Многу неточни информации за можни идни коалиции

Многу математики, а уште повеќе шпекулации околу прашањето – “ Која партија побрзо ќе обезбеди најмалку 61 пратеник во Собранието,  но и кој ќе седне на премиерското место ”. 

Игрите и комбинаториките освен зад затворени врати се пласираат и на јавната сцена, а дел од медиумите и порталите веќе излегоа и со можни коалиции...

Според политичкиот аналитичар Александар Даштевски социјалдемократите и ВМРО-ДПМНЕ имаат подеднакви шанси да обезбедат 61 пратеник, а ДУИ ќе инститира за комбинацијата премиер Албанец, затоа што доколку не го добијат тоа целосно ќе ја изгубат довербата кај нивните гласачи.

-Сметам дека ДУИ до последен момент ќе инститира на некоја таква комбинација. Вчера прочитавме, не знам дали е точна мислам дека дека не е точна таа изјава дека ќе биде премиер пола Албанец, пола Македонец. Ќе одат на тоа зошто тоа цело време го ветуваа на бирачите во кампањата, ако се договарат со СДСМ тоа ќе биде веројатно ротациоенен, иако претсеадтелот на СДСМ и рече дека никако нема да биде премиер Албанец и рече дека нема да се извини, а дуи тоа ако не го побар, вели Александар Даштевски - политички аналитичар.

Алберт Муслиу пак смета дека во овој момент непотребно се подигнува тензија.

Досега во праксата точните информаци секогаш ги соопштувале од самите партии, а не преку непотпишани текстови во порталите, смета Муслиу

“ Јас црврсто верувам дека пред крај на месецот или во септември ние ќе влеземе со нова влада, реално мандатот ќе го добие Заев, тоа е согласно закон и верувам дека ќе успее мнозиноство да направи , не е нешто во што не се докажал и порано. Колкаво мнозинство ќе направи и во кој правец ќе се движи креаирањето ќе треба да причекаме да го видиме. Овие вести ја тестираат јавноста, но повеќе го користат политичките партии за свое позиционирање во преговарачкиот процес.Подраматично е што генерираат тензии кај граѓаните од колку што ќе постигнат ефект на спротивната страна со која треба да се преговара.“, изјави Алберт Муслиу – политички аналитичар.

И двајцата се сложни дека овие непроверени информации се дел од нашиот постизборен фолклор и дека на ниту еден начин нема да влијаат врз динамиката на преговорите и можниот резултат од истите.

Студент направил функционален Бетмобил,цел свет му завидува (ВИДЕО)

Студент од Виетнам направил функционален Бетмобил, а фотографиите и снимките од неговото возило станаа вирални на социјалните мрежи.

Со помош на еден пријател, студентот по архитектура во Ханој, Нгуен Дак Чунг (23), го направи култното возило од популарната франшиза во природна големина. Тој вели дека идејата ја добил откако го погледнал филмот со Бетмен.

„Бев толку импресиониран од автомобилот и се заљубив во него кога првпат се појави во филмот“, рече тој за VICE. Репликата што ја направил е долга 3,6 метри, широка 2,6 метри и висока 1,5 метри. Тој за Експрес Интернешнл изјави дека возилото може да вози по рамен пат со максимална брзина од 100 километри на час и удобно да прими две лица. И, што е уште поважно, изгледа многу слично на оној во филмот, со отворање на вратата како крило.

Нгуен вели дека вложил многу напор во своето возило и морал да нарача одредени компоненти од САД и Јужна Кореја, поради што поминал 10 месеци правејќи го автомобилот.

„Да, понекогаш бев многу уморен и сакав да се откажам, но секогаш кога сакав да се откажам, се сеќавав на причината зошто почнав да се мотивирам“, рече тој. „Навистина сум среќен што го видов својот изум... Горд сум на тешкотиите што ги надминав.”

Нгуен исто така рече дека сè уште го надградува автомобилот, што привлече големо внимание на Интернет, но и дека има на ум низа други проекти.

На Американците ќе им биде забрането да го симнуваат TikTok и WeChat

Пристапот до кинеските апликации TikTok и WeChat ќе биде ограничен во САД од задутре, недела, пренесува CNN.

Одлуката ја донесе Министерството за трговија, имајќи предвид дека извршните наредби на администрацијата на Трамп против овие апликации тогаш ќе стапат во сила.

Луѓето кои веќе ја имаат инсталирано апликацијата, сепак ќе можат да ја користат како и обично, но нема да можат да преземаат нови ажурирања, што наскоро може да доведе до дисфункција на апликацијата, бидејќи програмерите нема да можат да ги поправаат грешките или да прават измени.

Од недела, секоја дистрибуција или одржување на WeChat или TikTok во трговијата за апликации ќе биде забранета.

Понатамошни забрани може да се воведат подоцна, вклучително и оние насочени кон некои други апликации што може да послужат како заобиколувања.

„Денешниот потег уште еднаш докажа дека претседателот Трамп ќе стори се што е во негова моќ за да ја гарантира националната безбедност и да ги заштити Американците од закани од кинеската комунистичка партија, на нашите национални вредности, норми засновани на демократски принципи и агресивно спроведување на законите и регулативите на САД “, изјави државниот секретар за трговија на САД, Вилбур Рос.

Почна раното гласање на претседателските избори во САД (ВИДЕО)

Гласачите денеска излегоа на гласачките места во Минесота во пресрет на предизборните посети на претседателските кандидати.

Републиканскиот кандидат и сегашен претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат од Демократската партија, Џо Бајден, беа во оваа сојузна држава.

Предвремено гласање на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави започнува во три земји, според агенцијата Ројтерс.

Четириесет лица гласаа во првите 30 минути по отворањето на единствениот центар за гласање во Минеаполис, а во оваа земја Трамп загуби со мала разлика во 2016 година и посакува подобар исход на овие избори.

Гласачите во Вирџинија, Јужна Дакота и Вајоминг исто така денеска започнаа да гласаат. Некои гласачи од Минесота изјавија дека едвај чекаат да започне изборниот процес и дека сакаат да ги избегнат потенцијалните гужви на денот на изборите.

Пандемијата на коронавирус драстично ги промени изборните традиции во САД, според Ројтерс. Кампањите, патувањата се значително намалени, а голем број гласачи се очекува да гласаат во раните часови или по пошта, бидејќи многу Американци сакаат да го намалат контактот со повеќе луѓе за да спречат ширење на ковид- 19.

„Само сакав да дојдам и да завршам сè“, вели Џејсон Мајлс, 33-годишен сликар, кој чекаше многу пред да се отворат избирачките места за да гласа за Бајден. Тој вели дека не можел повеќе да чека за да гласа против Трамп.

"Бев инспириран за да дојдам првиот ден. Всушност, пред 3,5 години мислев дека ќе дојдам тука на првиот можен ден".

Сите гласачи во Минеаполис стоеја во ред со маски на лицата поради епидемијата.

Трамп беше критикуван за митинзите пред изборите, каде многумина не носеа маски. Републиканскиот претседател според државните анкети заостанува зад Бајден, додава Ројтерс, кој наведува дека Бајден има значителна предност во Минесота (10,2 проценти).

притисни ентер