Мотокаст

Секоја среда на К5 телевизија во  23:30  часот, МОТОКАСТ!

„Мотокаст“ е поткаст емисија посветена на моторџиите - модерните витези или погрешно разбраните бунтовници. Емисија која го промовира мото светот и мото културата. Емисија која што се стреми да придонесе кон развој и креирање на еден модерен и безбеден мото свет. Емисија за моторџиството како начин на живот, братство, слобода, страст...

Гледајте „Мотокаст“ секоја среда на Канал 5 во 21.30ч на Youtube на каналот и на Канал 5 телевизија во 23:30 часот.

Лоусон ги сподели своите очекувања за новата сезона во Формула 1

Новиот возач на Ред Бул, Лиам Лоусон, зборуваше за претстојната сезона во Формула 1.

- Никогаш досега не сум имал вакво нешто. Ова обично се случуваше на средината или кон крајот на сезоната. Да бидам искрен, беше тешко. Би сакал да се подготвам соодветно за сезоната, како и сите други, па се надевам дека ќе ја имаме таа можност. Колку повеќе трки правам, толку повеќе учам за тоа што ми се допаѓа во болидот. Ова е нешто што ќе го научите со текот на времето. Како стекнувате искуство ќе сфатите дека има одредени работи кои ви се допаѓаат поинаку, изјави Лосон за „RacingNews365“.

Новозеланѓанецот прв пат доби место во Формула 1 во РБ пред две години. Почнувајќи од етапата во Холандија, тој го замени Даниел Рикиардо, кој ја скрши раката и веќе на својата трета трка освои поени.

Севкупно, Лоусон се натпреваруваше на 11 трки за РБ во сезоните 2023 и 2024.

Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции

Поради снегот и појавата на голомразица, од 11 јануари до вчера, скопската Итна медицинска помош имала вкупно 254 интервенции.

Доктор Рихад Реџепи, шеф на смена во скопската Итна медицинска помош, за МИА изјави дека во овие 254 интервенции имало и сообраќајки, повредени граѓани кои паднале лизнувајќи се по мразот, лица во алкохолизирана состојба кои се здобиле со повреди, но и некои кои завршиле со повреда во тепачка.

- Евидентирани се шест интервенции поради паѓање на снегот, луѓе повредиле нога, глава ... Да не се излегува без потреба, ова важи особено за децата и повозрасните. Секогаш да се почитуваат советите од АМСМ. Да се вози внимателно, да се носи зимска опрема, да не се надминува дозволената брзина со возилото, апелира доктор Реџепи.

Утре без струја дел од општина Ѓорче Петров

 Без електрична енергија утре ќе биде дел од општина Ѓорче Петров, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.

Корисниците од улицата „Црногорска“ бр.55, 57, 59, 16 во Ѓорче Петров, без струја ќе бидат утре во периодот од 9.00 до 15.00 часот.

притисни ентер