Mладите сакаат да се иселат, не се спроведува стратегија за спречување на одливот на мозоци

Две третини од младите се со план да се иселат од државата, открива анализата на стратегијата за „Одлив на мозоци“ за периодот од 2013 година до 2020 година.

Причините не финансиски, туку и поради квалитетот на образованието, здравството и владеењето на правото. Според податоците на мрежата, 29 % од високообразованите млади луѓе живеат во странство.

Проблемот со емиграција на младото работоспособно население долго време е ставан под тепих, велат од мрежата и бараат од од инстуциите систематски пристап.

Според нив, неопходно е поголема усогласеност меѓу институциите за поефикасна борба против заминувањето на младите од државата.

Иако со овој проблем се соочуваат многу земји во светот кои што се во развој, Естонија и Ирска се позитивен пример, тамошните стратегии за враќање на младите од работа во странство имаат конретен акциски план и бенефиции за отворање работни места, кои што изминатите 20 години се покажале како доста ефикасни.

На државно ниво нема точна бројка колку граѓани се иселиле од земјата, пописот од 2002-рата година е последната точна статистика за бројот на иселени. Единствено светска банка располага со податок дека изминатите 10 години половина милион граѓани се иселиле од земјата од кои најголем дел се млади.

Албанија бележи рекордни странски инвестиции, доминираат вложувањата во недвижен имот

Централната банка на Албанија оценува дека растот на странските инвестиции е главен фактор за зајакнување на домашната валута - лекот.

Во првата половина на годинава Албанија забележала рекорден износ на странски инвестиции или 749 милиони евра што за 55 милиони повеќе во споредба со истиот период минатата година и 113 милиони евра повеќе во споредба со 2022 година, објави Централна банка на Албанија.

Според истиот извор само во вториот квартал, странските директни инвестиции се проценети на 395 милиони евра, со раст од околу четири отсто на годишно ниво. Најмногу вложувале Холандија, Италија и Турција.

- Во вториот квартал од 2024 година, влезните девизни текови во форма на странски директни инвестиции главно биле концентрирани во недвижности во обем од 25 проценти, секторот за финансиско посредување, нафтата и транспортот. Интересот за недвижности е директно поврзан со интересот на странците да купуваат имот и куќи, особено на крајбрежјето, наведува Банката.

Централната банка на Албанија оценува дека растот на странските инвестиции е главен фактор за зајакнување на домашната валута - лекот, бидејќи директно влијае на зголемувањето на оптекот на европската валута во албанската економија.

Годинава, вредноста на еврото доживеа рекорден пад, и сега се менува за 99 леки. /МИА

Замрзнати цени или ограничени маржи – владата во вторник ќе носи одлука за ограничување на цени

Утре ќе се знае што се ќе влезе во „Есенската кошничка“, министерството за економија ќе ги претстави најавените анализи пред тие во вторник да се најдат на гласање на владина седница. 

Според најавите во неа треба да се најдат зеленчукот, овошјето, месото оризот гравот, пекарските производи и уште неколку неопходни производи во секојдневието за да се амортизираат трошоците на граѓаните, но засега останува непознато на кој начин тоа ќе се направи.

-Според најавите за есенската кошничка се очекува интервенција во околу 100тина производи, но засега останува непознато, дали ќе се ограничи маржата или пак ќе се намалат цените.

Граѓаните велат дека цените на пазарите и во маркетите се се повисоки правејќи го месецот се потежок за протуркување. Според нив, неопходните производи мора да бидат подостапни.

-Треба лебот, пецивата и млечните производи и зеленчуков е многу скап ама не верувам, тешко. Не верувате дека ќе се намали? Не, не, сите бараат повеќе пари. /Сите што се важни за секојдневна прехрана, тоа е најважно за ситуацијава. Сирењето беше 200, 250, сега под 350 денари нема сирење, обично сирење бело./ Месото, млечните производи, можеби зејти, зеленчук, ама не верувам./Има илјадници производи, но генерално ако се земе, тие што се посекојдневни потреби на човекот. Млечни, зеленчукот исто, овошјето. Имате овошје кое по 200% е зголемена цената од кога е земено кај производителот.

Но, дел од нив не очекуваат интервенцијата во цените да направи голема разлика, други пак воопшто да има намалување.

-И да се намалат цените, нема да се подобри стандардот на народот заради тоа што е огромна разликата меѓу примањата и она што е нужен трошок во месецот. Не верувам дека нешто ќе се подобри. А очекувате дека ќе има намалување? Епа малку, за да си направат реклама, ќе направат намалување. /Не верувам дека ќе се намалат, верувам дека ќе се примени законот од 28 септември за ограничена маржа.

Според „Фајнанс Тинк“ ваквите мерки досега се преземале кога стапката на инфлација била над 10%, во услови на нарушување на пазарните механизми, што сега не е случај. Тие велат дека истата се применува во исклучителни ситуации и алатката треба внимателно да се користи.

Од ССМ пак, предводен од Слободан Трендафилов кои постојано се жалат на зголемување на пазарната кошничка сега не сакаа да коментираат. Велат ќе чекале да видат што ќе содржи понудата.

Македонија минатата година ја заврши со инфлација од 9,4%, додека проекциите за до крајот на годинава се дека таа ќе биде на ниво од 3,5%.

Уролозите бараат и вакцината BSG да се стави на позитивната листа на лекови

Вакцината BSG која е имуно терапија за оперираните пациенти со тумор на бешиката да се стави на листата на позитивни лекови, бара Македонското здружение на уролози и пациентите кои имаат ваква состојба. 

Професорот Дохчев објаснува дека оваа вакцина е многу важна кај оперираните пациенти кои имаат рецидив или повторено враќање на тумор на мочниот меур. Вакцината дава локален имунитет и се користи 30 години во начинот на лекување.

„Често се бориме со карциномот на мочен меур со БСГ вакцина, таа и истата вакцина само многу појачана во огромни колични дози и се користат живи бактерии на туберкулоза, но ослабени не патогени да не предизвикаат болест. и од 2.13 Ова се нарекува имуно терапија со цел да се зголемува локланиот имун одговор. “-Проф. Др Сашо Дохчев Клиника за урологија

Уролозите велат дека целиот процес на лекување чини околу две илјади евра и се дава по одредена шема определена од страна на доктор. Уролозите ќе поднесат и писмено барање до министерството за здравство овој лек се стави на позитивна листа.

„ Драго ми е ако министерот има слух и може да не разбере да се стави на позитивна листа зошто овој лек е многу скап. И од 5.29 И овој лек кончено да се стави на позитивна листа навистина предизвикува големи трошоци кај граѓаните“, изјави Дохчев.

Инаку од утре во аптеките ќе се издаваат новите лекови кои беа ставени на позитивната листа на лекови. На новата листа опфатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, лекови за третман на депресија, како и за деменција.

притисни ентер