Митрополит Тимотеј: Вартоломеј може да додели автокефалност - Канал 5

Митрополит Тимотеј: Вартоломеј може да додели автокефалност

Вартоломеј може да додели автокефалност, но прашање е дали тоа ќе го прифатат сите цркви.

Митрополит Тимотеј: Вартоломеј може да додели автокефалност

Одлуката на вселенскиот патријарх Вартолмеј за признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија како канонска е добар потег, зашто црквата и народот повеќе не се во изолација, но за добивање на автокефалност ќе мора да има договор со СПЦ, вели портпаролот на МПЦ-ОА, миторполитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски, Тимотеј.

– Ова е добар потег на Вселенската патријаршија или на г-дин Вартоломеј, како поглавар или патријарх вселенски. Тоа значи дека јерархијата и народот не се веќе во изолација, како што 55 години беше, туку може да сослужува рамноправно со останатите православни хиерарси низ целиот православен свет, според законот или прописот на Вселенската патријаршија. Но, прашање е дали сите православни цркви тоа ќе го примаат како релевантно или ќе имаат свои поинакви ставови и мислења, наведува митрополитот Тимотеј во интервју за Гласот на Америка.​

За тоа кои се следните чекори до целосна автокефалност на МПЦ-ОА, тој посочува дека разговорите со СПЦ продолжуваат се додека не се постигне посакуваната цел, а тоа е автокефалност која ќе биде призната не само од една црква, туку од сите.

– Кога тоа ќе се случи, тогаш ќе ви кажеме. Според договор на сите православни цркви кои учествувале во Шембези близу Женева, каде Цариградската патријаршија има свој културен центар со учество на делегации на сите православни цркви е изграден став како може да се дојде до томос, односно до признавање на една автокефална црква и со тој договор треба најпрво да се согласи црквата од каде се излегува. Во случајот на МПЦ, хиерархија добиваме преку Српска православна црква. Значи треба СПЦ да предложи до останатите православни цркви, а потоа томосот да го потпишат заедно и српскиот и евентуално цариградскиот патријарх или цариградскиот и останатите. Но, кога ќе биди тоа, не зависи од нас. Ние се молиме и работиме на тоа, истакнува митрополитот Тимотеј.​

Прашан што доколку СПЦ не се согласи, и дали вселенскиот патријарх има овластување сам да го потпише томосот, Тимотеј вели тоа може да го направи, но прашање е дали ќе биде валидно за сите православни цркви.

– Знаете дека во овој момент има голем судир помеѓу Москва и Цариград. Така да нема да го примат. Како што веќе има изјави од Москва и за ова решение на Цариград, дека тие тоа не го признаваат, а ние не сме заинтересирани да не бидеме признати од Москва. Сепак, тоа е најголема православна земја и најголем православен народ, изјави владиката Тимотеј.​

За ставот на Руската православна црква, која се изјасни дека ги признава исклучиво правата на СПЦ во С Македонија, тој вели дека Москва си ги штити своите интереси визави Цариград, поради Украина.

– И тоа е легитимно нивно право. Дали јас се согласувам или не се согласувам тоа е друго прашање, додава митрополитит Дебарско-кичевски.​

Реакциите од Бугарија, пак, дека тие биле единствени наследници на Охридската архиепископија, владиката Тимотеј ги оценува како „глупост, и ништо повеќе".

Судијка ја блокираше забраната на Трамп за прием на странски студенти на Харвард

Федерална судијка синоќа ја блокираше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во намерата за спроведување на неговиот план за забрана за студирање на  странци на Универзитетот Харвард.

Судијка ја блокираше забраната на Трамп за прием на странски студенти на Харвард

Федерална судијка синоќа ја блокираше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во намерата за спроведување на неговиот план за забрана за влез на странски државјани во Соединетите Држави за студирање на Универзитетот Харвард.

Алисон Бароуз, федерална судијка во Бостон, издаде привремена забрана со која го блокира најновиот обид за ограничување на можноста на Харвард да прима меѓународни студенти.

Привремената забрана ја продолжува привремената забрана што таа ја издаде на 5 јуни, еден ден откако Трамп потпиша проглас за ова прашање „од загриженост за националната безбедност“.

