МОН го одобри букварот на албански јазик, заеднички со Албанија и Косово

Првачињата Албанци во Македонија ќе учат од ист буквар како и нивните врсници од Косово и Албанија - веста за употребата на таканаречениот унифициран буквар на социјалните мрежи ја објави министерот за образование Јетон Шаќири... 

Првачињата во Македонија од албанска националност од оваа школска година ќе почнат да учат од буквар кој што е напишан за првачињата во Албанија, а се користи и во Косово... Дека албанскиот буквар е прифатен на фејсбук страната инфомрираше министерот за образование Јетон Шаќири, притоа објавувајќи и фотографија од средба со првиот вицепрмеиер Артан Груби, на која двајцата го разгледуваат учебникот.

-Посебно задоволство ми е денеска да ја споделам со вас информацијата за давање согласност за употреба на Буквар за ученици од прво одделение на албански наставен јазик во учебната 2022-2023 година.

Министерството за образование и наука даде согласност за користење на материјалот составен од авторите Мимоза Ѓокутај, Саранда Кумнова, Насер Забели и Тереза Бабасули, кој што е посветен на првачињата запишани каде што наставниот јазик е албански. – обајви Шакири.

Со ова се разлизираше идејата, која не е нова, но се актулеизираше пред две недели откако албанскиот прмеиер Еди Рама на стартот на школската година, најави дека имаат начелeн договор со македонската Влада, за употреба на учебникот и во земјава.. На тој настан присуствуваше, говореше, и потпиша документ и министерот Јетон Шакири..

Што содржи учебникот, детали нема... Сепак, социолозите велат дека во овој случај на површина излегува бинационалноста на земјава, и оценуваат дека ваквиот потег ќе доведе само до дополнителни поделби и разлики во општеството.

Јас не знам дали постои пракса некаде во светот да вие учите од учебник од друга држава. Кога тој ученик би бил усогласен на едно државно ниво тоа е една ситуација, а тоа вие да го преземете како учебник од Албанија е голема провокација. Може да се толкува на повеќе начини, дека ние веќе сме длабоко навлезени во некаква бинационалност, билингвалност и мислам дека тоа во голема мера ќе ги поремети и така тие во еден дел пореметени односи помеѓу Македонците и Албанците во Македонија.

Договорот за т.н. унифициран буквар првично беше потпишан во декември минатата година во Приштина, на заедничка седница на владите Албанија и Косово.. Освен во Македонија, Рама најави дека за негова употреба разговараат и со Црна Гора и со Србија.

Романија се налути поради ветото за Шенген: Го повикаа австрискиот амбасадор на консултации

Романија одлучи да го покани својот амбасадор во Австрија на консултации еден ден откако Австрија го блокираше нејзиниот влез во Шенген.

Дипломатот Емил Хурезеану е поканет на консултации во Букурешт, соопшти МНР.

„Ова е политички гест со кој го нагласуваме големото неодобрување на Романија за постапките на Австрија и со кој навестуваме дека ќе го намалиме нивото на односите со таа земја“, се наведува во соопштението.

Премиерот Николае Чиука рече дека е длабоко разочаран од одлуката на Австрија да го блокира влезот на неговата земја во најголемата зона на слободно движење во која неговата земја се обидува да влезе речиси единаесет години.

Затоа, синоќа романското Министерство за надворешни работи го повика австрискиот амбасадор во Букурешт да го изразат својот протест против неоправданата и непријателска позиција.

По повеќе од десет години во чекалната, Романија, земја со 19 милиони жители која се приклучи на ЕУ во 2007 година, имаше големи очекувања да биде интегрирана во Шенген зоната, каде што повеќе од 400 милиони луѓе можат слободно да патуваат, без контрола на внатрешните граници..

Европската комисија одамна изрази желба за проширување на Шенген зоната, но зелено светло вчера доби само Хрватска, додека Романија и Бугарија беа одбиени.

Австрија се спротивстави со оценката дека двете земји не прават доволно за да ја запрат илегалната миграција преку „западнобалканската рута“ и стравува дека приливот уште повеќе ќе се зголеми доколку влезат во Шенген.

Романскиот министер за внатрешни работи Лусијан Боде ја потсети Австрија дека бранот мигранти не минува низ Романија туку најмногу преку Србија. Западнобалканската рута се состои од Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина.

