Моќен кардинал во Ватикан неочекувано поднесе оставка

Моќен ватикански кардинал, вовлечен во скандал со недвижнини денеска ненадејно поднесе оставка и се откажа од правото да учествува во изборот на следниот Папа.

Во краткото соопштение, невообичаено издадено навечер, се вели дека папата Франциско ја прифатил оставката на кардиналот Џовани Ангел Бечиу, шеф на одделот што одлучува за канонизација.

Но, позначајниот дел од изјавата е оној во кој се наведува дека 72-годишниот Бечиу се одрекол од „правата поврзани со функцијата на кардинал“.

Најважното право на кардиналот на возраст под 80 години е да учествува во конклавата што избира нов Папа. Таквото одрекување значи дека причината за оставката на Бечиу е веројатно сериозна.

Последен што го сторил тоа бил шкотскиот кардинал Кит О’Брајан, во 2013 година поради сексуален скандал.

До 2018 година, Бечиу бил заменик државен секретар, една од најмоќните позиции во Ватикан.

За време на неговиот мандат, тој бил дел од контроверзен договор според кој Секретаријатот на Ватикан користел црковни пари за да купи луксузна зграда во Лондон.

Истрагата за случајот минатата година доведе до суспендирање на пет претставници на Ватикан, оставка на началникот на полицијата во Ватикан и заминување на поранешниот шеф на Канцеларијата за финансии на Ватикан.

Бечиу тогаш ја негираше својата вина и го бранеше купувањето во Лондон, тврдејќи дека имотот добил на вредност.

Ватиканската полиција во јуни го уапси Џиналуиџи Торси, италијанскиот посредник во набавката, обвинувајќи го за изнуда, проневера, измама и перење пари.

Подоцна бил ослободен, но истрагата сè уште трае. Извори од Ватикан тврдат дека пресудите ќе бидат изречени наскоро.

Нападната база на проиранските милиции во Ирак, САД и Израел негираат вмешаност

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

Серија експлозии го разнеле штабот на Народниот фронт за мобилизација (ПМФ) на 50 километри јужно од ирачкиот главен град Багдад, само неколку часа откако припадници на проиранските милиции лансирале беспилотни летала кон израелската воздухопловна база во близина на Елиат.

Според првичните информации што ги објавија медиумите во Ирак, најмалку еден член на Народниот фронт за мобилизација, проиранска милиција која е дел од ирачките вооружени сили, е убиен, а десетина биле ранети во нападот на неидентификувани авиони врз базата во близина на Багдад.

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

И израелските власти негираат дека стојат за нападот, но офицери на ирачките воздухопловни сили изјавиле дека авионот, кој истрела проектили врз базата на проиранската милиција, најверојатно летал од правец на Јордан.

Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.

Техеран, пак, објави дека воената база во Исфахан била нападната со беспилотни летала лансирани од локација во Иран, поради што нема намера да изврши нов одмазднички напад против Израел.

САД, кои се обидуваат да ги убедат двете страни да го запрат бранот одмазднички напади, по израелската акција во Иран, оценија дека таквите операции завршиле. /МИА

Алегри по ремито со Каљари: На полувремето требаше сите да бидат сменети, вклучително и јас

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се осврна на синоќешниот натпреварот со Каљари на којшто неговиот тим се спасуваше од пораз.

Средбата од 33. коло во Серија А заврши 2:2, а Јувентус изедначи во последните минути со автогол на Алберто Досена.

- Пропуштивме седум контранапади и постојано грешивме. Требаше да се бориме, но не влеговме во дуел-игра и ја направивме секоја можна грешка од технички аспект. Во вториот дел играта се промени и се подобривме. Не можете да му го дозволите на противникот таков почетокот на натпреварот на противникот. Примивме два гола. Секогаш е тешко да се игра и да се победи во Каљари. Фудбалот е тежок спорт кој се состои од дуели. Моравме да бидеме на нивното ниво, можеби да играме потехнички.

На полувреме мораше сите да бидат заменети, вклучително и јас. Сега ни преостанува борбата за место кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите. Што се однесува до купот, мислам дека со една нога сме во финалето, рече Алегри.

На 23 април торинскиот тим ќе игра со Лацио во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот натпревар заврши со резултат 2:0 во корист на Јувентус.

На табелата во Серија А, Јувентус е трет со 64 бодови. Пред него се Милан со 69 и Интер со 83. /МИА

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар во сабота во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на 12-годишната Кара Селовска, која се лекува во Барселона.

Настанот е во организација на сите осум основни училишта на подрачјето на општина Центар и со поддршка на Општина Центар.

Кара е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар, а поради сериозни компликации во моментот е хоспитализирана на клиниката во Барселона поради дијагностицирање на нејзината болест.

- Ова е втора акција која Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување. Претходно, пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара, информираат од Општината.

притисни ентер