Трамп го стори тоа откако веќе замрзна милијарди долари финансирање за најстариот и најбогат универзитет во Америка, заканувајќи се дека ќе го укине неговото ослободување од данок и покрена неколку истраги за универзитетот.

Инаку, со одлуката на Трамп ќе им се забранеше на странските државјани да влегуваат во Соединетите Држави за да студираат на Харвард или да учествуваат во програми за размена за почетен шестмесечен период, а државниот секретар Марко Рубио ќе мора да одлучи дали да ги поништи визите за меѓународните студенти кои веќе се запишани на Харвард.

Сепак, Бароуз рече дека администрацијата на Трамп веројатно ги крши правата на Харвард за слобода на говорот од Првиот амандман со тоа што се одмаздува на универзитетот за тоа што одбива да ги исполни неговите барања да се откаже од контролата врз наставната програма и приемот на факултетот, и со тоа што го таргетира врз основа на она што официјалните лица го сметаат за левичарски тенденции на универзитетот.

Универзитетот Харвард соопшти дека одлуката ќе му овозможи да продолжат да прифаќаат меѓународни студенти и научници додека трае случајот.Раководството на престижниот Универзитет воедно дополнува дека ќе продолжи да ги брани правата на универзитетот, неговите студенти и неговите научници. Речиси 6.800 меѓународни студенти го посетувале Харвард во последната година, што претставува околу 27 проценти од студентското тело.

Видео: Поплавите урнаа вијадукт во Кина, камион виси преку работ

Жителите во ранливите заедници добија наредба да побараат засолниште на повисоки места откако неколку реки во кинеската покраина Гуиџоу се излеаја од коритото по неколкудневните обилни дождови.

Видео: Поплавите урнаа вијадукт во Кина, камион виси преку работ

Најмалку два града покрај реката - Конгѓанг и Ронгѓанг - секој со население од повеќе од 300.000, во вторник ги замолија жителите што живеат покрај брзорастечките реки и во ниските области да се евакуираат.

Планинската покраина Гуиџоу и други делови од јужна Кина се погодени од поројни дождови од минатата недела, бидејќи годишната сезона на монсуни во Источна Азија го достигна својот врв, кршејќи рекорди на врнежи од дожд во делови од Кина.

Иако Кина е позната по летните поплави, некои научници предупредуваат дека климатските промени носат пообилни и почести дождови. Масивните поплави би можеле да предизвикаат екстремни последици како што се уривање на брани, велат владини претставници.

Свлечиште урна столбови на вијадукт

На автопат до Ронгѓанг, вијадукт се урна денес откако лизгање на земјиштето собори бетонски столбови и однесе дел од патот по падина, објавија локалните медиуми.

На други места во Гуиџоу, многу автопати беа блокирани од лизгање на земјиштето.

Во градовите, поплавените улици го парализираа локалниот сообраќај, а подземните паркинг гаражи и подрумите на трговските центри беа под вода.

Се очекуваат повеќе дождови во следните неколку дена, прогнозираат државните метеоролози, предупредувајќи дека провинциите, вклучувајќи го и Гуиџоу, погодени од преклопувачки бури, треба да бидат особено внимателни.

Топлотен бран во Пекинг

Од друга страна, провинциите северно од сезонскиот појас на дождови, вклучувајќи го и главниот град Пекинг, беа преплавени со температури близу 40 степени Целзиусови.

Во годишниот извештај од понеделник, Светската метеоролошка организација на Обединетите нации предупреди дека Азија се затоплува речиси двојно побрзо од глобалниот просек, поттикнувајќи екстремни временски услови и имајќи големо влијание врз регионот.

Извор: Индекс.хр

Муцунски денеска и утре на самитот на НАТО во Хаг како дел од делегацијата предводена од претседателката Сиљановска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе учествува на самитот на НАТО во Хаг.

Муцунски денеска и утре на самитот на НАТО во Хаг како дел од делегацијата предводена од претседателката Сиљановска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе учествува на самитот на НАТО во Хаг, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Самитот го следи Александар Видиновски.

Александар каква е агендата за денеска?

Муцунски денеска и утре на самитот на НАТО во Хаг како дел од делегацијата предводена од претседателката Сиљановска.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

притисни ентер