Поради одлуката на Виена, имаше повици за бојкот на Австрија, особено од министерот за туризам, кој ги повика сонародниците да не одат на скијање во Австрија, туку да изберат други дестинации, како Франција.

Австрија е втор по големина инвеститор во Романија, посочуваат од МНР. Многу јавни претпријатија имаат сметки во австриски банки, а во земјата се присутни и големи австриски компании како OMV и HS Timber Group за преработка на дрво.

Јужна Кореја ќе ги подмлади своите граѓани за една или две години

Јужна Кореја штотуку усвои закон со кој се отфрла традиционалниот начин на пресметување на возраста на една личност во корист на меѓународниот стандард.

Заради оваа промена, на сите граѓани ќе им бидат отстранети една или две години од личните документи, пишува Гардијан.

Имено, во Јужна Кореја за новороденче се смета дека има една година, а секој 1 јануари се додава уште една година. Вака возраста е прикажана и на личните документи.

Посебен систем има и поради регулирање на воениот рок или пресметување на старосната граница за консумирање алкохол и цигари, при што новороденото дете се смета дека има нула години, а една година се додава на 1 јануари.

Сепак, од раните 1960-ти, Јужна Кореја почна да ја користи меѓународната норма за пресметување на возраста од нула при раѓање и додавање по една година на секој роденден во медицинските и правните документи.

Збунувачкиот начин на пресметка ќе исчезне во јуни 2023 година - барем на официјалните документи - кога ќе стапи во сила законот според кој треба да се користи само меѓународниот метод на пресметка.

„Целта на оваа промена е да се намалат непотребните социо-економски трошоци бидејќи сè уште постојат правни и социјални спорови, како и конфузија поради различните начини на пресметување на возраста“, рече Јо Санг-бум од владејачката партија Народна моќ.

Џеонг Да-Еун, 29-годишна канцелариска работничка, е среќна поради промената и вели дека секогаш морала двапати да размислува кога ја прашувале за нејзината возраст во странство. „Се сеќавам дека странците ме гледаа збунето бидејќи ми требаше толку време да им кажам колку години имам“.

„Кој не би бил среќен да се помлади година или две?“, додаде таа.

Потеклото на корејскиот систем не е сосема јасно. Една теорија е дека при раѓањето се зема предвид времето поминато во утробата - со девет месеци заокружени на 12. Други го поврзуваат со древниот азиски броен систем кој немал концепт за нула.

Објаснувањата за дополнителната година додадена на 1 јануари се уште покомплицирани.

Некои експерти теоретизираат дека старите Корејци ја сместиле својата година на раѓање во кинескиот календарски циклус од 60 години, но, во време кога немало редовни календари, тие го игнорирале денот на нивното раѓање и едноставно додавале цела година на првиот ден на лунарниот календар. Престапната година на 1 јануари станала вообичаена бидејќи повеќе Јужнокорејци почнале да го следат западниот календар.

Гутереш нареди истрага по веста дека нигериската војска врши насилни абортуси

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш побара истрага за наводите дека нигериската војска спроведува програма за систематски и принудни абортуси, изјави портпаролот на ОН Стефан Дујарик.

Нигериската војска води тајна програма за абортус во североисточниот дел на земјата, која систематски и незаконски се спроведува најмалку од 2013 година.

Како дел од програмата, биле прекинати најмалку 10.000 бремености, а многу од тие жени и девојки биле киднапирани и силувани од исламистички милитанти, според сведоштвата на десетици очевидци и документација до која дојдоа медиумите. „Генералниот секретар со загриженост ги забележува наводите за систематски и присилни абортуси, наводно извршени од нигериската војска врз жени и девојки нападнати од Боко Харам“, напиша портпаролот на ОН Стефан Дујарик во е-пошта.

„Овие наводи заслужуваат темелна истрага и спроведување на итни корективни активности и мерки за одговорност, доколку е потребно. Дујарик не прецизираше кој треба да спроведе таква истрага, ниту пак навлегол во други детали. Нигерискиот министер за одбрана вчера изјави дека војската нема да го истражи извештајот, велејќи дека тоа не е точно. Нигериската влада немала коментар.

притисни ентер