Морничаво: Египетска статуа стара 4 000 години „оживеала“ во музејска витрина!!! (ВИДЕО)

Статуата почнала самата да се врти, премногу полека за тоа да се забележи со голо око, но сосема видливо кога снимката од камерата ќе се пушти забрзано!

Во Манчестерскиот музеј може да се види египетска статуа стара 4 000 години. Тоа е статуата на Неб Сену, откриена во египетска гробница, за која се верува дека датира 1 800 години пред Христа.

Оваа статуа неодамна почнала да се движи во музејската витрина. Сосема полека, незабележливо за голо око. Но, еден кустос забележал дека таа ја сменила позицијата.

- Еден ден забележав дека статуата е свртена. Ми беше чудно бидејќи се наоѓа во затворена витрина од која клуч имам смао јас! Ја вратив во првобитната положба, но таа и следниот ден се сврте. Ставивме камери да ја снимиме, и иако со голо око вртењето не се забележува, на забрзаната снимка јасно се виде ротацијата - вели египтологот Кемпбел Прајс, кустос во музејот.

Старите Египјани покрај мумифицираните тела на покојниците, ставале статуи изработени според ликот на покојникот, верувајќи дека ако телото се уништи, душата може да ја користи статуата. Кустосите и експертите немаат никакво објаснување зошто статуата во овој музеј се врти! Погледнете ја снимката.




Преземено од : Telegraf.rs

Дафина Стојановска оствари средба со пензионерите

Носителката на листата од коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ 6 Дафина Стојановска во Гостивар оствари средба со пензионерите. 

Пензионерите воопшто не се задоволни од живеачката. Затоа ВМРО-ДПМНЕ, од топ проектите на нашата #платформа1198, ветува линеарно покачување од 5.000 денари во првата година за сите пензионери.

Нивната порака до нас политичарите е да го вратиме достоинството на државата.

Николоски: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе закон за забрана на увоз на тутун

Забрана на увоз на тутун, со цел да се откупи македонскиот по повисоки и пристојни цени.

Почитувани,

Денес сум тука со кандидати и идни пратеници во ова македонско Собрание, од овие две општини, општината Конче и Радовиш, сме во посета на капитални инфраструктурни проекти. Работата на градоначалникот покажува дека и во малите средини во Македонија може да се работи успешно и убаво доколку се има волја и доколку се работи чесно.

Градоначалникот прави работи кои што овдека со децении не биле правени. Би сакал да му честитам за таа работа.

Можам да кажам дека после изборите ќе има огромна поддршка за општина Конче со цел да се реализираат проектите кои што се од витално значење за сите оние кои што живеат овдека.

Тука е секако и поддршката на земјоделието каде што можеби и најбитната работа поврзана со земјоделието е тутунот кој што се одгледува најмногу во општина Конче.

Планираме да го донесеме законот за тутун кој што два пати го поднесувавме во Собранието, но досегашното мнозинство на СДСМ и ДУИ го блокираше. А, причината зошто го блокираше е затоа што имаа бизнис интереси.

Имено, со тој закон ќе се забрани увоз на тутун во Македонија со цел да целокупниот македонски тутун, македонското злато да се откупува по повисоки и пристојни цени, како би можеле сите земјоделци пристојно да живеат. Така што тоа е она наше основно ветување односно тутунот.

Секако тука се и зголемувањата на субвенциите, воведување на само три класи, а не како досега што има шест или седум класи зависно од откупувачите.

Во делот на земјоделието планираме возобновување на сите водоснабдителни системи како и изградба на нови и комплетно нов систем на субвенции кој што ќе го врати достоинството на македонскиот земјоделец. А, тука ќе работиме интензивно и на она што е желба на жителите и на Конче и на општина Радовиш а тоа е носење на една поголема странска инвестиција која што треба да отвори нови и добро платени работни места за жителите на целиот овој крај.

Ќе ми дозволите да искоментирам уште неколку работи, имено, ние во изминатиов период водевме интензивна кампања за претседателските избори а сега почнуваме и кампања за парламентарните избори, мислам дека е основно граѓаните да ја слушнат пораката дека масовна излезност е начинот на кој што ќе може да се спречи оваа влада на СДСМ и на ДУИ, двете политички партии да одат во опозиција и конечно да се удри во чело на криминалот и корупцијата во Македонија, да се воведе функционален систем на владеење на правото и Македонија економски да се развива.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во претседателската трка:

„Решив да ја прифатам поканата за заедничка дебата на националниот јавен сервис – Македонска радио телевизија, со оглед на тоа дека сите мои противкандидати ја прифатиле поканата да учествуваат во дебатата.

Дополнително, информирам дека останувам на претходно изнесениот став дека е потребно да се расветли случајот во кој имаше јавно изнесени индиции дека јавниот сервис бил користен за изработка на лажни анкети и дебати за рејтингот на политичките партии и кандидатите за претседатели, а со тоа и фабрикување на јавното мислење.

Останувајќи доследен на принципот на транспарентноста за мојата работа и како претседател и како кандидат за претседател во тековната кампања, ја информирам јавноста за овие прашања за кои имаше интерес изминатите денови“ изјави Пендаровски.

притисни ентер