Молк од Владата за дописот од Мијатовиќ за поништување на амнестијата на хашките случаи - Канал 5

Молк од Владата за дописот од Мијатовиќ за поништување на амнестијата на хашките случаи

Владата го игнорира барањето на Советот на Европа за поништување на амнестијата за Хашките случаи и отповикување на амнест

Молк од Владата за дописот од Мијатовиќ за поништување на амнестијата на хашките случаи

Испратено од Комесарката за човекови права Дуња Мијатовиќ до сега екс премиерот Димитар Ковачевски на 15 јануари, се препорачуваат конкретни чекори за справување со минтатото.

„Да се отповика автентичното толкување во 2012 година на Законот за амнестија од 2002 година и да се истражат досиејата кои што беа трансферирани од Хашкиот трибунал на домашните судови“...е првата препорака на Советот на Европа, но техничкиот премиер на новинарско прашање за барањето на Мијатовиќ кратко одговори дека:

„Тоа прашање е регулирано со закон и е потврдено со одлуки на Уставниот суд.“

Станува збор за четири случаи кои произлегоа од седуммесечниот воорушен судир меѓу македонските безбедносни сили и албанските сили на т.н ОНА во 2001 - „Водство на ОНА“, „Непроштено“ , „Липковска брана“ и „Мавровски работници“. Хашкиот трибунал му ги врати на македонското обвинителство во 2009 но постапувањето по нив запре врз основа на автентичното толкување на Законот за амнестија, што го направи Собранието по коалицискиот договор меѓу Груевски и Ахмети во 2011 година, иако меѓуанродното право не познава амнестија на воените злосторства. Сепак адвокатот Ванчо Шехтански, кој ги застапуваше смејствата од случајот Непроштено, смета дека комесарката Мијатовиќ се обратила на погрешна адреса.

„Обвинителството требаше да поведе или обвинителен акт или да донесе решение за затворање на овие предмети. Меѓутоа тоа не постапило ни тогаш ни до ден денеска. Автентичното толкување, кое не е потпишано од тогашниот премиер, е кршење на меѓународното право. Писмото е на погрешна адреса, бидејќи обвинителството не е обврзано да постапува по автентично толкување на Собранието.“

Единствен од хашките случаи кој заврши во судница беше Мавровски работници со обвинети вкупно 22 поранешни припадници на ОНА, за киднапирање и измачување на седум македонски градежни работници во 2001 година. Но по контроверзната амнестија, судот ја запре постапката.

Дали сегашното писмо на Мијатовиќ, може повторно да ги отвори слуачаите останува неизвесно, но според информациите на Канал 5, таа за ова наскоро ќе ја посети Макеоднија..

YouTube video

На денешен ден

15 јуни 2025.

На денешен ден

1215.- Англискиот крал Џон ја потпишал Големата повелба на слободата (Магна карта либертатум) со која на големците им се гарантирале поголеми слободи.

1752.- Бенџамин Франклин, американски физичар и државник, го докажал односот меѓу молњата и електричното празнење со пуштање на детско летало за време на бура. На овој ден бил пронајден громобранот.

1843.- Во Берген е роден Едвард Григ, норвешки композитор, пијанист и диригент. Во своите музички остварувања користел елементи на националниот фолклор и со нив норвешката музика добила целосна афирмација во светот. Умрел во Берген, на 4 септември 1907 година.

1873.- Германскиот археолог-аматер Харнјих Шлиман, во Мала Азија, ги открил крепостите на Троја, древниот Пријамов град, познат од Хомеровите епови.

1882.- Во Кратово е роден Павел Шатев, истакнат македонски револуционер и анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атентатори. Подоцна станал еден од основачите на ВМРО (Обединета), а по ослободувањето на Македонија - прв министер за правосудство. Основното училиште го завршил во родниот град, а потоа се запишал во прогимназијата во Скопје. Во 1900 година успешно матурирал во Солунската гимназија. Истовремено им се приклучил на Гемиџиите. Бил задолжен да го потопи со динамит францускиот брод „Гвадалкивир“. Оваа акција била успешно извршена, при што бродот бил запален, а сите патници биле спасени. Бил уапсен и на судскиот процес на 6 јуни 1903 година бил осуден на смртна казна. Исчекувајќи го трите години за извршувањето на смртната казна во солунскиот затвор Еди Куле, на 23 април 1906 година, неочекувано, смртната казна му била заменета со доживотен затвор во Фезан, во Сахара. Во 1908 година, по Младотурската револуција, добил амнестија и повторно дошол во Солун. По кусиот престој во Македонија, заминал во Брисел, каде студирал право. Во текот на Првата светска војна бил мобилизиран во бугарската војска, а по војната активно се вклучил во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија. По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година се вратил во Македонија и се вклучил во политичкиот живот на македонската република извршувајќи највисоки раководни должности. По донесувањето на Резолуцијата на Инфорбирото, Шатев застанал на страната на советската партија. На 16 јуни 1949 година Шатев бил уапсен „како непријател на државата“ и набрзо му бил одземен пратеничкиот имунитет. Во истражниот затвор во Скопје бил задржан 11 месеци, до мај 1950 година по што бил испратен во Битола, во домашен притвор. Лишен бил од контакти со надворешни лица и држен во тешки услови. Набрзо се разболел и бидејќи не му било дозволено да се лекува, починал на 30 јануари 1951 година. Властите не дозволувале да биде погребан во родното Кратово. Закопан бил на битолските гробишта.

