МОН до ВМРО-ДПМНЕ: Со лажни вести нема да придонесете за поквалитетно образование

„Со лажни вести ниту ќе придонесете за поквалитетно образование, ниту ќе го преземете раководењето на институциите.“

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде главен центар на креирање и пласирање лажни вести во јавноста, со единствена цел преку измама на граѓаните да собере што повеќе политички поени на дневна основа за да го преземе раководењето на институциите, вклучително и МОН, а потоа, јасно е кој ќе биде нивниот приоритет – скапите провизии од склучени ексклузивни договори за набавка и печатење на учебници со одредена група издавачи.

Практика која се елиминира со новото законско решение за изработка на нови материјали за учење и оттука произлегува болката на опозициската партија и конструирањето невистини за наводно огромни износи на пари потребни за воведување на новините во образованието.

Министерството за образование и наука реагира на обвинувањата дека новиот Закон за учебници доведува до класно раслојување, како што беше изнесено на денешната прес – конференција на новата и неупатена портпаролка на партијата. Всушност, се работи за првото законско решение со кое се елиминира дискриминацијата и се создаваат можности за еднаков пристап до материјали за учење за сите ученици.

Потсетуваме дека согласно законското решение, учениците од прво до трето одделение ќе добиваат печатени учебници, а за учениците од погорните одделенија прва опција ќе бидат дигиталните. Додека лектирите остануваат во печатен формат.

Притоа, за оние ученици кои се од социјално загрозени семејства и немаат уреди за учење од дигиталните учебници, како и за учениците кои поради попреченост имаат потреба од уреди или помошна технологија, училиштето е должно да обезбеди услови за секој ученик да има пристап до употреба на учебник. А како поддршка на училиштата, заедно со Светска банка ќе реализираме активност за нивно опремување со таканаречен библиотечен фонд на таблет уреди кои ќе им се даваат на времено користење на учениците кои потекнуваат од социјално ранливи семејства, за да можат истите да ги користат дигиталните учебници.

Суштински важно е и што со законот се става крај на неквалитетните учебници кои уништуваа генерации ученици, учебници кои беа полни со дискриминаторски содржини, стереотипи, говор на омраза и поделби, кои ВМРО – ДПМНЕ свесно дозволуваше да се публикуваат и применуваат во наставата.

Наместо да се занимава со лаги и манипулации, доколку ВМРО – ДПМНЕ сака да покаже дека е грижлива и чесна партија, треба да се посвети на конструктивност и креирање на предлози и сугестии за забрзување на процесот на модернизација на националниот образовен систем, доколку за тоа поседуваат капацитет.

Во меѓувреме, уште еднаш апелираме до учениците и родителите да ги следат официјалните канали на комуникација на Министерството за образование и наука и останатите надлежни преку кој се објавуваат релевантни и точни информации во врска со сите аспекти и компоненти на процесот на реформа на основното образование.

Министерство за образование и наука

Ќерката на Пол Вокер: Абортирав во 2020 година, имав среќа што најдов добар доктор

Медоу Вокер, ќерката на починатиот актер Пол Вокер, проговори за абортусот што го доживеала во 2020 година.

Медоу реши да проговори на оваа тема по одлуката на Врховниот суд за абортус, со која беше поништено федералното право на абортус, воведено со пресуда стара 50 години.

Медоу на Инстаграм откри дека абортирала за време на пандемијата, пред две години.

„Денес беше голем чекор назад во историјата, длабока неправда ги погоди жените ширум Соединетите држави. Има безброј жени кои се мачеа со одлуката да направат абортус. И јас се борев со тоа во 2020 година. Кога светот подлегна на пандемијата, јас барав абортус“, напиша 23-годишната девојка.

„Тоа е многу приватно и лично искуство, такво и треба да биде“, вели таа, додавајќи дека „имала среќа да наиде на добар доктор кој ја поддржувал во текот на целиот процес“.

„Да знаеш дека сега уште повеќе жени нема да имаат можност да бараат безбеден абортус и да донесат одлука за нивното тело го крши срцето. Во свет кој постојано ги маргинализира жените, ова изгледа како најголемиот напад врз нив. Забраната за абортус не ги спречува абортуси, спречува безбедни абортуси“, заклучи таа.

По објавата таа наиде на голем број негативни пораки.

"Количината на омраза што ја добив по оваа објава е неверојатна. Престанете да ме следите ако не се согласувате со мене. Не останувајте таму и пишувајте ужасни работи", им порача таа на хејтерите.

Коза активирала нагазни мини во Запорожје, ранети 40 Руси

Најмалку 40 руски војници се повредени откако украинска коза активирала експлозив поставен околу болницата во Запорожје со своето хаотично движење, пренесува британски „Телеграф“.

Војниците поставувале мини кога коза, која побегнала од фарма во селото Кински Роздори, ги активирала експлозивните направи.

Козата предизвикала верижна експлозија.

Шефот на украинската разузнавачка служба изјави дека руски војници поставувале мини околу локалната болница. Набргу по поставувањето на минската замка, кон областа дошла коза и извршила верижна експлозија во која се повредени десетици војници.

„Со своите хаотични движења, козата активираше неколку гранати. Како резултат на тоа, неколку Руси се здобија со повреди со различна тежина“, пишува разузнавачката служба.

Се проценува дека се ранети 40 војници. Животното е наречено „Козата на Киев“, а судбината на козата засега не е позната.

Извор: Телеграф

Штрајкот на ССМ во регионите погодени од невремето ставен во мирување

Штрајкот ќе биде во мирување до завршување на потребата за ангажирање на дополнителни капацитети за справување со последиците од невремето во погодените региони.

На итна седница на Штрајкувачкиот одбор – Претседстелството на ССМ одржана по електронски пат донесена е едногласна одлука за ставање во мирување на генералниот штрајк во регионите на општините Делчево, Виница и Демир Капија, кои попладнево беа погодени од невреме, заради потребата од ставање на сите расположливи капацитети за справување со последиците од елементраната непогода.

Штрајкот ќе биде во мирување до завршување на потребата за ангажирање на дополнителни капацитети за справување со последиците од невремето во погодените региони.

– По информации добиени од штрајкувачите од погодените региони од невремето, како и заради ограничувањата предвидени со правилата за генералниот штрајк неопходно беше да се донесе Одлуката врз основа на која 100 отсто од вработените во јавниот сектор во погодените региони, а кои штрајкуваат ќе бидат ставени во функција за расчистување на последиците од невремето. Нашите колеги браќа и сестри синдикалци се веќе на терен и истите помагаат на најпогодените, информира за МИА од ССМ.

притисни ентер