Митева: Средношколците ја имаат поддршката од ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани граѓани, ако сакате да се информирате до каде и како се одвива бојкотот на наставата од страна на средношколците, едвај ќе можете да најдете по некоја вест на медиумите, рече Марија Митева од ВМРО - ДПМНЕ.

Но, затоа како главна вест денес се пласира поддршката која ја добила министерката Царовска од здружението на директори на основни и средни училишта. Но, има и храбри лица во ова време на притисоци, па прочитајте го и отвореното писмо на потпретседателот на независниот синдикат за образование и наука упатен до директорите на училиштата и многу работи ќе ви станат јасни.

Бојкотот на наставата од страна на матурантите продолжува. Трае од 21 Јануари, од првиот ден од второто полугодие и продолжува во 13 градови. Во Тетово целосно се бојкотира, во Гостивар, Кичево, Дебар, Струга и во Охрид. Настава не следат ниту матурантите во Ресен, Битола, Прилеп, Крива Паланка, Свети Николе, Берово, Пехчево, Виница и Радовиш. Делумно се протестира во Куманово и во Скопје, за што матурантите велат дека имало притисоци од страна на класните раководители и директорите, кои по состанокот со министерката Мила Царовска имале средба со родителите на матурантите, на кои им вршеле притисоци да не продолжуваат да бојкотираат. Продолжуваат со најави за родителски средби, а со тоа и со притисоци. На медиумите излегоа фотографии од комуникација помеѓу професори и ученици “Досега имате 21 оправдан или неоправдан од тоа како ќе одлучите вие.” ”Дечки, ќе ве отстранат од школо, ВКЛУЧЕТЕ СЕ, не ставате нас класните во непријатна ситуација” – се дел од пораките кои матурантите ги добиле. Апелираме да се престане со користење на вакви методи за замолчување на младите.

Матурантите ќе ја бојкотираат наставата до петок, а дотогаш ќе иницираат петиција за поддржување на нивните барања, кои ќе ги испратат до Министерството за образование и наука.

Сојузот на средношколци изработил две истражувања што ги потврдија следниве наоди: 80% од учениците ја оценија онлајн наставата со 1, 2 или 3, односно со ниски оценки. Велат, образовните власти не успеаја да се справат со образованието за време на пандемијава. Отворете ги вратите, слушнете ги барањата и излезете им во пресрет, тие сите свои барања ги темелат на аргументи.

Ученици, знаеме дека ве има во голем број и имате наша поддршка. Вие сте храбри млади лица кои неуморно ќе се борите против ваквиот начин на притисоци.

Ги пратиме сите случувања и во тек сме дека планирате да испратите и писмо до пратениците во Собранието со што ќе барате да се отвори дискусија за државната матура. Ве уверуваме дека ќе ја добиете поддршка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.


Јапонската сонда, иако немаше добар старт, ги надмина сите очекувања-преживеа втора лунарна ноќ

Јапонската сонда SLIM немаше одлично слетување на Месечината - слета на нос и брзо остана без струја.

Сепак, таа ги надмина овие проблеми, успеа да оживее, а сега да ја преживее втората лунарна ноќ и да испрати нови слики на Земјата.

- Синоќа добивме порака од СЛИМ, која потврди дека леталото по втор пат ја преживеа лунарната ноќ. Откако изгреа сонцето, сè уште беше високо, а опремата премногу жешка, па направивме само неколку снимки од необичниот пејзаж со навигациската камера - објави JAXA, јапонската вселенска агенција, на Икс (Твитер), додавајќи:

- Според собраните податоци, некои температурни сензори и неискористени ќелии на батерии почнуваат да откажуваат, но повеќето од функциите што ја преживеаја првата лунарна ноќ успеаја да преживеат и по втората лунарна ноќ.

На 19 јануари SLIM успешно слета на Месечината, со што Јапонија стана петта земја (по СССР, САД, Кина и Индија) која успешно изврши таканаречено меко слетување. Иако ја постигна целта и слета на само 55 метри од целта, сондата слета на нејзиниот нос, предизвикувајќи проблеми со напојувањето поради што таа се исклучи по помалку од половина час работа на површината на Месечината. Повторно беше вклучен по околу една недела, но беше исклучен на 1 февруари поради почетокот на лунарната ноќ.

На SLIM неодамна му се придружи американското вселенско летало Одисеја, прво испратено на површината на Месечината од 1972 година, но не успеа да ја преживее лунарната ноќ. Дури и индиското вселенско летало Викрам, кое слета во август, но престана да работи откако ќе се стемни, не можеше да ги преживее екстремно ниските температури во текот на лунарната ноќ.

Хаос во Брисел: Сточарите фрлија арско ѓубре на улиците и прскаа по зградите (ВИДЕО)

Земјоделците неделава ги блокираа улиците во Брисел, во близина на седиштето на Европската унија, протестирајќи против прекумерната бирократија, глобалните трговски договори, новите еколошки мерки и евтиниот увоз од Украина.

На патиштата биле забележани трактори и цистерни, а земјоделците фрлале зеленчук и арско ѓубриво, пренесува АП.

Кога ситуацијата ескалира, полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги држи подалеку земјоделците и нивната механизација.

Надлежните апелираа до граѓаните што повеќе да избегнуваат да доаѓаат во градот и да работат од дома.

Смрдеата на ѓубриво, запалени гуми и сено се рашири низ улиците на Брисел, но протестот вроди со плод.

Харис Џиновиќ и официјално е разведен: Мелина е никаква жена, важни ѝ се само парите

Пејачот Харис Џиновиќ денеска пристигна на првото рочиште за разводот од сопругата Мелина Џиновиќ.

Рочиштето се одржало во Белград, а Мелина не се појавила. По излегувањето од судот, Џиновиќ изгледал скршено, како што пренесуваат српските медиуми, а не ја поштедил сега веќе поранешната сопруга, тврдејќи дека таа е „никаква жена“.

„Прашајте ја зошто не дојде, немам никакво сознание. Двете страни се договорија, судот ја прифати и ја донесе пресудата. Официјално сум разведен. Се чувствувам одлично. Ова е сосема нормална работа, нема причина за славење, луѓе се согласија да не живеат заедно. Поддршката на мојот син ми значи многу“, изјавил пејачот, пишува Блиц.

"Не им верувам на жените. Мелина не е жена. Јас сум виновен што се потпирам на туѓата свест. Самата рече дека е материјалистка, ја интересираат само парите. Не ми е гајле со кого ме изневерувала. Син ми е многу лут на неа, не се каам, купував сè за неа, таа е материјалистка“, додаде тој.

Да потсетиме дека Харис и Мелина се запознале во 2003 година. Првпат ја видел во кафуле во родното Сараево, но не бил мирен додека не го добил нејзиниот телефонски број. Се венчаа по 11 години заедно во Дубровник на спектакуларна едрилица долга 88 метри. Пејачот не дозволи разводот да влијае на неговите деловни обврски и продолжи со концерти низ регионот.

Пејачот неодамна за прв пат проговори за причините за разделбата. "Таа ја знае причината, ме остави, јас не ја оставив. Не знам ништо, обично сопругот кој е изневерен последен дознава", рекол Харис.

„Луѓето велат дека разводот после смртта е најтешката работа. Јас малку би го негирала тоа. Ако не ти се допаѓа да бидеш со мене, ниту јас не сакам да бидам со тебе“, заклучил пејачот. Тој додаде дека разводот не бил тежок за нивните деца Џина (20) и Кан (18), бидејќи тие се веќе полнолетни.

притисни ентер