Младен Јаневски: Уништувањето и асимилацијата на македонскиот народ нема да им помине

Треба да им е јасно на сите кои упорно работат за уништување на овој народ дека уништувањето и асимилацијата на македонскиот народ нема да им помине

Ние младите секогаш и сме биле и носители на промените во Македонија, ние сме тие кои ќе го носат бајракот на слободата затоа што ова свето парче земја е наш дом, нашата татковина, наш аманет и наша последна тврдина за која треба да се бориме, изјави студентот Младен Јаневски на денешниот протест насловен „Ултиматум, НЕ благодарам“.

Јаневски додаде дека нашата Македонија потребно е да ја направиме едно подобро место за живеење.

Тој додаде дека ние младите апсолутно никогаш нема да бидеме бледи посматрачи на уништувањето на Македонија и тоа треба да им е јасно на сите кои упорно работат за уништување на овој народ

„Низ историјата, Македонците се бореле многу. Се бореле за да го дигнат својот глас, за да кажат дека постоиме и дека овдека се наоѓа еден народ кој е пиреј и не го ништи ниту една војска. Уништувањето и асимилацијата на македонскиот народ нема да им помине овој пат. Ние Македонците сме губеле битки но никогаш не сме губеле војни“, рече Јаневски.

Јаневски посочи дека токму затоа денес ќе добијат уште едно големо НЕ, затоа што ниту јас ниту вие ниту нашите предци не се бореле за понижена, уништена, омаловажувана Македонија. Ова е свето парче земја.

Халанд беше опоменат поради пцуење, новинарот го цензурира (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд ги постигна двата гола на Манчестер Сити во победата над Вест Хем (2:0) на отворањето на англискиот шампионат и со тоа на најдобар начин се претстави во новата лига, во која пристигна како голема ѕвезда од Борусија Дортмунд.

Зборувајќи со новинарот на Скај, Џеф Шривс, по натпреварот, тој двапати опцу.

„Добар почеток, нема што друго да се каже. Беше добро да се настрапи , да се добие минутажа во раната фаза, но ќе биде добро“, рече Халанд.

Тренерот Пеп Гвардиола го извади од игра во 78. минута. Тој беше запрашан дали се кае што не постигна хет-трик. Поради неговиот одговор, Скај мораше да ја цензурира изјавата. „Видовте што направи Илкај Гундоган откако излегов, требаше да бидам таму. Сра*е, но тоа е“, рече тој, што го поттикна Шривс да го замоли да внимава на речникот.

„Сра*е, извини. Не зборувам добро во оваа земја“, рече потоа Халанд и му се насмеа на репортерот. Првиот гол, норвешкиот напаѓач го постигна во 36. минута од пенал, кој сам го доби, додека вториот падна во 65. кога Кевин де Бруин му даде топка, а тој го намести на левата нога и погоди.

САД испраќаат досега најголем пакет оружје за Украина

Соединетите Американски Држави денеска ветија дека ќе ѝ испратат на Украина нов пакет оружје и воена опрема во вредност од милијарда долари.

Новиот пакет оружје ќе вклучува ракети за моќни повеќецевни ракетни фрлачи HIMARS, илјадници артилериски гранати, минофрлачи, рачни противтенковски ракети Javelin и друга муниција и опрема.

Така, вредноста на оружјето и опремата што Америка ги испратила или ќе ги испрати во Украина од почетокот на руската инвазија достигна 9,1 милијарди долари.

„Поминаа речиси шест месеци од почетокот на неиспровоцираниот и брутален напад врз Украина. Русите продолжуваат да ги уништуваат украинските градови и села. Претседателот Бајден јасно изјави дека САД ќе продолжат да го поддржуваат украинскиот народ во одбрана од руската агресија, без разлика колку долго е потребно “, изјави денеска американскиот шеф на дипломатијата Антони Блинкен.

„Како дел од тие напори, денеска, со одобрение на претседателот Бајден, го одобрив досега најголемиот пакет американско оружје и воена опрема за Украина“, рече Блинкен.

Локализиран пожарот кај Дојран и Богданци

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци е локализиран со здружени и координирани сили, со дејство и од земја и од воздух. 

Огнот е опкружен и догорува само во контролирани површини, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи.

Со локализирање на пожарот се прегрупираат силите за негово догасување. Дел од луѓето на терен ќе дежураат до рано наутро кога е предвидено вработени од Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија да ја проценат ситацијата на локализираниот пожар, по што ќе се одлучи како ќе се дејствува за негово догасување, велат од ЦУК.

За гасење на пожарот во текот на денот беа ангажирани еден полициски хеликоптер, еден армиски хеликоптер и авионот „ер трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување заедно со пожарникари и вработени во шумските стопанства и комунални претпријатија од Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Валандово и Струмица, а помогна и дел од локалното население.

притисни ентер