МОН: Апсурдно е да се протестира против напредок во образованието - Канал 5

МОН: Апсурдно е да се протестира против напредок во образованието

Министерството за образование и наука целосно го легитимира правото на протест на граѓаните, затоа што е уставно загарантирано. 

МОН: Апсурдно е да се протестира против напредок во образованието

Но, сепак, причината поради која се користи ова право, не е оправдана. Апсурдно е да се протестира против дигитализација на образованието, ако се има предвид дека тоа е глобален процес кој се случува во голем број земји во светот, а Македонија мора да фати чекор со современите трендови и да се приближува кон стандардите за квалитет на образование, кои ги наметнуваат развиените општества, велат од МОН.

Оттаму потенцираат дека промени мора да се случат. Новините, нагласуваат од Министерството, се предизвик за сите, но, од нив не треба да се откажуваме, туку напротив заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на нивно интегрирање во системот.

-Законското решение кое се однесува на материјалите за учење е целосно во согласност со времето и ерата на ИТ технологијата во која младите живеат и за најголем дел од нив, примената на електронски уред за совладување на одредена наставна материја или тема, пребарување и истражување на податоци преку интернет не претставува проблем, туку вообичаена практика која со законот ќе стане достапна за сите, вклучително и за учениците од социјално ранливите семејства, се вели во денешното соопштението од МОН.

Од Министерството сметаат дека новиот закон за учебници и други наставни и дидактички материјали ќе ги донесе европските практики во нашите училишта, а придобивките од истиот, согласно планот за имплементација на реформите, етапно ќе стануваат достапни за учениците од различни одделенија во следните 5-6 години. Во меѓувреме, велат од Министерството за образование и наука, до усвојување на законот секој има можност за учество во негово подобрување преку конструктивни сугестии и забелешки, кои најавуваат како и досега со должно внимание ќе ги разгледуваат, земајќи го предвид најдобриот интерес на учениците.

-Законското решение во кое е дефинирана етапната дигитализација на материјалите за учење, ќе обезбеди поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, а воедно и инклузивност, имајќи предвид дека учебниците ќе бидат достапни во аудио формат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид. Всушност, ова е првиот недискриминирачки закон за учебници кој ќе биде донесен во државата, се вели во соопштението од МОН.

Според Министерството, преку поставување на повеќе филтри низ постапката за изработка и усвојување на учебниците, а воедно и со вклучување на граѓанскиот сектор во целиот процес се елиминира веројатноста за појава на несоодветни содржини и грешки од било каква природа. Во учебниците се воведуваат теми од областа на мултикултурализмот, толеранцијата, почитување на различностите како вредности кои мора да ги поседува секој европски и граѓанин на современо општество. Можноста за ажурирање на учебниците секоја година, пак, значи дека повеќе ќе нема да се применуваат учебници со застарена содржина.

Од МОН апелираат сите кои сакаат да придонесат за унапредување на законското решение кое достапно на веб-страницата на МОН, да го направат тоа преку повеќе канали за непосредна комуникација со Министерството за образование и наука кое продолжува да работи транспарентно, отворено и како и досега, сите промени да ги креира преку широка јавна дебата и инклузивен процес со учество првенствено на засегнатите страни и со бројни други општествени чинители.

Од Министерството потсетуваат дека промените во врска со материјалите за учење се дел од поширок план за реформа на националниот образовен систем, содржан во програмата за работа на Владата и на Министерството за образование и наука, кој пак е резултат на сеопфатни анализи на квалитетот на националниот образовен систем спроведени од кредибилни меѓународни организации како ОЕЦД и УНИЦЕФ.

Промените, нагласуваат од МОН, се и одговор на долгогодишните барања на наставниците и на многу генерации на ученици. -Токму поради нивниот интерес и обезбедување поквалитетно образование, а со тоа и подобра иднина, да бидеме сплотени во заложбите и да им овозможиме развој и целосна реализација на личниот потенцијал во границите на сопствената земја, потенцираат од Министерството за образование и наука.

Мицкоски најавува многу скоро решение за ублажување на растот на цените

Мицкоски најавува многу скоро решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи.

Мицкоски најавува многу скоро решение за ублажување на растот на цените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека многу скоро ќе има предлог-решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи.

Во изјава за медиумите дадена во Битола, Мицкоски не прецизираше за какво решение се работи, но рече дека се следи ситуацијата и дека сериозно пристапуваат на решавање на проблемот.

