МОН: 60% од студентите ги подигнале наменските платежни картички за субвенциониран оброк

60% од студентите ги подигнале наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк, повик до останатите да постапат поскоро.

Согласно информациите од Шпаркасе Банка, партнер на Министерството за образование и наука во реализација на мерката – субвенциониран студентски оброк, досега околу 60% од студентите кои ги исполниле условите за остварување на ова право, ја подигнале наменската платежна картичка преку која единствено можат да се користат средствата кои им следуваат.

Министерството за образование и наука упатува апел до сите останати студенти кои сè уште не постапиле согласно дадените насоки, да го сторат тоа поскоро. Потребно е задолжително да се регистрираат на активната онлајн платформа на Шпаркасе Банка и да ги ажурираат своите податоци на https://netbanking.mk/studentPortal.

Потоа, ќе добијат информација преку СМС за точното време (најрано 24 часа од моментот на ажурирањето на податоците) и место за потпишување на договор за отворање на посебна сметка и за подигнување на наменскaта студентскa Visa картичкa за субвенциониран оброк.

Средствата во износ од 140 денари дневно ќе можат да ги користат од понеделник до сабота, за купување храна во маркети, пекарници, ресторани и други правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.

Министерството за образование и наука потсетува дека аплицирањето за ова право за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, трае од 27 септември до 2 октомври 2023 година. Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирањето може да се обрати на следниот контакт: [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на министерството.

Министерство за образование и наука

Мислела дека се спушта по сајла („зип-лајн“), која потоа се откачила (видео)

 Врисокот на девојката и присутните одекнува низ провалијата...

Сакала авантура и адреналин, не замислувајќи што ќе се случи додека се подготвувала да се пушти по јажето.

Многумина од нас сакаат авантура и на разни начини се обидуваат да си го качат адреналинот, најчесто тоа се некои акробатски активности кои немаме можност секојдневно да ги искусиме. Ваквите работи бараат, пред сè, голема храброст и решителност, но многумина својот страв се обидуваат да го прикријат под лажната храброст и самодоверба.

Во последно време, во екстремните спортови и активности еднакво се застапени и мажите и жените. Сè повеќе дами се тестираат себеси со разни адреналински подвизи.

На Интернет кружи урнебесна снимка со една девојка која сака да се спушти по познатиот зип-лајн (жичена линија), сајла која поврзува две карпи над некоја провалија, слично како кај жичниците. Иако девојката долго време се подготвувала за оваа адреналинска акција, таа сепак е исплашена, но се труди да остане максимално сталожена. Вработените во позадина нетрпеливо чекаат да ја пуштат и да ја видат нејзината реакција.

Девојката која мислела дека нејзиното патување над провалијата ќе биде по сајла, во еден момент полетува кон провалијата, несвесна дека всушност требало да изведе банџи-скок, кој исто така припаѓа во екстремните егзотични спортови и е опасен сам по себе.

Иако на некои ова им било смешно, луѓето порачуваат дека не треба да се игра со туѓото здравје и дека ваквиот шок би можел да биде кобен за девојката.

- Начинот на кој девојката паничи и оние што ја пуштаат без никакво предупредување...

- Срцето веднаш би ми застанало.

- Толку е опасно да се прави ова на луѓе што се паничари по природа.

- Човекот зад неа делува како да се смее.

-Го чувствувам нејзиниот страв, брат... - беа дел од коментарите.

Многумина прокоментирале дека е страшно непријатно некој да искуси вакво нешто, да мисли дека сајлата пукнала и да не го знае исходот. Повеќето луѓе на Тикток изјавиле дека колку некому ова да му изгледа забавно, човечката психа не е иста, и луѓето не се соочуваат подеднакво со ваквите предизвици.

Сепак, како по обичај, коментарите беа поделени. Некои егзибиционисти изразија желба да пробаат вакво нешто, тврдејќи дека тоа ќе биде возбудливо искуство за нив што ќе ја тестира нивната храброст и ментална издржливост. Меѓутоа, повеќето изјавиле дека никој не треба да се фаќа во костец со ова или што било друго доколку не е сигурен како ќе ја надмине претрпената траума, или во полош случај, другите последици.

@highlandflingbungee 😱😱 #highlandflingbungee #scotland #prank #adrenaline ♬ life gets hard - iilliaa

Жена дошла во болница окована во синџири, на полицијата ѝ открила детали за ужасот

Неименуваната 40-годишна жена успеала да се оттргне од претходно осуден педофил од Шпанија и се појавила во болница со модринки на лицето и синџири околу вратот.

Лекарите од болницата „Свети Јаков“ останале во шок кога здогледале жена на која рацете и вратот ѝ биле врзани со синџири, објави Дејли Меил.

Имено, жената на полицијата ѝ рекла дека била во болница за да посети хоспитализиран пријател, а откако заминала, мажот ѝ понудил да ја повози до дома. По пат ѝ рекол дека мора да застанат кај неговата куќа за да ги земат потребните работи.

Ја повикал да влезе во неговата куќа, а откако ја затворил влезната врата, ја претепал до смрт, пишува Олив прес.

Исто така, жената изјавила дека се онесвестила од тепањето, а кога дошла на себе видела дека има синџири околу вратот и рацете. Напаѓачот се обидел да ја удави, а кога не успеал, почнал да ја навредува и тепа.

Жената успеала да побегне низ прозорецот кога оценила дека напаѓачот не гледа. За помош се обратила кај член на семејството кој веднаш ја однел во болница.

Осомничениот маж, претходно осуден педофил, по пријавата веднаш е уапсен, а моментално се наоѓа во притвор каде ќе го чека натамошна истрага за случајот.

Осомничениот и претходно бил осуден за киднапирање и малтретирање на деветгодишно девојче во Бургалеса, објавија локалните медиуми.

Ѝ посветил бизарна тетоважа на девојката, сите му се смеат- снимката има 13 милиони прегледи

Момче стана вирална сензација откако на TikTok се појави видео на кое се тетовира во студиото Betty Zoo Tattoo Studio во Копенхаген.

Момчето решило да направи уникатна тетоважа како почит кон својата девојка, а видеото е прегледано повеќе од 13 милиони пати.

На видеото може да видите како девојката го гризе за рака, а тетоважата потоа со мастило ги црта трагите од нејзиниот гриз. Резултатот е, хм, што е, и не требало многу време за луѓето да почнат да се потсмеваат во коментарите.

@bettyzootattoo Bite Mark tattoo #fyp #bf #tattoo #bitemarktattoo #foryou #trending #onthisday #fypviralシ ♬ My Love Mine All Mine - Mitski

„Која е најглупата тетоважа што можете да ја смислите? прашал тиктокер, а друг додал: „А што кога ќе раскинете?“

„Најглупавата идеја за тетоважа...сакам таква“, „Ова е навистина лоша идеја“, „Не можам да замислам полоша тетоважа“, „Едвард Кален би го сакал ова“, „Зошто?“, се некои од коментарите. Сепак, имало и такви на кои овој потег им бил „сладок“.

притисни ентер