Митрески: Утре ќе ги распишам претседателските избори, се консултирам и за парламентарните

Претседателот на Собранието утре (среда, 14 февруари) ќе ги распише претседателските избори, а се консултира со собраниските служби дали истовремено да бидат распишани и парламентарните избори што треба да се одржат на 8 мај.

Во интервју за МИА тој вели дека доколку не се распишат истовремено изборите секако би ги почитувал уставните рокови, а тоа е 70 дена од денот на одржување на редовните парламентарни избори.

-Претседателските избори ќе бидат распишани на 14 февруари затоа што тоа е моја уставна обврска, обврска што произлегува од Уставот. Во Уставот пишува од 70 до 90 дена од одржувањето на избори. Фактички првиот круг на претседателските избори е 24 април, што значи 70 дена назад тоа е 14 февруари и тогаш ќе бидат распишани претседателските избори. Се уште не сум донел одлука дали во исти ден ќе се распишат и редовните парламентарни избори. Правам некои консултации со службите во Собранието. Ако нема пречка зошто тоа не би го направил и во истиот ден, рече Митрески во интервју за МИА.

Во интервјуто Митрески зборуваше за координацијата пред носењето на измените законите поврзани со важноста на возачките дозволи поради, согласно Преспанскиот договор, промена на името на државата.

Господине Митрески ви благодарам за можноста за ова интервју. Интервјуто го договараме веќе две недели, но еве денес точно е денот кога практично ќе се решаваат во Парламентот прашања поврзани со возачките дозволи и со личните документи. Многу актуелно прашање бидејќи од вечерва на полноќ нашите граѓани нема да може да ги употребуваат овие лични документи доколку во нив не содржи Република Македонија. Да потсетам, тоа важи и за патните исправи. Во моментов пред да дојдеме на ова интервју вие имавте координација со пратеничките групи, но и со претседателот на техничката Влада. Може ли да ни кажете што конкретно е договорено и што може да очекуваме во текот на денот?

-Точно е дека имав координација. Прво, сабајлината ја имавме редовната понеделничка координација со сите координатори на пратенички групи. Уште во текот на вчерашниот ден имав информации дека има предлози од пратеници и пратенички групи коишто ќе ги предложат во Собранието за да се реши ова прашање. Сабајле на координација побарав тоа да биде еден координативен пристап на сите координатори, нормално со мое посредништво, нормално во комуникација и со министерот за внатрешни работи и со премиерот на техничка Влада, со директорот на Агенцијата за супервизија на осигурување за да ова прашање го решиме, исто така и министерот за надворешни работи и се’ она што значи решавање на овој проблем, вклучувајќи ги сите засегнати страни. Точно е дека имавме после координацијата и состанок со премиерот, со министерот за внатрешни работи и со координаторите на пратенички групи. Можам да кажам дека сме блиску до решение. Секако, во текот на денот ќе продолжат координациите и можам и да кажам дека во текот на денот ќе закажам итна седница граѓаните да бидат спокојни овој проблем ќе настојувам да се реши во текот на денешниот ден.

Кои закони ќе се менуваат?

-Според тоа што зборувавме досега на досегашните состаноци станува збор за измени во Законот за безбедност во сообраќај и секако ако треба да се направат и соодветни измени во други закони за тоа што се јавува како проблем со возачките дозволи, односно нивната важност.

Ви благодарам за овој одговор. Граѓаните очекуваат одговори бидејќи има многу негодувања во јавноста по однос на овие прашања.

-Секако, ги следам сите реакции во последниве неколку дена. Еве, можам директно да кажам граѓаните да бидат спокојни во текот на денешниот ден ќе имаме заклучок и ќе биде решено и ова прашање.

Откако станавте претседател на Собранието се појавија да речам неколку итни работи коишто мораа да се решаваат во од. Ова со патните исправи, се уште трае седницата за именување нови министри, претходно разрешување на министрите на Алијансата за Албанците, раскол во Алијансата на Албанците... Колку сите овие случувања влијаат на работата на Парламентот и на она што беше планирано во однос на носење на одредени, итни, во смисла закони коишто им се потребни на граѓаните коишто треба да бидат донесени во соодветна процедура?

-Од првиот ден на стапување на функцијата претседател на Собранието кажав дека се што ќе дојде кај мене како материјал како претседател и се’ што е моја надлежност како претседател ќе биде веднаш доставено до пратениците и веднаш ќе биде ставено на седница за разгледување на тие предлози коишто доаѓаат. Секако, доаѓаат предлози и од Владата, доаѓаат предлози и од пратениците. Се’ што е дојдено сега како нов материјал е ставено на седница и се’ што ќе дојде во следниот период исто така ќе биде ставено на седница за да се даде шанса тие закони да се разгледаат, ако е можно и да се донесат. Секако тоа е во однос на комуникацијата и со сите пратенички групи за тие закони да се движат низ процедурата деловничка која што ја пропишува Собранието, односно што ја пропишува Деловникот. Засега имаме и неколку, можам да кажам 70-80-ина закони коишто воопшто не влегле во процедури низ работните тела, меѓутоа тие се закони од претходниот период. Побарав од сите координатори да се заложат и тие закони да бидат ставени во работните тела да се разгледуваат за да може да се вратат на пленарната седница и да носиме одлуки. Секако, во меѓувреме дојде и прашањето за разрешување на членови на Влада и именување на нови. Разрешувањето го завршивме во петок, на идната седница следна точка беше именувањето на нови. Именувањето ќе се разгледува во текот на денешниот ден. Очекувам дека до крајот на денот ќе се донесе одлука за именување на нови министри во Владата.

