МОН: Oд денес аплицирање за субвенциониран студентски оброк

Од денес започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, системско решение кое е дел од програмата за работа на Владата и на МОН.

Според Министерството за образование и наука, со него значително се унапредува студентскиот стандард преку доделување на финансиска поддршка во месечен износ од 2400 денари за 9 месеци во годината. Јавниот повик за оваа намена е објавен на страницата на МОН.

Министерството за образование и наука информира дека за субвенциониран студентски оброк можат да аплицираат сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои се државјани на Македонија. Притоа, апликантите треба да ги исполнуваат и следните услови:

-да не се во редовен работен однос;

-да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и

-да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

Аплицирањето за субвенциониран студентски оброк се врши исклучиво електронски, преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, каде пополнети и потпишани се прикачуваат и обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк. При аплицирањето, студентите задолжително да го погледнат и документот - Насоки за внесување на трансакциска сметка при пријавување за субвенциониран студентски оброк.

МОН по службена должност ги обезбедува сите останати докази за исполнетост на условите, а кои ги поседуваат МВР, АВРМ, УЈП и студентските служби на факултетите.

Рокот за пријавување за тековните студенти е од 1 до 31 август 2021 година. За кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2021/2022 година и кои не го запишале летниот семестар, рокот за пријавување е од 1 до 31 октомври 2021 година.

По истекувањето на роковите за пријавување, Министерството за образование и наука ќе го извести секој кандидат за статусот на пријавата по електронски пат, а средствата ќе им се префрлаат на трансакциските сметки на студентите чии апликации се прифатени, на почетокот на секој месец.

Финансиската поддршка во износ од 120 денари за секој работен ден во месецот, освен за државни, верски празници и неработни денови, не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 14 септември.

Според пресметките, финансиска поддршка се предвидува за околу 40.000 студенти кои ќе го користат ова права, за што, на годишно ниво се обезбедени околу 15 милиони евра. Студентите кои ќе го остварат правото, средствата ќе можат да ги користат за купување на добра и услуги кај сите трговци.

МОН обезбедува поддршка за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, преку Секторот за ученички и студентски стандард и тоа на следните контакти: 075 276 310 Ќенан Сали ([email protected]), 076 485 023 Џемиле Ламалари ([email protected]) или 070 622 853 Неше Мустафа ([email protected]) или преку наменската канцеларија на приземјето во зградата на министерството.

Министерство за образование и наука

Поради одбивање маски и тестирање во Австрија се отпуштени 25 наставници

Во Австрија, од почетокот на пандемијата, се отпуштени 25 наставници бидејќи не ги почитувале мерките за корона вирусот.

Тие не сакале да носат маски, или да бидат тестирани, односно одбивале да ги надгледуваат учениците за време на тестирањето.

Најголем број откази имало во Долна Австрија, каде биле отпуштени осум наставника.

Во Виена, пет наставници биле отпуштени, исто колку и во малата провинција Форарлберг.

Во Горна Австрија, биле отпуштени тројца наставници затоа што не сакале да носат маска за време на часовите.

Во Штаерска, Салцбург и Корушка, отпуштен е по еден наставник, од кои еден одлучил да се обрати на суд.

Само во Бургенланд и Тирол нема отпуштања на наставници поради непочитување на мерките.

Сепак, тоа не значи дека нема отпор против мерките за корона во училиштата.

Заканата за суспензија во Тирол делувала, иако неколку наставници одлучиле да заминат на неплатен одмор.

Скандал: Советничка го јава градоначалникот на Бања Лука во неговиот кабинет (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа како девојка во канцеларија седи на грбот на градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, додека тој ја учи како да јава коњ.

Според блогот на Слободан Васковиќ, станува збор за Олга Бабиќ, вработена во Градската управа, за која се вели дека е негова десна рака, пренесува Кликс.ба.

„Го исправаш грбот и ми ги земаш јаките, како да се узди од коњ ...“, вели Станивуковиќ, додека девојката што седи на грбот вика „иха“. Потоа и дава инструкции како да управува со коњот, која нога, каде и како да удри, симулирајќи јавање. После тоа, девојката паѓа во прегратките на градоначалникот.

„Каков коњ си ...“, вели девојката и двајцата се смеат.

Медиумите во БиХ ја објавуваат веста за снимката, нарекувајќи ја скандалозна.

Израелскиот премиер за нуклеарната програма на Иран: Ги преминаа сите црвени линии

Премиерот на Израел, Нафтали Бенет изјави денеска дека, што се однесува до „нуклеарната програма“, Иран во голема мера ја минал недозволената граница и рече дека Израел нема да дозволи Техеран да поседува нуклеарно оружје.

Во својот прв говор пред Генералното собрание на ОН, Бенет рече дека Иран се обидува да добие доминација на Блискиот Исток под „нуклеарен чадор“ и повика на посилни меѓународни напори за запирање на иранските нуклеарни активности.

"Иранската нуклеарна програма е на крстопат. Сите црвени линии се преминати, инспекциите се игнорирани. И сето тоа минува низ нив", рече Бенет, кој во јуни оваа година стави крај на 12-годишното владеење на Бенјамин Нетанјаху како премиер.

Тој, исто така, стави до знаење дека Израел исто така може да дејствува еднострано против Иран.

"Иранската нуклеарна програма е во пресвртница, како и нашето трпение. Зборовите не можат да го запрат вртењето на нуклеарните центрифуги", рече Бенет.

Особено, тој побара американскиот претседател Џо Бајден да заземе построг став кон исламскиот режим во Техеран.

Бенет се противи на напорите на новата американска администрација насочени кон враќање во рамката на меѓународниот нуклеарен договор меѓу големите сили и Иран од 2015 година.

Под раководство на Доналд Трамп, САД се повлекоа од договорот во 2018 година.

притисни ентер