Митева: СДС и ДУИ со ново задолжување од 190 милиони евра кое го протнуваат со ЕУ знаменце

Државата ни е енормно задолжена заради расипништвото на СДС и ДУИ.

Во Македонија со СДС и ДУИ граѓаните ги немаат основните работи за живот, кои се со Устав и закони загарантирани. Учениците немаат книги, болните немаат лекови, студентите живеат мизерно, фирмите се уништуваат со даноци кои повеќе наликуваат на државен рекет, отколку на солидарен данок, но сето тоа не ја спречува власта да посегне и да ги задолжи и идните генерации.

Со невидено безобразие двете задолжувања од 190 милиони евра забрзано се туркаат низ собраниска процедура со европско знаменце. Власта и покрај отворената критика од ЕК во најновиот Извештај токму за примената на европското знаменце, продолжува со злоупотреба на истото.

СДС и ДУИ под закрила на европското знаменце избегнуваат дебата затоа што немаат аргументи со кои ќе го бранат новото задолжување. Нема аргументи затоа што се задолжуваат за тековни расходи, наместо за проекти и инвестиции.

Државата ни е енормно задолжена заради расипништвото на СДС и ДУИ.

И ова не е крај, власта ќе го зголеми долгот за 500 милиони евра до крајот на оваа година, со што вкупниот долг ќе достигне до 8.5 милијарди евра.

И се ќе беше поинаку, ако власта имаше некакви резултати. Но и покрај 8.5 милијарди евра долг, и милијарди потрошени од буџети, нема ниту еден проект или мерка која асоцира на оваа власт, напротив граѓаните ги асоцираат скандали, коруптивни зделки и бизнис интереси. Ги нема автопатите, нема градинки, нема нови училишта, нема ниту учебници, ниту лекови. Нејасно е каде завршија милијарди евра народни пари. Задолжување додека се може е модус операнди на оваа власт.

Граѓаните на Македонија се се поблиску до денот кога на избори ќе стават крај на ваквото владеење, по што ќе следат промени и подобра иднина!

Изјава за медиуми на Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Штрајк на илјадници вработени во образованието во Германија, бараат повисоки плати

Во Германија денеска штрајкуваа над 20.000 просветни работници од јавниот сектор, соопшти Синдикатот за образование и наука (ГЕВ).

„Доколку работодавачот конечно не реагира и не почне правично да ги плаќа вработените во јавниот сектор, кризата со недостиг на професионална работна сила дополнително ќе се продлабочи“, рече претседателката на GEW, Дорин Зиберник на централниот состанок во Лајпциг, каде се собраа околу 7.000 наставници.

Освен во Лајпциг, најголеми собири се одржаа и во Берлин, Хамбург и Карлсруе, каде на улиците излегоа илјадници вработени во училиштата, факултетите, градинките и канцелариите за млади.

Зиберник објасни дека просветните работници и работниците во образовните институции се особено погодени од недостигот на работна сила, поради што многу работни места во секторот остануваат непополнети.

Според студијата објавена денеска од фондацијата Бертелсман, ситуацијата е критична, особено во градинките, каде недостигаат над 430.000 места во градинки поради недостиг на воспитувачи.

Синдикатите бараат од работодавачот, односно градовите и општините, зголемување на платата за 10,5 отсто или најмалку 500 евра месечно. Дополнително, бараат и договор на неопределено време за студентите кои работат во образованието пред да ги завршат студиите.

Следната недела ќе има нова рунда преговори меѓу синдикатите и работодавачите.

Со автомобил удрил во мало слонче на пат во Малезија, целото крдо му се нафрлило

Стадо диви слонови прегази возило на главен автопат во Малезија, откако возач со својот автомобил удрил во слонче, соопштија вчера локалните власти.

Во автомобилот биле возачот, 48-годишен маж, неговата сопруга и 23-годишниот син.

Семејството во неделата се возело по главниот автопат од островот Пенанг до североисточната крајбрежна држава Теренгану кога удриле во слон во 19:35 часот по локално време, пишува Си-Ен-Ен.

Властите велат дека во моментот на инцидентот имало дожд и магла. „Автомобилот удри во млад слон што минуваше покрај патот со стадото“, рече Зулкифли Махмуд, началник на полицијата во округот Герик. Од ударот младенчето паднало на земја.

„Кога другите пет слонови од стадото го видоа ова, се упатија кон автомобилот и почнаа да го газат. Ја напуштија областа дури откако младенчето застана на нозе“, рече Махмуд.

