МОН: Преку политиките на стипендирање студенти обезбедуваме зголемена финансиска поддршка

Преку политиките на стипендирање студенти обезбедуваме зголемена финансиска поддршка и за младите од регионот со потекло од РМ.

Политиките за стипендирање кои ги спроведува Министерството за образование и наука (МОН) оваа година се ревидирани и значително унапредени во насока на обезбедување поголема поддршка од досегашната и тоа на што поголем број студенти. Воведени се низа нови типови на стипендии, а воедно зголемен е износот на речиси сите категории кои досега се доделуваа, вклучително и за студентите од регионот кои имаат потекло од Република Македонија и сакаат да студираат тука, соопшти МОН.

Оттаму посочуваат дека и годинава МОН обезбеди 50 стипендии за студенти со македонско потекло кои живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна Гора и Грција и тоа за додипломски студии на универзитетите „Св. Кирил и Методиј" и „Мајка Тереза" во Скопје, „Св. Климент Охридски" во Битола, „Гоце Делчев" во Штип и „Св. Апостол Павле" во Охрид.

Преку конкурсот кој беше објавен на почетокот на минатиот месец, кандидатите доставуваа пријави во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во државите во кои тие живеат. Износот на овие стипендии, како што наведуваат, годинава е зголемен за над 80 проценти, односно месечната стипендија од 3.300 денари се зголеми на 6.050 денари и продолжува да се исплаќа девет месеци во годината.

– Интензивирањето на соработката во сферата на образованието со македонските заедници од регионот е високо на агендата на МОН. Ова беше потенцирано и на последната средба на министерката за образование и наука Мила Царовска со претставниците на македонската заедница во Албанија, минатата година во декември, кога се дискутираше за важноста на блискиот контакт меѓу сонародниците, како и за програмите за соработка и за стипендирањето на младите кои живеат на територијата на нашиот западен сосед, а имаат македонско потекло и желба за студирање во РМ, нагласуваат од МОН.

Минатата академска година, потсетуваат, ваков тип на стипендии им беа доделени на 20 студенти од Албанија, кои се запишаа на некој од нашите државни универзитети.

– Дополнително, директна поддршка во форма на стипендии обезбедуваат и дел универзитетите. Па така, од 2015 година до сега, Универзитетот „Гоце Делчев" доделил 15 стипендии за магистерски студии на студенти со македонско потекло кои живеат во Албанија и согласно информациите од универзитетот овие можности за стипендирање ќе бидат достапни и во иднина, се вели во соопштението.

МОН, додаваат, ќе ги продолжи и ќе ги интензивира заложбите за отворање на државните универзитети за што повеќе студенти од регионот со потекло од РМ, овозможувајќи им уписи на сите три циклуси на студии.

Дебата на тема„Има помош за живот без насилство“ во организација на УНФПА

Веќе трета година по ред во Македонија се спроведува  проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Македонија“ под покровителство на министерството за труд и социјала, британската амбасада и УНФПА.

Во рамки на проектот досега функционира програмата за реинтеграција на жртви, моделот за шелтер-засолниште на жртви на семејно насилство, а се даваат и препораките за подобрување на услугите на сос линиите за помош на жртвите.

Продолжува ископувањето со багер на страната на куќата каде што исчезна 2- годишната Данка

Уште едно потресно видео од Бањско Поље денеска.

Заврши ископувањето на едната страна од куќата во која завчера исчезна малата Данка Илиќ (2).

Како што јави репортерот на Телеграф од местото на настанот, копањето со багер продолжило од другата страна на куќата.

Екипата на порталот Телеграф.рс и денеска е пред куќата на семејството Илиќ каде во вторникот околу 13.45 часот исчезна Данка Илиќ (2) и се уште се трага по неа. Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, а пред неа пристигнал багер.

Полицијата претходно отворале шахти околу куќата на семејството Илиќ.

Како што дознаваме, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.

Да потсетиме, Данка исчезнала во моментот кога нејзината мајка му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинесто сако, а косата и беше врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Алерт наречен „Најди ме“.

По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи на ГСС, како и бројни мештани. По 27 часа МУП го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поље.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

И денеска продолжуваат настаните поврзани со одбележувањето на четиригодишнината од членството на Македонија во НАТО.

Со одржување на информативен ден на НАТО програмата насловена „Наука за мир и безбедност“. Информативниот ден го отворија министерката за одбрана Петровска и шефот на одделот за управување и координација на алијансата Клаудио Палестини.

притисни ентер