МНД-Битола со серијал академски настани за делото на Блаже Конески

Македонско научно друштво-Битола во програмските активности за тековната година главен акцент ќе има на големиот јубилеј  – 100 години од раѓањето на великанот, академик Блаже Конески,  истакна д-р Невена Груевска, претседател на МНД-Битола.

На прес-конференција таа посочи дека Македонско научно друштво-Битола како најстара научна организација во државата, подготви серијал академски настани за делото на Конески.

-Една наша идеја и манифестација е составен дел на Националната програма за одбележување на големиот јубилеј и ќе ја реализираме во соработка со Педагошкиот факултет при Универзитет „Св. Климент Охридски"-Битола. Станува збор за тркалезна маса на тема „Делото на Конески – постојан извор на истражувања во науката за јазикот, литературата и културата". Но, во текот на годината ќе организираме литературни читања во чест на Конески, изложба со дела на Конески, работилница посветена на изучувањето на првото словенско писмо – глаголицата во чест на академик Блаже Конески, и во оваа прилика сакам да издвојам уште една наша активност како придонес во јубилејот, а тоа е одлуката што веќе ја донесовме, да испечатиме 1000 примероци од изданието речник и правопис „Ајде да зборуваме и пишуваме правилно македонски" кое го изработи нашиот член, лектор и писател Здравко Божиновски, и ќе им го подариме на просветните работници од нашиот регион, истакна д-р Груевска.

Македонско научно друштво-Битола во текот на годината ќе организира и настани поврзани со здравството, грижата за здравјето на секој и стручни предавања, најави потпретседателот на МНД-Битола, д-р Сашо Кочанковски.

-Во програмата предвидовме повеќе стручни предавања за јавноста за „Зачувувување и унапредување на менталното здравје во време на пандемијата Ковид-19", „Човечките ресурси – столб на здравствениот систем", ќе организираме семинар за екологија и климатски промени, научно-стручна дискусија за еколошките кривични дела, климатските промени, правото на здрава животна средина, уништувањето на планетата Земја и Ковид-19, а најновиот број на стручно-научното списание „Прилози" чиј издавач е МНД-Битола ќе биде на тема „Академски погледи и истражувања за борбата против Ковид-19", посочи д-р Кочанковски.

Првата програмска активност во оваа година МНД-Битола ќе ја реализира утревечер со онлајн научно стручна дебата на тема „Родова еднаквост и заштита на жените од насилство: приоритет или предизвик?" на која ќе учествуваат јавниот обвинител Фатиме Фетаи, Бојана Јовановска од Хелсиншки комитет за човекови права, Наташа Бошкова од Коалиција „Маргини" и Фатма Бајрам Аземовска од здружението „Сумнал"-Битола.

Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

ДИК: Гласањето се одвива мирно, поголема за 9% е излезноста во однос на минатите избори

Претседателот на ДИК ги соопшти најновите резултати од претседателските избори. 

Најголема излезност е во Новаци од 67,19 % , а најамала во Пласница само 19%, рече Даштевски.

Видео: Коњи трчаат низ центарот на Лондон, еден е облеан во крв

Жителите на Лондон утринава забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеле седла и узди.

„Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава дека коњи без сопственици трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило за да ги однесеме на ветеринар“, соопшти полицијата.

Скај њуз вели дека коњите припаѓаат на дворската коњаница, дел од британската армија. На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот на кои се гледа како црн и бел коњ трчаат по улицата. Набрзо зборуваше портпаролот на армијата.

„Одреден број воени коњи се олабавиле за време на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. За време на инцидентот се повредени одреден број вработени, како и коњите. На сите им била укажана лекарска помош ," вели тој .

Извор: Индекс.хр

притисни ентер