега, изјави астрономот Метју Хопкинс.

Научниците веруваат дека, бидејќи „3-И / Атлас“ веројатно се обликувал околу постара ѕвезда, таа комета е составена од голема количина воден мраз. Ова значи дека како што се приближува кон Сонцето подоцна оваа година, топлината од нашата ѕвезда ќе ја загрее површината на телото, па така би можело да се создаде и карактеристичната светлечка опашка зад него.

притисни ентер