Митрески: ВМРО-ДПМНЕ во Собрание блокира се што е во интерес на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието кочи се што е во интерес на граѓаните, на општините, на државата.

Наместо да се посветат на интересите на граѓаните, на оние кои ги бирале, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се посветени на блокади, деструкции за лични и партиски интереси.

Во Комисијата за финансирање и буџет, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ упорно го кочат Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија. Со него се предвидува задолжителен отпис на каматите од страна на доверителите, како и репрограмирање на долговите и трошоците на јавните претпријатија, со цел нормално функционирање на јавните претпријатија и непречена реализација на нивните развојни активности.

Овој Закон е влезен во собраниска процедура од 01.10.2020 година, точно пред 11 месеци.

Во истата комисија ВМРО-ДПМНЕ го блокира и Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во услови на ковид-19.

Со овие законски измени Јавните комунални претпријатија, Јавните претпријатија и Управата за Јавни приходи, како и на општините и на сите други институции од јавните дејности, ќе им се нареди да ги простат и избришат долговите на граѓаните, по основ на камати во висина од 100%. Ова се однесува на сите физички лица во државата и овој Закон е влезен во процедура по скратена постапка од први јули 2021 година, пред 3 месеци.

Закочен е заемот кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка за дополнително финансирање на проектот за поврзување на локални патишта.

Со него треба да се обезбедат дополнителни 37 милиони евра за делумна или целосна реконструкција на улици во речиси сите општини.

Во Комисијата за труд и социјална политика, деструктивното ВМРО-ДПМНЕ ги кочи измените на Законот за работни односи, со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од работниците.

Овие измени кои треба да стапат на сила на први октомври ќе обезбедат соодветна рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работниците.

Да напоменам дека сме добиле и десетици писма од ССМ кои не повикуваат нас пратениците политиката да ја оставиме на страна кога станува збор за правата на работниците. Жалам што ВМРО-ДПМНЕ го кочи и овој Закон кој што го очекуваат голем број на работници.

Понатаму, во Комисијата за образование и наука, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со сите сили ги кочат законските измени кои треба да обезбедат трајно вработување на 4.700 наставници и стручни соработници во основните и средни училишта, очигледно е дека уште живеат во тој филм дека работниците, наставниците треба да се плашат секоја година дали ќе ги зачуваат своите работни места.

Со овој Закон се предвидува и зголемување на платите, при секое зголемување на минималната плата, сите сте сведоци колкав е растот на минималната плата и сите сте сведоци дека ако основицата за пресметка биде минималната плата колкав ќе биде растот на платите на вработените во образование, но предвидува и исплата на додатоци за плата за претходно стекнати педагошки звања како резултат на успешност во работењето, додаток за одделенско односно класно раководство, за работа во комбинирана паралелка и за работа во ридско планинско подрачје кои им следуваат а кои досега законски не беа уредени.

ВМРО-ДПМНЕ се противи и на измените на Законот за служба во Армијата со кои војниците ќе имаат право на избор, ќе имаат можност дали да продолжат во јавна служба или да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години возраст, како и дополнителни поволности при пензионирање. Овој Закон е во процедура од февруари односно точно од пред седум месеци.

Периодот во кој многу професионални војници наполнија 45 години и имаа можност да го искористат ова право, но за жал во овој период тоа не се случи.

Преку 40 закони блокирани на Комисиите чии претседатели се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, закони со кои се врши усогласување со Законот за прекршоци.

Нема друго образложение освен тоа дека ВМРО-ДПМНЕ сака и понатаму граѓаните да плаќаат повисоки казни како што тоа беше во нивното 11 годишно владеење со страв и закани. Овие закони се влезени во процедура од денот на конституирање на овој парламентарен состав што значи пред повеќе од една година.

Сето ова е показател за деструктивното, лицемерно и неодговорно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ.

Како ниту една опозиција во светот, ВМРО-ДПМНЕ е насочена директно против интересите на граѓаните, против интересите на сопствената држава.

Таквото нивно однесување граѓаните ќе го ценат и соодветно ќе го казнат, како и многу пати досега.

Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата

Пендаровски: На 8 мај двојна победа за сите нас и за Македонија

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска беше меѓу жителите на општината Чучер-Сандево.

Заблагодарувајќи им се што одлучиле попладнето да го поминат со него, Пендаровски рече дека на 8 мај е загарантирана двојната победа.

„100% победуваме. На 8 мај ќе славиме за двојната победа за сите нас и за Македонија", истакна Пендаровски.

Говорејќи за досегашната работа на актуелната политичка гарнитура, Пендаровски го истакна членството во НАТО, како најголема организација која ја гарантира безбедноста и стабилноста на сите членки без исклучок. „Без пријатели, мала земја како нашата, тешко може да опстане“ потенцираше Пендаровски.

Тој ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање на 24 април, да заокружат број 1 и да добијат гаранција за подобра иднина на нивните деца и на нивните внуци, соопштуваат од тимот на Пендаровски.

Салма Хаек со поќерката ги привлече сите погледи во Венеција (ФОТО)

Салма Хаек и нејзината 23-годишна поќерка Матилда Пино привлекоа внимание на гала вечерта во Венеција, каде се појавија во елегантно издание.

57-годишната актерка пристигна во долг син фустан со светки, додека Матилда носеше сребрен фустан. Со нив бил и Франсоа-Анри Пино, сопругот на Салма и татко на Матилда.

Актерката е во брак со бизнисменот Франсоа-Анри Пино од 2009 година. Салма ја има ќерката Валентина Палома со Пино. Бизнисменот од врската со Линда Евангелиста го има синот Аугустин Џејмс, а од првиот брак со Дороте Лепер ја има ќерката Матилда и синот Франсоа.

Од почетокот на врската со Пино, Салма развива добри односи со неговите деца. Таа неколку пати објавуваше заеднички фотографии.

Димитриеска Кочоска: Платформа 1198 значи повисок стандард, раст на БДП од 5% на среден рок

Состојбата е катастрофална во секоја сфера. Главниот проблем е тоа што државата не е функционална и тоа што граѓаните воопшто не можат да имаат никакво влијание и немаат влијание врз одлучувачките процеси.

Ако немаме економија, тогаш не можеме да очекуваме развој во ниту еден сегмент.

Не смееме да дозволиме и понатаму, државата да биде киднапирана од стотина луѓе од власта кој што носат одлуки само за нивни лични интереси и за нивно богатење.

И токму поради тоа, народот треба да стави стоп на ваквото однесување. Да излезе масовно и да гласа, затоа што се потребни промени, промени кои што ќе ја направат Македонија твоја.

Денес сум во Македонски Брод, кој што можам комплетно да кажам дека е целосно заборавен од централната власт и токму тоа треба да се промени.

Имав средби со граѓани, имав средби со стопанственици. Едногласно е секаде размислувањето и одлуките на луѓето дека промени мора да да има. При тоа, го искористивме периодот од денот да ги презентираме мерките и решенијата кој што ВМРО-ДПМНЕ ги има во својата Платформа 1198, кој што и всушност значат многу подобар живот за граѓаните, повисок животен стандард, раст на БДП од 5% на среден рок, повеќе пари за малите и средби бизниси, повисоки пензии.

Затоа, масовно треба да излеземе и да гласаме на 24 април и на 8 мај, со цел да има промени и за повторно Македонија да биде твоја, односно да биде наша, рече Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за пратеник во изборна единица 1.

притисни ентер