Москва ја обвини украинската армија за убиство на 14 лица во напад на болница

Русија ја обвини украинската армија дека гранатирала болница во регионот Луганск, во сепаратистичкиот исток на Украина, при што загинале 14, а биле повредени 24 лица.

Во сабота наутро, „украинските вооружени сили намерно гаѓаа локална болница со повеќецевни ракетни фрлачи Химарс“ во Новоајдар, Луганската област, се вели во соопштението на руската војска. На социјалните мрежи се споделува видео кое наводно прикажува уништена болница.

Во нападот „14 загинаа, а 24 се ранети меѓу пациентите и медицинскиот персонал“, се наведува во соопштението за медиумите.

Лекарите од таа болница „со месеци пружале медицинска помош на цивилното население и војниците“, според истиот извор.

„Намерниот напад на добро позната цивилна медицинска установа несомнено е сериозно воено злосторство од страна на режимот во Киев“, се додава во соопштението.

Извор: Индекс.хр

Велешкиот кајакар Кристијан Лазаров државен јуниорски првак

Воедно во категоријата  К-2 сениори  двосед  Кристијан Лазаров заедно со неговиот клупски колега искусниот и успешен кајакар Љубомир Спасиќ и негов тренер се пласирале на второто место  со сребрен медал и пехар.

Во поединечна конкуренција на Државното првенство во кајак на мирни води што викендов се одржа во Струга, Кристијан Лазаров член на ККК „Арка-Борец“ од Велес го освои првото место и златен медал и пехар и стана државен јуниорски првак во категоријата К-1 јуниори. За МИА, изјава дека е пресреќен за освоената титула државен јуниорски првак.

- Се чувствувам пресреќен за успехот. Секогаш кога победувам сум среќен и тоа многу ми значи како нова мотивација успешно да продолжам понатаму на домашните и меѓународни натпревари, потенцира 18 годишниот Лазаров.

Тој информира дека во К-2 во јуниори- двосед тој заедно со неговиот клупски колега Благој Гугинов го освоиле второто место и сребрен медал и пехар.

Воедно во категоријата К-2 сениори двосед Кристијан Лазаров заедно со неговиот клупски колега искусниот и успешен кајакар Љубомир Спасиќ и негов тренер се пласирале на второто место со сребрен медал и пехар.

Во Струга викендов се одржа Државното првенство на Македонија во кајак на мирни води на кој учество земаа шест клуба од Дебар, Струга, Охрид и Велес со над 60 натпреварувачи.

Кајак Кану Клуб „Арка-Борец“ од Велес екипно го освои второто место и сребрени пехари во јуниорска и сениорска категорија, Првото место во сениорска и јуниорска конкуренција го освои Кајак клубот „Дрим“, додека третото место го освои КК „Црн Дрим“ двата од Струга. /МИА

МНР утре ќе го повика бугарскиот амбасадор во земјава Желјаско Радуков за скандалот со знамето

МНР утре ќе го повика новоименуваниот бугарски амбасадор во земјава Желјаско Радуков за случајот со непланираното фотографирање на претседателите Сиљановска и Радев без македонско знаме во Софија. 

Од министерството и од Вила Водно за Канал 5 повтрдија дека процедурата по дипломатски пат е почната и се очекува Бугарија да ги разјасни дилемите дали станува збор за протоколарен превид или не, со оглед на тоа што во планот за нивната средба во рамки на неофицијалната посета не било предвидено да се фотографираат пред знамињата, но сепак тоа се случило на иницијатива на Радев.

Поранешниот амбасадор Васко Наумовски оценува дека неговиот потег бил со цел да се наштети на претседателката Сиљановска, што е спротивно на јавните заложби за подобрување на односите.

Во сенка на фотографиите кои предизвикаа низа реакции кај јавноста останаа пораките кои истиот ден бугарскиот државен врв ги упати на адреса на Македонија. И претседателот Радев и техничкиот премиер Главчев ги повторија веќе познатите позиции на Бугарија- дека очекуваат земјава да ги исполни преземените обврски од преговарачката рамка и потпишаните протоколи, и дека немаат намера воопшто да разговараат со властите во Скопје за поинакви решенија.

Наумовски вели дека Бугарија не може да ја префрла одговорноста на цела Европска Унија бидејќи тие се единствена држава која има услови за нас, тој очекува со добра волја и стабилна влада кај соседите може да се надминат разликите.

Бугарија на 27ми октомври ќе ги одржи седмите парламентарни избори во последните три години откако претходно ниту една партија не успеа да формира Влада, а според анкетите водечка партија засега е ГЕРБ на Бојко Борисов. Очекувањата на македонската влада се дека соседите ќе добијат стабилно политичко раководство со кое ќе можат во иднина да постигнат компромис за одложено дејство за уставните измени.

Продолжува реконструкцијата на десната страна на кејот на Вардар во Скопје

Продолжува втората фаза од проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на Вардар во Скопје

Град Скопје продолжува со втората фаза од проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на реката Вардар, која се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило, информираат од Градот.

-Во втората фаза се започнува со обнова на зелениот појас на кејот на реката Вардар на потегот од мостот Беласица до мост Генерал Михајло Апостолски, при што со овој проект се формира нов зелен појас со нова хидрантска мрежа на површина од 12.000 квадратни метри и должина од над 1.500 метри, велат од Градот.

Проектот во сите фази го изведува јавното претпријатие Паркови и зеленило Скопје.

притисни ентер