Полицијата не прецизира дали членовите на семејството биле во возилото за време на нападот на слоновите или дали успеале да побегнат, но во полициското соопштение не се наведува дека имало смртни случаи или сериозни повреди.

Полициските фотографии покажуваат големи оштетувања на предниот дел и страните на возилото и скршени стакла. Поради брзиот развој на автопатите во Малезија, дивите слонови низ полуостровот често доаѓаат на патиштата за да преминат во друга област во потрага по храна. На многу автопати се поставени табли за предупредување на возачите за слонови кои минуваат, особено на северот од земјата.

Столтенберг: НАТО ќе направи сѐ што е можно за да спречи конфликти во Западен Балкан

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на маргините на средбата со министрите за надворешни работи на земјите членки на Aлијансата, нападот на 24 септември во Бањска на Косово го оквалификува како сериозен инцидент.

Запрашан за предупредувањето на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека Русија има за цел да разгори конфликт на Балканот, секретарот на Северноатлантската алијанса рече дека ќе направат сѐ што е можно за да се спречи ескалација на конфликтите, особено спомнувајќи го Косово и Босна и Херцеговина. Дури и ЕУ рече дека се посветени на стабилноста во регионот

НАТО ќе направи се што е можно за да спречи ескалација на конфликтите во Западен Балкан по неодамнешното зголемување на тензиите, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. И шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, се изрази на иста линија.

Пред состанокот, кој се одржа зад затворени врати, Столтенберг беше прашан дали имаат информации дека Балканот е следната цел на Русија за разгорување на нов конфликт. Кога зборуваше за овие опасности, ги спомна Босна и Херцеговина и Косово.

„Само што се вратив од посетата на регионот, на Босна и Херцеговина, на Србија, на Косово, на Македонија и се сретнав со лидерите од целиот регион. Видовме зголемени тензии и запалива реторика во Босна и Херцеговина. Видовме и сериозни инциденти на насилство на Косово, вклучително и нападот врз мировните трупи на НАТО, каде беа повредени 93 војници на НАТО, од кои некои многу сериозно“, нагласи Столтенберг. .

Говорејќи за случајот во Бањска во Звечан на 24 септември, Столтенберг го спомена убиството на тројцата српски напаѓачи кои биле дел од паравоената група од Србија.

„Ги видовме и настаните во Бањска, каде три лица беа убиени во септември на Косово. Тоа се сериозни настани и треба да бидеме фокусирани на Западен Балкан. Во исто време, додека се справуваме со војната во Газа и продолжуваме да обезбедуваме поддршка за Украина, ќе се погрижиме НАТО да го направи она што е потребно за да ја одржи или обезбеди стабилноста во регионот, бидејќи тоа е важно, не само за Западен Балкан, туку и за цела Европа и НАТО“, рече секретарот на НАТО.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пред неколку дена повика да се посвети поголемо внимание на балканскиот регион, бидејќи, според него, има информации дека Русија планира да започне војна за да го оттргне вниманието од Украина.

„Денес сите разговараат за кризата на Блискиот Исток. Но, како што реков претходно, искрено, тоа не е вчерашен проблем. Сите знаат за овој постојан конфликт и постојана војна, но никој не сака да го прекине бидејќи е погодно. „Зад Експлозијата на Блискиот Исток е Русија, ние сме сигурни, со нејзиниот сојузник Иран“, рече тој.

Дури и Европската унија (ЕУ) изрази загриженост за можноста Русија да се обиде да интервенира во регионот на Западен Балкан со цел да поттикне конфликт.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека НАТО е подготвен да се соочи со различни предизвици, вклучувајќи го и Западен Балкан.

„Она што го правиме во НАТО алијансата е многу поважно отколку што беше претходно. Видовме дека во последните три години НАТО порасна со справување со предизвиците со кои се соочуваме заедно. Вршиме многу заедничка работа во рамките на сојузот. Како што кажавте за Западен Балкан, со партнерите на НАТО ширум светот, вклучително и Азија и Пацификот. И секако ќе зборуваме за кризата во Газа и ситуацијата на Блискиот Исток“, рече Блинкен.

Покрај Украина и Западен Балкан, министрите за надворешни работи на НАТО ќе разговараат и за плановите за самитот на 75-годишнината на Алијансата што ќе се одржи во Вашингтон следниот јули, каде сојузниците ќе го прослават основањето на НАТО и ќе го истакнат она што лидерите го нарекоа најуспешниот воен сојуз во историјата.

притисни ентер