МОН:Повик за доделување на финансиска поддршка за студенти за покривање на дел од трошоците

Министерството за образование и наука информира дека во тек е повик за доделување на еднократна финансиска поддршка на студентите за дел од партиципацијата во трошоците за студирање, за сместување во студентски дом, односно за приватно сместување.

Право да аплицираат за една од понудените опции имаат сите студенти чие образование се финансира од Буџетот, а се дел од семејни домаќинства со низок доход. Износот на еднократниот финансиски надомест изнесува до 6000 денари.

Аплицирањето се врши на два начини, електронски или непосредно во Министерството за образование и наука. Прв чекор во процесот на аплицирање е пријавување на кандидатите на платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, каде се одбира и начинот на кој ќе бидат доставени потребните документи и формулари (прикачени на посочената платформа).

Повеќе информации околу условите, критериумите, документите и роковите за аплицирање се наведени во Уредбата со законска сила усвоена за реализација на оваа мерка за поддршка студентите, која е објавена на следниот линк - http://mon.gov.mk/stored/document/Uredba_za_participacija.pdf.

Министерство за образование и наука

Бајден на самиот крај на мандатот воведе нови санкции против Русија

Денеска, во последните денови од мандатот на претседателот Џо Бајден, Соединетите Држави воведоа нови санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, насочени кон речиси 100 субјекти, вклучително и енергетскиот и банкарскиот сектор на Русија.

Американското Министерство за финансии, по новата извршна наредба, објави дека воведува нови санкции за клучните руски субјекти, само неколку дена пред Доналд Трамп повторно да влезе во Белата куќа.

Вашингтон, исто така, го спречи моделот на затајување санкции, идентификуван меѓу актерите во Русија и Кина и Керемет банка, финансиска институција со седиште во Киргистан која го координираше избегнувањето санкции меѓу руските официјални лица и американската банка.

„Нашата цел со овој потег е да им ставиме до знаење на финансиските институции, но и на компаниите, дека бизнисот со Русија што го поддржува нејзиниот воено-индустриски комплекс ги изложува на санкции“, рече функционерот, кој побарал да остане анонимен. Американскиот Стејт департмент, исто така, воведува санкции против повеќе од 150 субјекти и поединци.

Полицајците не можеле да поверуваат што извадија од витрина во супермаркет во Чикаго (ВИДЕО)

Неверојатна сцена е снимена во супермаркет Алди на северозападната страна на Чикаго, откако вработените забележале чудно суштество во фрижидерот за намирници.

На видеото кое кружи на интернет се гледаат полицајци кои пристигнале по пријавата со задача да го фатат „натрапникот“ и безбедно да го евакуираат.

Откако го „боцкал“ животното со рачка од џогер, полицаецот го фатил за опашот и почнал да го влече.

„Верував дека ќе извлечат ракунот. Не го очекував ова“, напишала една личност изненадена од епилогот.

Имено, полицаецот се нашол во друштво на див којот кој некако се нашол во урбана средина и решил да се сокрие во фрижидер.

Дивото животно е заробено и по испитувањето ќе биде пуштено назад во дивината. Во инцидентот нема повредени, јавува Метро.

Еден сведок изјавил дека видел којот како талка на паркингот пред продавницата, а експертите се согласуваат дека избрал „чудна локација за да се скрие“.

„Тие можат да направат грешка додека се обидуваат да ги избегнат луѓето. Сакаат да се сокријат од нас“.

Николоски во Будимпешта: Економскиот развој и евроинтеграциите остануваат врвни приоритети

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е во работна посета на Будимпешта каде денеска оствари средба со Балаш Орбан, политички директор на шефот на Владата на Унгарија како и со министерот за национална економија, Мартон Наѓ.

Фокус на средбите беа економските и политички односи меѓу двете земји со посебен акцент на економската подршка од Унгарија и зголемување на трговската соработка.

Вицепремиерот Николоски ги потенцираше економските реформи на Владата за обезбедување на забрзан економски раст како и борбата против корупцијата. Во своето обраќање, тој ги претстави приоритетите на Владата за развој на домашната економија, реализацијата на капиталните проекти кои се од исклучитечно значење за регионалниот развој и поврзаност како и политиките за привлекувањето на странски инвестиции.

На средбите се разговараше и за развој на транспортниот и енергетски сектор како и проектите од регионално значење што ќе го доближат регионот на Западен Балкан до Европската Унија.

Николоски ја изрази силната подготвеност на Владата за реализација и развој на еропските коридори како стартешки за раст на националните економии во земјите од регионот.

На средбите исто така беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји, притоа заменик претседателот Николоски потенцира дека Унгарија е силен подржувач на Македонија во остварување на своите стратешки цели на патот на евроинтеграциите.

" Имав одлични средби со моите колеги Балаш Орбан кој е голем пријател на Македонија и Мартон Наѓ, министерот за национална економија. Уште еднаш ги потврдивме одличните односи помеѓу двете Влади а исто така и меѓу двата народи. Разговараме за приоритетите во делот на економските процеси и евроинтеграциите и сметам дека подршката што ни ја овозможува Унгарија е огромна во нашиот развој. Продолжуваме да ги градиме нашите односи со пријателите, а Македонија да станува посилна и влијателна. Наша задача е да продолжиме да ги надградуваме овие односи, да ја продлабочуваме нашата соработка и да докажеме дека придобивките од ова партнерство ги чувствуваат сите наши граѓани. "- истакна по денешните средби вицепремиерот Николоски, соопштуваат од Министерството.

притисни ентер