Модните приказни на Кикириткова, Ристовска, Тошева и Насеска

Фрида Кало како грофица, Грејс Кели како модна икона, вилино коњче за среќа и спомени од детството.

Фрида Кало во облик на грофица од 21 век, допрена од висока мода во барок стил прошета по пистата на скопскиот моден викенд. За ревијата на Маја Кикириткова, а во потрага по бесмртноста! Движејќи се на звуците со потпис на Јан Тирсен моделите имаа улога повеќе. Да раскажуват автентичен, а уникатен концепт кој мириса на мистична барокна приказна !

На модниот викенд ја видовме и Грејс Кели. И таа со автентичен шмек, но во нов облик. Визуелизирана низ дизајнерското око на Антонија Ристовска. Токму  соодветно на модниот став на единствената Грејс Кели, овде елеганцијата  е безвременска. Таа е најдоминатниот украс, и се истакнува како еквилибриум  на добриот вкус.

Ирина Тошева донесе цветна урбана бајка  на пистата, за свежо пролетно будење. Мотивирана од обликот на вилиното коњче трага по неговите асоцијативни симболи . Нејзините музи, сакаат да бидат забележани, шарени и свои. Да бидат провокација за околината. Да учествуваат во кокетна игра, но по сопствени правила.

Во колекцијата пролет-лето 2013, Стефанија Насеска во нејзин стил се навраќа на детските спомени. Повторно со идеја да е весело. Овој пат коренот на инспирацијата е циркусот. Пруги и точки спакувани во геометриски форми. Доминантниот дел од палетата, сроден со оној на циркусот, но водечка е белата боја. Меѓу моделите видовме и парчиња за најмалите и најмилите.

притисни ентер