Млад Палестинец давал интервју за CNN и NBC, па го привеле израелски војници (ВИДЕО)

Мохамед Ел-Курд е млад палестински активист и автор, но исто така и жител на областа Шеик Џарах во источен Ерусалим и еден од неколкуте десетици Палестинци кои станаа своевидни sвезди на социјалните мрежи во последните неколку дена.

Имено, неговите гостувања на Си-Ен-Ен и МСНБЦ, во кои тој одлучно ги бранеше правата на своето семејство и сонародниците да останат во нивните домови и ги обвини израелските власти за „етничко чистење“ и „насилно одземање на имотот“, брзо станаа вирални на социјалните медиуми, особено во кругови критички настроени кон Израел и политиката на израелската влада кон жителите на окупираните или блокирани палестински територии.

Но, според новите извештаи, Ел-Курд е приведен во средата, само еден ден откако се појавил на Си-Ен-Ен и МСНБЦ.

Израелски војници дошле во областа Шеик Џарах и насилно ги одвеле Ел-Курд и другите членови на неговото семејство, пренесува американскиот портал Дејли Бист.

Видеото објавено на Твитер покажува двајца војници кои го водат Ел-Курд по улицата кон полициската ограда што го опкружува соседството, потоа оттурнуваат жена која им пришла викајќи на арапски јазик „оставете го“ и се обидела да ја фати за рака младиот Палестинец.

Друго видео покажува дека неговата сестра Муна Ел-Курд и другите собрани Палестинци се туркани.

Ел-Курд потоа на Твитер објавил дека е „добар и бестрашен“, објаснувајќи дека тој вечерта бил на протест во неговото соседство со други Палестинци.

"Неколку забелешки: Нашиот протест беше мирен, веројатно беше насочен кон ова (не велам дека ненасилството е супериорно). Доселениците, на кои им е дозволено да доаѓаат додека нè бркаат, се вооружени со ножеви и пиштоли. Војниците се однесуваа анималистички вечерва, завивајќи. Тие исто така зјапаа во нас. Многу се лути “, додаде ал-Курд.

Да потсетиме, планираното иселување на семејството Ел-Курд и уште неколку палестински семејства од оваа населба во Источен Ерусалим беше првата причина за големите палестински протести во Ерусалим кои потоа прераснаа во судири со полицијата, а потоа и во невидени масовни ракетни напади на Хамас од Газа врз цивили цели во Израел, како и насилни израелски контранапади врз Газа.

Во Газа досега се убиени најмалку 109 лица, од кои 28 деца и 15 жени. Од друга страна, седум Израелци се убиени, вклучувајќи еден војник и двајца израелски Арапи. Стотици се повредени од двете страни.

МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Понеделник, вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, неработен за граѓаните од католичка вероисповед.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците, 1 април 2024 година (понеделник) вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.

АВМУ: Донесено упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024

 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), со цел појаснување на начинот на примена на правилата од Изборниот законик донесе упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.

Како што соопштија денеска од АВМУ, со упатството се опфатени правилата за лимитите за платеното политичко рекламирање (ППР), означувањето на нарачателот на рекламирањето, распределбатата на времето во вести кај Јавниот сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал, обезбедувањето пристапност на содржините за изборниот процес за лицата со попреченост, правилата за известување во деновите на изборниот молк особено за периодот на преклопување на двата изборни процеси.

- За време на изборната кампања за Претседателските избори, во првиот круг на гласање, радиодифузерите може да емитуваат вкупно девет минути и триесет секунди дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма, исклучиво наменети за ППР. Во упатството е точно утврдена распределбата на овие минути меѓу седумте подносители на листи/кандидатите за претседател. Во вториот круг на гласање вкупното време за ППР ќе зависи од времето за ППР што го користат подносителите на листи/кандидатите за претседател кои ќе ја продолжат изборната кампања во вториот круг, се наведува во соопштението.

За време на изборната кампања за Парламентарните избори, се појаснува во соопштението, радиодифузерите имаат право на дополнителни девет минути и триесет секунди за рекламирање на реален час, исклучиво наменети за ППР. По потврдувањето на поднесените листи на кандидати за пратеници од страна на Државната изборна комисија, Агенцијата соодветно ќе го дополни упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.

- За време на изборниот молк за Претседателските избори, на 23 и на 24 април (до 19 часот) 2024 година, продолжува изборната кампања за Парламентарните избори, но запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи за двата изборни процеси, се додава во соопштението од АВМУ.

Јавниот сервис и телевизиите на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, треба да емитуваат содржини поврзани со изборниот процес во формат пристапен за лицата со попреченост.

Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024 е достапно на веб страницата www.avmu.mk.

Коалиција Вреди: ДУИ во руско сценарио бара лек за изборниот пораз

Навреме предупредивме дека очајниот ДУИ смислил сценарио за предизвикување политичка криза после првиот круг на претседателските избори со цел да избегне чесно признавање на извесниот пораз.

Нивен сон е Техничката Влада на Талат Џафери да опстои повеќе од предвидените 100 дена.

Бујар Османи избегнува одговор на многу логичното прашање што правел како претседавач со ОБСЕ во текот на 2023 за оваа меѓународна институција да оцени дека постои потенцијал за нарушувањето на безбедноста во изборниот процес и го зголеми бројот на набљудувачи. Исто така молчи дали Османи како домаќин на Лавров го прашал за рецептот за суспендирање на демократската волја на граѓаните.

Но, контурите на ова РУСКО сценарио полека излегуваат на виделина. Владата на Талат Џафери незаконски спречува поставување на началник и дополнителен началник на СВР Тетово за да може да ги злоупотребува партиските војници на ДУИ инсталирани во полицијата во кампањата. Потврда за ова е последниот скандал со училиштето во Житоша кое не само што е претворено во штаб на ДУИ, туку во него полицајци отворено агитираат за Али Ахмети, се фотографираат и објавуваат на социјалните мрежи.

Очекуваме дека раководството на МВР соодветно ќе ги евидентира и санкционира овие девијации од страна на полициски службеници.

Јасно им порачуваме на полициските службеници и останати кадри на ДУИ во државните институции, добро да размислат какви партиски задачи прифаќаат и спроведуваат. Ништо не може да ја смени реалноста. ДУИ после 08 мај преминува во опозиција и за секој нивен кадар кој се огрешил пред законите ќе следи соодветна правосудна постапка. Добро е секој партиски активист на ДУИ да размислува трезвено и да не се впушта во незаконски авантури лажно верувајќи дека ќе продолжат кариерите на Али Ахмети, Бујар Османи и Артан Груби.

Знаеме дека исплашеното раководство на ДУИ и нивните коалициони другарчиња се подготвени на различни предизборни далавери, но треба да земат предвид дека на секој обид за спречување на слободно, фер и демократско гласање на Албанскиот народ, жестоко ќе одговориме. Ништо не може да ги спречи промените. Гласачите уште повеќе се мотивираат да гласаат против ДУИ кога ги гледаат овие нивни очајнички потези. Бранот е тргнат и тој секојдневно ќе расте додека не се претвори во цунами за ДУИ на изборите.

Коалиција Вреди

притисни ентер