- Се консултираме со екпертската јавност, следиме што се случува со однесувањето на трговците, производителите, дистрибутерите и на ланците на трговци така што ова е еден сериознен процес во којшто сериозно навлегување и мислам дека многу скоро ќе излеземе со предлог решение, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

Министерот за економија Бесар Дурмиши викендов во изјава за медиумите рече дека Пазарниот инспекторат ја следи состојбата, но дека не е забележано драстично зголемување на цените.

- Нема драстично зголемување на цените во делот, каде што ние сме надлежни, во делот на прехранбени основни производи. Секој месец, Државен пазарен инспекторат ќе биде на терен ќе гледа, ако случајно се случува да имаме зголемување енормно без економски оправданост од трговците на цените, нормално дека ќе донесеме пак одлуки и тоа сум кажал и во други изјави дека ќе донесеме поригорозни мерки од тоа што сме ги презеле досега, изјави Дурмиши.

Владата во февруари ги ограничи маржите на повеќе од 100 групи на производи. Мерката траеше до 30 април.

Сертификација за зелена енергија: Клучен фактор при избор на снабдувач со енергија

Во ерата на климатските промени и зголемената еколошка свест, потрошувачите – и индивидуалните и корпоративните - сè почесто бараат енергетски решенија кои се ефикасни, но и одржливи. 

Сертификација за зелена енергија: Клучен фактор при избор на снабдувач со енергија

Сепак, изборот на снабдувач со електрична енергија не се заснова само на цената или стабилноста на испораката – сè поактуелно станува прашањето: Дали снабдувачот обезбедува енергија со гарантирано зелено потекло? Токму затоа постои сертификацијата за зелена енергија како потврда дека електричната енергија потекнува од обновливи извори и како конкретен доказ за одговорноста на потрошувачот и транспаретноста на снабдувачот.

Избирањето на снабдувач што користи зелена енергија има бројни предности. Со избирање на снабдувач што користи зелена енергија директно придонесувате покажувате еколошка одговорност и придонесувате кон намалување на јаглеродниот отпечаток и борбата против климатските промени. Ако сте деловен субјект со користењето на сертифицирана зелена енергија испраќате силна порака до клиентите, партнерите и инвеститорите дека вашата компанија не само што ги следи трендовите, туку ги води. Исто така, со избирање на снабдувач што користи зелена енергија придонесувате кон енергетска тразиција – поттикнувањето на побарувачката за зелена енергија ја охрабрува понатамошната изградба на капацитети за обновливи извори.

Како глобалниот поттик кон одржливост добива на интензитет, ЕДС како дел од најголемата европска групација во Југоисточна Европа, се појавува како лидер во делот на снабдување со „зелена енергија“. Работејќи активно со компаниите на концептот „зелена потрошувачка“, ЕДС нудат снабдување со електрична енергија од обновливи извори, со што голем број од клиентите се снабдуваат со 100% зелена енергија. Секој клиент кој се одлучува за зелениот модел на снабдување од ЕДС добива официјален „сертификат за потекло“ на енергијата од обновливи извори. Овој сертификат се издава според европските стандарди и претставува доказ за зеленото потекло на енергијата што ја користат. Тоа е особено важно за извозно ориентирани компании, кои треба да ги исполнуваат ESG критериумите (еколошки, социјални и управувачки) во своето работење.

Компаниите, институциите и домаќинствата кои избираат снабдувачи со „зелено потекло“ испраќаат јасна порака: дека профитот не е спротивен на одговорноста, туку дека одржливиот развој е патот напред. Во време на глобални климатски предизвици, ваквите избори се повеќе од деловни – тие се етички, општествено значајни и неопходни за иднината. Потрошувачите имаат моќ да влијаат на пазарот и да ги охрабрат инвестирањата во одржливи извори, со што придонесуваат за почиста иднина за сите.

Израел тврди дека го убил началникот на Генералштабот на Иранската револуционерна гарда

 Израелската војска соопшти дека го убила новоназначениот ирански началник на Генералштабот Али Шадмани во ноќен напад врз главниот град Техеран, објави Анадолија.

Израел тврди дека го убил началникот на Генералштабот на Иранската револуционерна гарда

-По прецизни разузнавачки информации добиени од Дирекцијата за разузнавање на ИДФ (армијата) и ненадејни околности во текот на ноќта, воздухопловните сили нападнаа команден центар во срцето на Техеран и го елиминираа Али Шадмани, воениот началник на Генералштабот, се вели во соопштението на војската денеска.

Тој командуваше со Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) и иранската армија, се додава во соопштението.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, го именуваше Шадмани за наследник на генералот Голам Али Рашид, началник на Генералштабот на иранската армија, кој беше убиен во израелските воздушни напади врз Иран минатиот петок, според иранските државни медиуми.

Досега нема коментар од Иран за израелската изјава.

притисни ентер