МНР организираше враќање на 63 македонски граѓани од Црна Гора

63 наши државјани утринава од Црна Гора се вратија во Македонија и се сместени во задолжителен државен карантин. 

Тие допатувале преку Косово со еден автобус и 19 автомобили информираше министерот за надворешни работи Никола Димитров. Целата акција била спроведена во соработка со двете држави, а од нашата граница излегле 15 црногорски граѓани.

„Во автобусот на пат кон Црна Гора, овозможивме 15 црногорски граѓани да се вратат во татковината. Благодарност до Црна Гора за соработката и до Косово за овозможување на непречен транзит. Во ова време невреме, солидарноста и соработката со пријателите е исклучително важна.” – напиша Димитров на Фејсбук.

Владата на вчерашната седница донесе уредба според која граѓаните кои пристигнуваат на граничните премини за влез во земјава ќе бидат транспортирани до државните карантини секој ден во 10 часот и во 20 часот.

„Апелираме до граѓаните кои мораат да допатуваат во земјава да ги планираат своите пристигнувања на граничните премини непосредно пред посочените термини со цел да не се создава метеж и чекање“, соопштуваат од Владата.

Сите граѓани кои доаѓаат се сместуваат во задолжителен карантин.. Паралелно полицијата проверува околу 8000 лица кои се во самоизолација или карантин. Но, според податоците од Јавното обвинителство само до 13 часот денеска 11 луѓе од неколку градови ја прекршиле оваа задолжителна мерка, поради што ќе биде побарано тие да бидат санкицонирани.

Лицето на ова девојче го избезуми жирито (видео)

 Никој не го очекуваше она што се случи, во студиото завладеа тишина! 

Сè падна во втор план кога таа заблеска.

Танцот е еден од најстарите начини на изразување емоции. Танцовите жанрови исто така се менувале низ историјата на човештвото. Бројните натпревари се можност танчарите да ги покажат своите вештини. На еден од бројните натпревари се појави девојче од едвај 10 години кое го воодушеви жирито со своите танцувачки вештини.

Меѓутоа, во желбата да биде поинаква и забележана, ова девојче прибегнало кон драстичен трик, па своето лице за настап го нашминкало како да оди на Ноќта на вештерките. Кога таа се појавува на сцената со нашминканото лице, сите занемуваат, особено членовите на жирито.

Десетгодишната Сидни Абот најпрво се претставува пред жирито облечена во тренерки, а со првите звуци на музиката ги соблекува и останува во црно трико. Нејзиниот настап е проследен со музика како од хорор филмовите, а таа со своите танцувачки вештини како да сака да евоцира сцена достојна за најстрашните хорор филмови. Судејќи по реакциите на членовите на жирито, но и на публиката во студиото, малата Сидни успеа во тоа.

@gottalentglobal Don't Let Her Cuteness Fool You! #contortionist #creepy #kid #dancer #canadasgottalent #gottalent #howiemandel #LillySingh #TrishStratus #kardinaloffishall ♬ original sound - Got Talent Global

За време на настапот таа изведе неверојатни акробации, па затоа доби громогласен аплауз и од членовите на жирито и од публиката.

Видеото привлече големо внимание на Тикток, а луѓето беа воодушевени од нејзиниот талент.

- Се прашувам како го открила овој талент.

- Земете ја за актерка во хорор филмови.

- Имаш совршен талент!

- Дали само јас се преплашив од ова?

- Ова е претерано за мене, особено затоа што се работи за мало девојче.

- Танцот е совршен, но ваквата шминка е претерана, не би сакал да ја сретнам во некоја темница.

-Би сакала да ги видам нејзините родители и да знам зошто дозволуваат едно дете да настапува облечено и нашминкано вака.

- Ми треба за скриена камера - беа дел од коментарите.

Многумина признаа дека целото шоу го изгледале во еден здив. Иако многумина забележале дека девојчето е многу младо и има огромен талент, сите се согласиле дека „ѕвездата е родена“. Но, имаше и такви кои веруваат дека на децата не им се потребни вакви изведби и дека родителите не треба да ги насочуваат кон вакви работи, дури и да се работи за уметничко изразување.

Бебе од речиси една година плива и нурка како професионален ватерполист (видео)

Снимка што го одзема здивот.

„Таа веќе излегува од вода со сиот сјај на познатите спортисти“!

Во првите месеци од животот, бебињата инстинктивно рефлексно ја затвораат устата и го задржуваат здивот кога ќе се најдат под вода. Овој рефлекс се нарекува „рефлекс на пливање“ и им помага да преживеат во вода. Сепак, бебињата не нуркаат свесно како возрасните. Ако бебето случајно заврши под вода, неговиот природен рефлекс ќе го заштити од голтање вода.

Според експертите, бебињата би можеле да почнат да тренираат пливање некаде помеѓу четвртиот и шестиот месец, но тоа може да варира во зависност од индивидуалниот развој на детето и препораките на педијатарот. Важно е родителите да се консултираат со педијатар за да се уверат дека нивното дете е подготвено за оваа активност. Часовите по пливање за бебиња можат да бидат корисни за развивање на моторичките вештини, самодовербата кога се во водата и за јакнеење на врската помеѓу родителот и детето, бидејќи неретко еден од родителите е во вода со бебето.

Едно видео на кое едногодишно девојче плива, нурка, и стои на рацете од својот татко додека позира стана многу популарно. Но, начинот на кој тоа го прави е идентичен со оној на возрасните пливачи кои професионално се занимаваат со пливање.

Бебето без капа и очила за пливање стои на рацете од својот татко и скока главечки во базенот. Таткото кој е тренер, ни за момент не ѝ ги пушта нозете. Малото девојче се нурнува и потоа излегува плескајќи со рачињата. Потоа, грациозно застанува на рацете од својот татко, одржувајќи совршена рамнотежа и позира, па продолжува одново.

Снимката освоила 1.148.000 „лајкови“ на Инстаграм и мноштво коментари.

- Ми се допаѓа како си аплаудира секој пат кога ќе излезе од вода.

- Ова бебе страшно ме инспирира! Малите деца се толку слободни и амбициозни што би требало да учиме од нив како да ја прифатиме таа бестрашност и да се соочиме со препреките во зрелоста.

- Таа веќе излегува од водата со сиот сјај што го имаат познатите спортисти!

- Има целосна доверба во својот татко!

- Најубавото видео за пливање што сум го видел – коментираат корисниците на Инстаграм.

притисни ентер