Митреска: Идните чекори на монетарната политика условени од инфлацијата и девизниот пазар

Добар сигнал е што растот на инфлацијата забавува. 

Добар сигнал е што растот на инфлацијата забавува. Во февруари годишното зголемување на цените е за околу три процентни поени помало од најсилниот раст што беше измерен во октомври и ова темпо на прилагодување е слично на еврозоната, изјави вицегувернарката на Народната банка Ана Митреска.

-Динамиката со која се движи инфлацијата е слична и со очекуваната во последниот циклус проекции на Народната банка, согласно кои таа е проектирана на 8-9% на годишна основа. Сценариото за овие проекции се заснова на претпоставките за понатамошно намалување на светските цени на енергентите и храната, постепено стабилизирање на очекувањата за инфлацијата, коешто веќе и се случува, а затегнувањето на финансиските услови исто така треба да делува на оној дел на индексот на цените коишто е чуствителен на промените на побарувачката. Доколку нема некои непредвидени шокови во следниот период треба да видиме стабилизирање на инфлацијата, рече Митреска во интервју за „Блумберг Адриа“:

Вицегувернерката Митреска се осврна и на монетарната политика која ја водат двете глобално значајни централни банки - Федералните резерви на САД и Европската централна банка. ЕЦБ минатата недела, согласно најавите, ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,5 процентни поени, додека ФЕД неодамна стави акцент на веројатната потреба од порестриктивна монетарна политика, поради позатегнатите услови на труд и се уште недоволното успорување на инфлацијата. Во однос на идната патека, таа посочи дека дека ќе зависи од најновите оценки за економските и финансиските услови во овие економии. Дали и колку последните случувања на надворешните финансиски пазари ќе имаат одраз на очекувањата за економските показатели, а со тоа и на монетарната поставеност на овие две централни банки, останува да се види во следниот период.

-Потезите и промените во монетарната политика на Народната банка ќе зависат од инфлацијата, меѓутоа и од девизниот пазар, со оглед на тоа што функционираме во услови на режим на фиксен девизен курс, којшто е номинално сидро и основа на целокупната стабилност на нашата економија. И на двата фронта гледаме одредено стабилизирање, меѓутоа ризици се уште постојат. Се разбира дека и однесувањето на Европската централна банка ќе има одредено влијание врз нашата каматна политика. Потребно е сите нови расположиви информации и оцени за домашната економија и надворешното окружување да се систематизираат и тие ќе претставуваат основа за следните чекори во монетарната политика,рече вицегувернерката Митреска, соопшти Народната банка.

Претставничкиот дом на САД треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван

По неколкумесечно одложување, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван, вреден 95 милијарди долари, како и за евентуалната забрана на ТикТок во САД.

Предлог-законите се резултат на повеќемесечни тешки преговори меѓу демократите и републиканците, како и притисокот од сојузниците на САД и постојаните молби за помош од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Законите, сепак, сè уште имаат гласни противници во Конгресот, а надежите за усвојување зависат од кревката двопартиска коалиција која се обидува да ги надмине големите процедурални и законодавни пречки, пренесува Би-Би-Си.

Спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон изјави дека е решен да ги поднесе законите на гласање, и покрај фактот што радикалните републиканци може да побараат негово разрешување.

Предлогот предвидува 60,8 милијарди долари помош за Украина, 26,4 милијарди долари за Израел и 8,1 милијарди долари за индо-пацифичкиот регион, вклучувајќи го и Тајван.

Претставничкиот дом ќе гласа за секој предлог-закон поединечно, што значи дека некои може да поминат, а некои не.

Претседателот Џо Бајден и демократските пратеници во Конгресот со месеци се залагаат за нов голем пакет оружје за Украина, но републиканците под влијание на нивниот претседателски кандидат Доналд Трамп, ја условуваа помошта.

Со усвојување на законите, исто така, ќе му се овозможи на Бајден да конфискува и продава руски имот, а средствата да ги намени за помош на Украина, потег што беше прифатен и од другите земји од Г7.

Претставничкиот дом ќе ја разгледа и предложената законска одредба со која треба да се принуди ТикТок да се откаже од кинеската матична компанија ByteDance или ќе се соочи со забрана во САД, каде што има околу 170 милиони корисници.

Белата куќа соопшти дека „силно го поддржува“ вкупниот пакет помош и оти Бајден ќе ги потпише законите веднаш штом бидат усвоени од двата дома на Конгресот.

Тоа би можело да се случи за неколку дена, бидејќи лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, вети дека Сенатот со мнозинство од демократите брзо ќе преземе мерки штом бидат усвоени од Претставничкиот дом.

Сепак, политичките аналитичари во САД оценуваат дека усвојувањето на законите во Претставничкиот дом, би можело да го чини спикерот Мајк Џонсон губење на спикерското место. Неколку екстремно десничарски републикански пратеници предупредија дека може да го соборат Џонсон поради поддршката на нацрт-законите. /МИА

Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци

Кавадарчанец затруен од наркотици бил пронајден во бессознание во двор во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.  

- Вчера во 12.00 часот во ОВР Kавадарци, од Итна медицинска помош било пријавено дека во дворот на М.К.(42) од овој град, во бессознание бил пронајден кавадарчанецот Б.О.(40), кој бил затруен од наркотични средства. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на М.К., при што била пронајдена и одземена таблета екстази. М.К. бил лишен од слобода, појаснија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стојаноска: Македонија ќе стане една од земјите во регионот со најниски даноци

„Платформа 1198“ предвидува рамен данок со што, Македонија ќе стане една од земјите во регионот со најниски даноци

Додека министрите на ДУИ мака мачеа да постигнат гол или кош повеќе во просториите на министерствата и додека мака мачеа да договорат тендер плус, и на сето ова, секако, министрите на СДСМ не смеат да гугнат, тетовските стопанственици, пак, мака мачат да опстанат.

Поради овие аздисани политичари, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ се ветува рамен данок кој што ќе остане и во иднина, се ветува Македонија да стане една од земјите во регионот со најниски даноци. И, се ветува на стопанствениците поголема поддршка и помош.

Токму поради овие причини, стопанствениците во Македонија ќе гласаат за бројот два (2), затоа што сакаат Македонија да се врати во нивни раце и Македонија повторно да ја направиме горда.

Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6

притисни ентер