МОФ: Дел од професорите не се ни запознаени како да работат со дигиталните платформи

Младински образовен форум со ученици од девет училишта од пет града реализираше анализа за нивните искуства од  далечинското учење.

Со цел креирање на конкретни препораки и подобрување на системот на далечинско учење кој за прв пат се имплементираше во нашиот образовен систем.

Учесниците на фокус-групите зборувале за генералното искуство со концептот на далечинско учење,спроведувањето на наставата, комуникацијата со наставниците, како и за начинот на оценување на нивните знаења. Учениците потенцирале за невоедначеното предавање на наставните содржини, потешката комуникација со професорите, недостатокот на учебни материјали, но и нефер оценувањето и просторот за препишување и мамење на тестовите.

– Недостаток на образовниот систем е тоа што голем дел од професорите воопшто не се ни запознаени како да работат со дигиталните платформи за предавање. Во фокус-групите, средношколците споделуваа дека за нивните професори било тешко да ги закажуваат онлајн средбите и дека нивната неподготвеност за работа со технологија сериозно влијаела на онлајн наставата.

– „Tребаше да се вклучат повеќе"; „Професорите не се залагаа. Ние им велевме на немотивираните професори дека ќе организираме ЗУМ средба, а тие треба само да се вклучат."– вели еден од учесниците на фокус групите, велат од МОФ.

Оттаму посочуваат дека загрижува тоа што начинот на спроведување на далечинското учење не успеа да обезбеди еднакво образование за сите ученици – имплементацијата се разликува од училиште во училиште, па дури и помеѓу професорите во исто училиште „Кај нас секој професор имаше своја дефиниција за далечинско учење. Немаше унифицираност. Само еден професор се трудеше и другите професори го исмејуваа" – споделувал еден од учесниците на фокус-групата.

– Во текот на далечинското учење, единствен помагател на учениците беа учебниците кои веќе ги имаа на располагање – „Книгите не ми помагаа многу, ми требаше некој да објасни. Многу натежнуваа професорите да се користиме со интернетот, иако треба да се користат и книгите." – Иако учебниците во нашиот образовен систем се бесплатни и достапни за сите ученици,во услови на дигитално образование, материјалите за учење не беше лесно да стигнат до сите, учесниците споделија и дека дел од нивните соученици не можеле да стигнат до учебните материјали, се наведува во анализата на МОФ.

Од МОФ истакнуваат дека преминот од офлајн во онлајн просторот го отежнува процесот на изведување на настава за сите учесници во процесот (ученици, професори и надлежни институции) и ги изнесува на виделина веќе постоечките проблеми со образовниот систем на државата како недостаток на дигитализација и технолошка неподготвеност на наставниот кадар.

– Пред сè, мора да се води сметка за инклузивноста на образовниот процес, градење на капацитетите на професорите за работа на дигитални платформи и виртуелна работа со ученици, решавање на проблемот со недостаток на компјутерска опрема во семејствата со повеќе ученици, но и креирање на конкретен план и програма за компетенции кои целиме да ги изградиме и развиеме кај учениците во оваа академска година.

Изминатите месеци, велат од МОФ, училиштата беа оставени сами на себе при изведбата на наставата, изнаоѓајќи различни начини кои не секогаш беа функционални и ефективни во смисла на квалитетно предавање на наставниот материјал.

– Оттука, токму и поради недостатокот на унифициран пристап и јасни насоки дадени од надлежните институции, учениците беа изложени на настава со низок квалитет, лоша двонасочна комуникација професор-ученик, но и соочени со необјективно и нефер оценување. Истражувањата на Светска банка велат дека во „нормални услови", 11 години во нашиот образовен систем се еднакви на 7 години стекнато знање – можеме само да замислиме колкави штети и последици ќе остави на денешните ученици и студенти бавното придвижување кон далечинското образование и дигитализацијата, се вели во анализата на МОФ./МИА.

ЕУ го осуди насилството на изборите во Белорусија

Европската Унија ги осуди насилствата на претеседателските избори во Белорусија , кога полицијата уби еден од демонстрантите , кои протестираат против изборните резултати и победата на Лукашенко.

,,Претседателските избори во Белорусија беа одбележани со непропорционално и неприфатливо државно насилство врз мирните демонстранти”, соопштија денеска високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Јосеп Борел и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеи.

,,Го осудуваме насилството и повикуваме на итно ослободување на сите уапсени синоќа, соопштија Борел и Вареи во заедничката изјава, пренесе Ројтерс.

Инаку , државната изборна комисија на Белорусија објави дека Алексдандар Лукашенко по шести пат е реизбран за претседател со 80.08 проценти од гласовите. Неговиот опонент , Светлана Тихановскаја е на второ место со освоени 10,09 проценти од гласовите. Таа денеска изјави дека не ги признава резултатите од изборите и дека победила со над 70 проценти од гласовите.

Во синоќешните протести против победата на Лукашенко , кој е наречен и ,,последниот европски диктатор” , се приведени стотици демионстранти , а 110 биле повредени. Еден е убиен , кога на него налетало пчолициско комбе и го прегазило.

Либанската влада си поднесе оставка поради експлозијата

Либанската влада денеска поднесе оставка, пренесува АФП, а премиерот Хасан Диаб се очекува наскоро да го стори истото. Оваа вест е потврдена за локалните медиуми од страна на неколку сега поранешни министри.

Министерот за здравство Хамад Хасан им рече на новинарите по состанокот на владата: „Целата влада си поднесе оставка“. Хасан додаде дека премиерот Хасан Диаб ќе се упати кон претседателската палата каде ќе си поднесе оставка во име на сите министри.

Премиерот Диаб ќе се обрати пред нацијата во 19:30 часот по локално време, пренесува Ројтерс.

Оставките дојдоа по дводневните немири во Либан поради експлозијата во Бејрут што се случи минатиот вторник и начинот на кој владата реагира на целата ситуација.

Претходно, министерот за правда Мари Клод Најм, министерот за информации Манал Абдел Самад и министерот за животна средина Дамјанос Катар поднесоа оставки.

Покрај тоа, најмалку девет члена на парламентот поднесоа оставки.

Голем пожар во близина на Тирана ,горат стари автомобили (ВИДЕО)

Голем пожар избувнал на  пункт за собирање отпадоци и гробишта со автомобили во близина на Тирана.

Пожарот избувнал попладнево во близина на патот „Тирана-Нодрок“.Како што може да се види од видеата, од местото се шират големи црни облаци од чад.

Компанијата каде избувна пожарот е наречена „Мерсини“. Според информациите, три пожарни возила тргнале кон местото на настанот.

Сè уште не се знае што го предизвикало пожарот.

притисни ентер