Имајќи ги во предвид случувањата околу Алијанса на Албанците, стабилно ли е владејачкото мнозинство?

-Да. Тоа се виде и на гласањето за разрешување. Значи, кога веќе ја спомнувате Алијанса за Албанците во овој момент имам информација дека од осум вкупно пратеници на пратеничката група на Алијансата за Албанците шест пратеници стриктно и директно ја подржуваат оваа владејачка коалиција.

Господине Митрески, пред десетина дена најавивте дека изборите ќе ги распишете на 14 февруари. Рековте претседателските избори ќе ги распишете на 14 февруари и оставивте една резерва, да речам, во однос на распишувањето на парламентарните избори. Кога ќе бидат распишани изборите?

- Претседателските избори ќе бидат распишани на 14 февруари затоа што тоа е моја уставна обврска, обврска што произлегува од Уставот. Во Уставот пишува од 70 до 90 дена од одржувањето на избори. Фактички првиот круг на претседателските избори е 24 април, што значи 70 дена назад тоа е 14 февруари и тогаш ќе бидат распишани претседателските избори. Се уште не сум донел одлука дали во ист ден ќе се распишат и редовните парламентарни избори. Правам некои консултации со службите во Собранието. Ако нема пречка зошто тоа не би го направил и во истиот ден.

Во однос на член на Државната изборна комисија, до каде се тие разговори и дали може да се очекува да добиеме нов член на Државната изборна комисија? Секако до распишувањето на изборите нема можност за тоа, но еве да речеме во следниот период.

-Видете, во движењето на работите низ Собранието велиме до распишувањето дека не може, ама можеби и да дојде до изгласување ако се постигне консензус помеѓу сите пратенички групи, односно политички партии. Имав предлог, моментално работата е закочена на Комисијата за избори и именување каде што има два предлози. Мојот предлог беше двата предлози да дојдат до пленарната седница, да се разгледуваат на пленарната седница, да се отвори дискусија и да се затвори дискусијата до моментот на одлучување, односно до гласање затоа што избор на член на Државната изборна комисија се врши со двотретинско мнозинство, треба 80 пратеници. Ако сум информиран, ако добијам информација дека е обезбедено двотретинско мнозинство за еден од членовите тогаш предлогот би го ставил на гласање за да го обезбедиме и последниот член во Државната изборна комисија.

Исто горливо прашање кое што е поврзано со изборите е и Изборниот законик, односно стана веќе прашање Изборниот законик во согласност со забелешките на ОБСЕ/ОДИХР. Што е со овие измени?

-Знаете дека Изборниот законик се менува со консензус. Очекувам да се постигне консензус помеѓу сите пратенички групи. Имам информации дека се водат преговори, дека се блиску до консензус посебно во делот на препораките на ОБСЕ/ОДИХР не сум слушнал досега дека има какви било забелешки. Сигурно таму се отвораат и други прашања за коишто се чека да се обезбеди консензус. Очекувам од пратеничките групи да дадат предлог за измени на Изборниот законик барем таму каде што имаат консензус, барем тоа да бидат забелешките на ОБСЕ/ОДИХР да бидат ставени во предложениот изборен законик. Кога ќе го добијам како текст потпишан од сите координатори на пратенички групи што би значело потписот на сите координатори значи обезбеден консензус тогаш веднаш тој предлог би го ставил на наредна седница за да може да се изгласа до денот на одржување на изборите. Иако препораките на ОБСЕ/ОДИХР се врзани со датум и кога би требало да се донесат измени на Изборниот законик, меѓутоа имајќи ја праксата од претходните изборни циклуси или измените на Изборниот законик во претходни изборни циклуси каде што на пример во 2020 година сме имале измени на Изборниот законик на самиот ден на распуштање на Собранието, така што кога и да дојде предлогот ќе го ставам веднаш да се разгледува на седница на Собрание за да се донесе конечна одлука.

Господинот Џафери минатата недела рече дека доколку до оваа недела не постигнат политичките партии консензус Владата ќе достави свој предлог врз основа на драфтот од Министерството за правда. Очекувате ли тоа брзо да се реши или, сепак, ќе дојдеме во ситуација Владата да предложи измени на Изборниот законик?

-Видете, колку што имам информации драфтот од Министерството за правда е доставен до пратеничките групи, односно до координаторите на пратенички групи и претпоставувам дека е врз основа на тој текст па и врз основа на предлози од коишто произлегуваат од службите во Државната изборна комисија дека тука ќе се постигне консензус. Впрочем, целта на измени на Изборниот законик е обезбедување консензус и тоа да биде со потпис од сите координатори на пратенички групи.

