Митревски: Ќе ја подобриме безбедноста и заштитата при работа

Во Македонија е направен напредок во делот на законската регулатива за безбедност и здравје при работа, но се уште има простор за подобрување, оценува претседателот на Сојузот на синдикати Живко Митревски во интервју за МИА.

- Иако во Македонија е направен значаен исчекор во делот на регулативата, сепак, самиот факт што во текот на минатата година имаше 98 несреќи од кои, за жал, според информациите што ги имавме, околу 28 се со смртни последици, зборува дека се уште има огромен простор во кој треба да дејствуваат сите чинители. Мислам дека со реализација на сите социјални партнери, вклучително и државата, мора да го подигнеме нивото за обезбедување безбедни работни места, вели Митревски.

Од Синдикатот најавуваат иницијатива за измени на Законот за безбедност и здравје при работа кои ќе се однесуваат на зголемување на улогата на претседателот на синдикалната организација во делот што се однесува на безбедноста и здравјето при работа.

- Нашата оценка е дека синдикалецот мора да биде вклучен во овие активности. Измените се насочени кон тоа дека претседателот на синдикатот мора да биде информиран за сите видови активности поврзани со безбедноста, а посебно писмено да биде известен за сите видови повреди за колективни несреќи, повреди на работа што предизвикуваат времена неспособност за работа во траење повеќе од три дена, како и за секоја појава која претставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените, истакнува Митревски.

Тој нагласува дека во споредба со минатите години има подобрување во делот на безбедноста на работните места и очекува дека со засилените контроли на Министерството за труд и социјална политика и со законските измени што ги бараат ќе обезбедат значително подобра положба во делот на безбедноста и здравјето при работа.

Во интервјуто што во целост ќе биде објавено утре, Митревски говори и за Законот за мобинг и за измените на Законот за минимална плата. /Извор: МИА/

Доктор за младешкиот изглед на Анџелина Џоли (48): „Тоа се должи на една операција“

Анџелина Џоли го привлече вниманиото на неодамнешната премиера на Бродвеј на мјузиклот „The Outsiders“, чиј продуцент е и таа.

Нејзините фотографии од овој настан се проширија на социјалните мрежи, а фановите ја опсипуваа со коментари и напишаа дека е „најубавата жена на светот“ и дека изгледа „се помладо“.

Британскиот пластичен хирург Џони Бетериџ, кој често ги анализира лицата на познатите на социјалните мрежи, во видео на Инстаграм ја коментираше безвременската убавина на 48-годишната актерка.

„Анџелина има неверојатно убави црти на лицето“, истакна тој.

Тој ги спореди нејзините стари и нови фотографии и заклучи дека се видливи траги од естетската хирургија. Тој верува дека младешкиот изглед на Анџелина се должи на операцијата наречена „deep plane facelift“, која дава природен изглед. Имено, се работи за хируршка процедура која се користи за подмладување на лицето и вратот.

Џони претходно го анализираше лицето на Бред Пит откако луѓето на социјалните мрежи напишаа дека не им се верува колку добро изгледа актерот на 60 години.

Извор: Индекс.хр

Ндика ја напушти болницата „без срцева патологија“

Дефанзивецот на Рома, Еван Ндика (24), кој колабираше на теренот поради болки во градите на натпреварот против Удинезе во неделата, ја напушти болницата во Удине.

„Новите прегледи покажаа дека тој не боледува од срцева патологија“, соопшти вечерва неговиот клуб.

Ндика колабираше на теренот со болки во градите во 72. минута од натпреварот. Медицинската служба веднаш влезе на теренот, опремена со дефибрилатор, кој не беше употребен. Фудбалерот од Брегот на Слонова коска беше изнесен на носилки, во свесна состојба и веднаш беше пренесен во локалната болница, а натпреварот прекинат.

- На првиот и вториот степен на кардиолошки прегледи кои беа извршени не е откриена срцева патологија. Со оглед на последните прегледи направени во понеделник наутро, клиничката слика е компатибилна со градна траума со минимален лев пневмоторакс. Нови прегледи ќе бидат направени подоцна во Рим“, соопшти Рома.

Дуелот беше прекинат при резултат 1-1, а италијанската лига до крајот на неделата мора да го објави датумот на завршување на натпреварот кој е важен за двете екипи. Рома е во трка за пласман во Лигата на шампионите, а Удинезе се бори за опстанок во Серија А. /МИА

Педри сака да остане во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Педри потврди денеска дека неговите планови се да остане во Барселона,

„Многу сум смирен бидејќи знам дека Барселона ќе го исполни тоа што ми го вети. Веќе разговаравме за новиот договор. Барса отсекогаш бил клубот од моите соништа“, изјави 21-годишниот шпанскиот репрезентативец.

За новиот договор меѓу Барселона и Педри, според добро информираниот италијанскиот новинар Фабрицио Романо, ќе се разговара во наредните недели.

Педри дојде во Барселона од Лас Палмас во 2020 година./МИА

притисни ентер