1899.- Во Фуенте Вакерос е роден Федерико Гарсија Лорка, шпански писател од Гранада, народен драматург, сликар, музичар и еден од најголемите лиричари воопшто. Извршил значително влијание врз развојот на европската поезија. Познати се неговите збирки песни: "Песни", "Цигански романсеро", "Поет во Њујорк" и драмите "Крвави свадби" и "Домот на Бернарда". По трагичната смрт (го стрелале франкистите во првите денови на Граѓанската војна во Шпанија, во 1936 година), тој станал најчитан светски поет.

1919.- Во директен лет од Њу Фаундленд во Северна Америка до Ирска британските авијатичари Артур Браун и Џон Оклок први го прелетале Атлантикот. Летот траел 10 часа и 12 минути.

1927.- Во Римини, Италија, е роден Хуго Прат, еден од најголемите стрип-автори во втората половина на 20. век. Умрел во Лозана, Швајцарија, во август 1995 година.

1967.- Жорж Помпиду бил избран за претседател на Франција.

1994.- Република Македонија и Република Боливија воспоставиле дипломатски односи. Република Боливија била прва земја од Латинска Америка и Карибите со која Република Македонија воспоставила дипломатски односи.

1994.- Израел и Ватикан воспоставиле целосни дипломатски односи по историскиот договор за меѓусебно признавање и помирување, формално окончувајќи го вековното несогласување меѓу Евреите и Римокатолиците.

1996.- Во Беверли Хилс умрела Ела Фицџералд, американска џез-легенда, позната како дама на песната. Родена била во 1918 година.

1999.- Северна Кореја соопштила дека јужнокорејската воена морнарица потопила еден нејзин брод во севернокорејските водени територии на Жолто Море, обвинувајќи го Сеул за предизвикување на првиот поморски судир по завршувањето на Корејската војна во 1953 година со што провоцирала нова војна на поделениот полуостров.

2010.- Трагично настрадал Беким Фехмиу, актер кој во Југославија во 60-те и 70-те години од минатиот век стекнал голема популарност. Често играл и во европски продукции. Остварил околу 45 филмски и ТВ улоги. Ја објавил книгата спомени „Блескаво и страшно“.

Базар на користена уникатна облека и предмети „Artisan Sunday“ со над 30 изложувачи

Базар на користена уникатна облека и предмети „Artisan Sunday“ со над 30 изложувачи повторно во „Лабораториум“.

Базар на користена уникатна облека и предмети „Artisan Sunday“ со над 30 изложувачи

Во Културно- едукативниот центар „Лабораториум“ денеска од 12 до 18 часот ќе се одржи ново издание на „Artisan Sunday“, во организација на Re:store маркет.

„Artisan Sunday“ е уникатно искуство за креативци и љубителите на одржливата мода со тоа што го комбинира духот на бувјак со современи базари и цели кон создавање на инклузивна, креативна и инспирирана заедница. Ќе може да се најдат уникатни користени модни парчиња од различни стилови и времиња, предмети, мебел, детски аксесоари, внимателно одбрани и презентирани од повеќе независни учесници, наведуваат организаторите.

На настанот ќе бидат присутни повеќе од 30 изложувачи, ќе се продаваат винили, ќе се одржат DIY работилници водени од македонски уметници, ќе се разменуваат растенија и ќе се игра и пинг понг. Повеќе диџеи ќе имаат сетови, а вратите ќе бидат отворени и за сите домашни миленичиња за кои е креиран и специјален освежителен коктел.

Настанот вклучува богата и разновидна програма - креативни зони и рачни изработки, DIY и upscaling работилници отворени за сите посетители, музичка програма во која продавачи на винили ќе селектираат плочи и ќе пуштаат музика во живо, пинг-понг зона за дружење и забава.

Три сообраќајки вчера во Тиквешијата

Во една од сообраќајките, на патот  Кавадарци - село Возарци, кон селото Дреново, имаше едно потешко и едно полесно повредено лице. 

Три сообраќајки вчера во Тиквешијата

Три сообраќајки се случија вчера во Тиквешијата, потврди утрово за МИА, доктор Ратко Грков, лекар во Итна медицинска помош во Кавадарци.

- Во една од сообраќајките, на патот Кавадарци - село Возарци, кон селото Дреново, имаше едно потешко и едно полесно повредено лице. Во сообраќајната несреќа од градот кон росоманското село Рибарци, во која имаше и деветмесечно бебе, се работеше за полесни повреди. Во третата сообраќајка, стануваше збор за незгода на патот Неготино - село Градско, во близина на археолошкиот локалитет Стоби, појасни докторот.

Тој апелираше за внимателност, до сите учесници во сообраќајот, со цел поголема безбедност.

Повеќе детали за сообраќајките, се очекуваат во текот на денот, од страна на СВР Велес.

притисни ентер