МОТ и „Finance Think": За едно понудено работно место има до 47 невработени лица

Истражувањето покажува дека и обуките понудени од образовниот систем не соодвествуваат со потребите на компаниите. 

На пазарот на труд има недостиг на квалификувана работна сила, драстично поголема понуда од побарувачката за одредени занимања и дефицит на работна сила со средни вештини, покажува истражувањето на Меѓународната организација на трудот и „Finance Think" спроведено во девет општини во земјава и тоа во Битола, Кичево, Куманово, Ресен, Свети Николе, Струга, Струмица, Тетово и Штип.

Разликите меѓу општините се евидентни. Така, за едно понудено работно место има дури до 47 невработени лица како што се случајот во Тетово, а во Куманово речиси 12 невработени лица. Во останатите општини кои се предмет на истражувањето, тој број е значително помал.

– Од аспект на занимање, суфицитарните јазови на поголема понуда од побарувачка за работна сила се појавуваат кај занимањата со високи вештини, особено изразени кај правните и општествените струки, и во областа на образование и култура. Но, исто така, и кај лицата без занимање со основно образование и оние со гимназиско средно образование. Додека, кај занимањата со средни и ниски вештини доминираат дефицитарни јазови, со недостиг од работници со средно образование, за различни занимања. Иако, во споредба со високите вештини, кај средните и ниските вештини, јазови од според образование се позастапени. Тоа упатува дека занимањата се соодветни, но потребна е докфалификација, наведуваат од „Finance Think".

Истражувањето покажува дека и обуките понудени од образовниот систем не соодвествуваат со потребите на компаниите. Како што се оценува во истражувањето, иницијативите за поврзување на стручните училишта и бизнис секторот и интензивирањето на инвестициите во средните стручни училишта се во насока за ублажување на овој проблем, но, на среден рок, потребно е преосмислување на програмите и на вештините што ги нуди стекнатата диплома во согласност со потребите на пазарот на труд.

Се препорачуваат и мерки што ќе ја подобрат квалификацијата, преку доквалификација и преквалификација на невработените лица без занимање и гимназиско образование.

Дијагностиките на локалните пазари на трудот се изработени за потребите на локалните економско-социјални совети, со цел да понудат подобри и поинформирани препораки при дефинирањето на политиките и плановите за образовните приоритети и за пазарот на трудот на локално ниво.

Меган Фокс покажа како изгледа без шминка (ФОТО)

Меган Фокс објави фотографија на Инстаграм на која позира без шминка.

Нејзината објава за еден ден им се допадна на повеќе од милион луѓе.

„Многу си поубава без шминка“, „Прво мислев дека ова е Ким Кардашијан“, „Некои изгледаат исто со и без шминка. Меган е една од нив“, „Одлична фотографија“, „Треба да си без шминка почесто“, ѝ пишувале луѓето во коментарите.

Инаку, Меган неодамна ја промени фризурата. Откако извесен период се појавуваше во јавноста со розова коса со средна должина, сега има екстензии во тиркизна боја.

На следбениците им се допадна нејзината промена. „Одам на фризер со твојата слика“, „Секоја фризура ти стои убаво“, „Косата ти прилега со очите“, „Сега морам да ја фарбам и косата“, ѝ рекле.

Инаку, 37-годишната актерка многумина ја сметаат за една од најубавите жени на светот.

Ограбена менувачница во Чаир, крадците го одзеле сефот со пари

Неколку лица со употреба на сила и погоден предмет вчера влегле во менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.

Како што соопшти МВР, кражбата вчера во СВР Скопје во 10:15 часот ја пријавил сопственикот на менувачницата, М.Д.(42) од Скопје, а се случила околу 04.20 часот.

По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Митрески: Продолжуваме со раст на платите, просечна плата 1.100 евра, минимална плата 600 евра

„На овие избори одлучуваме дали Македонија ќе продолжи по реформскиот пат, патот кон Европската унија кој носи позитивни системски промени или ќе се вратиме назад, кон изолација и заробена држава. “

„На овие избори одлучуваме дали Македонија ќе продолжи по реформскиот пат, патот кон Европската унија кој носи позитивни системски промени или ќе се вратиме назад, кон изолација и заробена држава. Полноправното членство во Европската унија е нашата единствена опција“, порача денеска Јован Митрески, носител во петтата Изборна единица, на Коалицијата за европска Македонија, на почетокот на кампањата за парламентарните избори.

Тој нагласи дека Коалицијата предводена од СДСМ е одлучна да направи темелни реформи, а тоа е можно само ако ги почнеме преговорите со Европската унија.

„За СДСМ секогаш приоритет се граѓаните. Затоа, и во наредниот период продолжуваме со континуиран раст на платите. Просечната плата ќе достигне 1.100 евра, со влезот во Европската унија ќе достигне 1.300 евра. Минимална плата од 600 евра, со влезот во ЕУ 800 евра. Обезбедуваме поддршка од 180 милиони евра директна финансиска поддршка на бизнисите, 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции“, нагласи Митрески и додаде дека фокусот ќе биде во изградба на одржлива, иновативна и конкурентна економија.

Тој, заедно со кандидатите во петтата Изборна единица ги повика граѓаните одлучно да се спротивстават на сите што сакаат да нѐ вратат во минатото и да дадат поддршка за Планот за европска Македонија!, рече Јован Митрески, носител на ИЕ5.

притисни ентер