Каква ќе биде динамиката на работата на Собранието, до кога се планира пратениците реално да работат, да доаѓаат и да свикувате седници?

-Собранието во следниот период ќе работи со полн капацитет. Ќе работиме, како што споменав, со се што е пристигнато кај нас како материјал со се што е исполнета деловничка можност да може да го работиме во пленарната сала односно на пленарна седница. Се’ што ќе дојде ќе биде ставено и за се’ ќе расправа Собранието. Дали конечно ќе се успее сите материјали да поминат низ фазите односно низ работните тела за да може да работи пленарната сала или пленарната седница или Собранието да одлучува не можам да гарантирам, да тврдам што ќе се случува, меѓутоа можам да потврдам уште еднаш дека ќе направам максимум како претседател да разговарам со сите пратенички групи за да може се’ што е од интерес на граѓаните да помине до крајот на мандатот на овој парламентарен состав. Прашавте до кога би работело Собранието, да тоа е една демократска пракса дека до отпочнување на кампања Собранието треба да работи, односно не во периодот на кампања за да не дојде до т.н. злоупотреба на говорницата во изборна кампања. Секако ова се редовни парламентарни избори коишто се одржуваат првпат после 16 години, што значи овој состав парламентарен може да работи со полн капацитет до изборот на нов, но ќе работиме до денот на почнување на кампања. Тоа фактички се првите денови на месец април и да гледаме сите работи коишто можеме да ги завршиме да ги завршиме дотогаш. Не дај боже да дојде до некои вонредни околности за да треба да се свика Собранието за да носи какви било одлуки.

Споменавте како последно прашање за ова интервју, доколку не ги распишете парламентарните избори на 14 февруари, кога би ги распишале?

-Секако би ги почитувал уставните рокови, тоа е 70 дена од денот на одржување на редовните парламентарни избори, а тоа е 8 мај./МИА.

Кијану Ривс посетил фабрика за ауспуси во Словенија и одржал таен состанок

Кијану Ривс последните денови ги помина во Словенија, а петокот и саботата ги помина во Прелук, кај Опатија, а потоа се упати кон Љубљана.

Познатиот актер беше воодушевен од Кварнер, кој го посети во друштво на филмскиот продуцент Гард Холингер, со кого во 2011 година ја основаа американската компанија „Arch Motorcycles“.

Ривс бил во Словенија поради неговиот бизнис со мотоцикли. Имено, според словенечките медиуми, Ривс одржал тајна средба со сопственикот на компанијата Акраповиќ, еден од најпознатите светски производители на издувни системи. Покрај тоа, тој ја посети и фабриката за аусуси, а по средбата во Љубљана се упатил кон аеродромот и во неделата наутро заминал од Словенија.

Киану е нормално љубител на мотори, па не случајно го избрал Прелук. Имено, таму се одржало светското првенство во мотоциклизам, а хотелот во кој престојувал се наоѓа во близина на Опатијската кривина. Освен тоа, недалеку од Риека се наоѓа и тркачката патека Гробник, поради што постои можност актерот повторно да го посети Кварнер.

Извор: Индекс

„Google“ исклучува уште една популарна апликација

Апликацијата „Google Pay“ се исклучува во Соединетите Држави.

Самостојната верзија на апликацијата „Google Pay“ веќе нема да биде достапна за американските корисници по 4 јуни оваа година.

Наместо тоа, корисниците се охрабруваат да се префрлат на „Google Wallet“. На другите пазари, апликациите сè уште ќе биде достапна.

Со исклучувањето на „Google Pay“, функциите како што се „P2P“ плаќања, наоѓање и нудење попусти и управување со банкарски сметки исто така ќе исчезнат.

„Google Wallet“ ќе стане главна услуга за безбедно складирање на информации од кредитни картички и лични документи. Паричникот се користи пет пати повеќе од „Pay“ во САД.

На корисниците им се препорачува да ги префрлат своите средства и податоци на „Wallet“ или да забранат сметка до 4 јуни.

Извор: Б92

Збогум на хидрауликата? Претставени на револуционерни сопирачки

Тоа значително ќе го намали растојанието за сопирање.

Германскиот снабдувач на автоделови „ZF“ дизајнираше нов систем за сопирање кој не бара течност за сопирачките или хидраулика за работа. Наместо тоа, силата на сопирање ја обезбедува електричен мотор директно до тркалото.

Додека чувството на сопирање треба да одговара на хидраулични сопирачки, „ZF“ ветува растојание за сопирање од 100 km/h до 0 km/h е девет метри пократко од конвенционалните сопирачки, пишува „Revijahak“.

Дополнително, опсегот на електрични автомобили треба да се зголеми за 17 проценти поради поефикасна рекуперација.

Добавувачот ветува и помали трошоци за одржување. Пониска е и емисијата на ситни честички.

„ZF“ им овозможува на производителите на возила да го состават својот оптимален систем за сопирање од класични хидраулични до нови електрични системи, во зависност од барањата.

Можни се и хибридни форми со, на пример, хидрауличен систем на предната оска и електричен систем на задната оска.

Компанијата не дава информации за точниот датум на лансирање на пазарот.

Извор: Б92

притисни ентер