Митева: Извештајот на ДЗР за ЈПДП: Тотален финансиски хаос и злоупотреби

Извештајот на ДЗР за ЈПДП: тотален финансиски хаос и злоупотреби, помалку уплатен данок во Буџетот, пролонгирани рокови за изградба.

Никогаш не било полошо во областа на инфраструктурата на Македонија. Никогаш повеќе пари не се трошело, а никогаш помалку не се градело.

Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија е катастрофален, дефиницијата која ја отслика реалноста е запрепастувачка, цитирам: "Со извршената ревизија, изразивме неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики." Или парафразирано: тотален финансиски хаос и злоупотреби, комплетно безредие и непочитување на законите!

Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност кај ЈП за државни патишта за 2022 година, се утврдени следните состојби:

- недоволна подготвеност при планирање, проектирање, градење и реконструкција на патни делници низ државата. Оваа состојба предизвикува зголемување на вредноста на склучените договори и пролонгирање на рокот за изградба или реконструкција на делниците. Затоа не случајно на СДС и ДУИ, на Бочварски и Рустеми, им се потребни 7 години за да изградат 2 километри автопат. Затоа не случајно владата на СДС и ДУИ има волку анекси на договори за зголемување на вредноста на капиталните проекти како и анекси за пролонгирање на роковите за изградба, кои самите си ги задаваат па самите ги пробиваат.

Понатаму, внимавајте:

- неправилно утврдена даночната основа и за 27.525 илјади денари помалку пресметан и уплатен данок на добивка во Буџетот на Република Македонија. Замислете, функционерите на власта која се фали со наводно одлична наплата на данок се истите тие кои не плаќаат данок.

Исто така:

- не е извршено усогласување на побарувањата. Тогаш сосема логично би било да констатираме дека ако не утврдуваат објективна/реална вредност, тогаш вредноста која ја преставуваат е субјективна и истата може да е надвор од називот на сметката што е основ за незаконско постапување.

- утврдени се неправилности во начинот на управување и евидентирање на залихите на материјали и ситен инвентар. Прашуваме, каде завршувале залихите?

И за крај, потврдата за нивната неспособност доаѓа после констатацијата дека:

- не е донесена петгодишна програма за извршување на работите од јавен интерес поради што не се создадени услови за долгорочно управување со развојот и одржувањето на државните патишта.

Почитувани,

Ова е еклатантен пример колку незаконски работи власта на СДС и ДУИ. Колку што се на број незаконските пречекорувања толкав број на кривични пријави се возможни. Ова е нивниот лажен европски фронт, кој во реалноста е прв фронт на криминалот. Важно е да ги поразиме, време е за промени!

Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Видео: Хезболах истрела десетици ракети врз северен Израел

Либански Хезболах објави дека го погодил северниот дел на Израел со десетици ракети Катјуша, гаѓајќи артилериски позиции.

Во соопштението, либанската група рече дека истрелала десетици ракети Катјуша врз артилериските позиции на Израелските одбранбени сили во северен Израел.

На северот на земјата се огласија неколку сирени за предупредување за ракети. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како неколку пресретнувачи на ракети „Железна купола“ погодуваат очигледен ракетен бараж.

– Во знак на поддршка на палестинскиот народ и отпорот во Газа и во светло на израелската агресија врз различни села во јужен Либан, Исламскиот отпор продолжи со нападите врз ционистичките окупациски локации во близина на границата со Либан – соопшти претходно Хезболах. /МИА

Покетино: Многу е тешко кога немате борбен состав

Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино пред натпреварот на „сините“ во Лондон против Евертон во понеделник, зборуваше за големиот број повредени во составот, а неодамна во „амбулантата“ влегоа и Енцо Фернандез и Аксел Дисаси.

-Овие двајца не тренираат, не знаеме дали ќе можат да играат. Праведно е да се има борбено подготвен состав. Не можеме да докажеме дека сме добар тим и дека можеме да се бориме за големи работи. Многу е тешко кога немате борбено подготвен состав. Сакаме да ја зголемиме конкуренцијата меѓу играчите, но тоа не е оправдување, изјави денеска менаџерот на Челси.

Тој, исто така, се наврати на ремито 2-2 со Шефилд Јунајтед минатиот викенд.

-Кога се соочуваме со тимови како (Манчестер) Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем или Ливерпул, тимот покажува добар квалитет. Проблемот е што не сме постојани. Кога анализираме, недостигот на зрелост навистина се покажува, но само со текот на времето можеме да го постигнеме вистинскиот баланс, истакна тренерот.

Покетино особено ја пофали академијата на Челси.

-Ги каниме младите играчи секоја недела да тренираат со нас, тоа е одлична можност за нив. Челси има една од најдобрите академии во Англија, ако не и во светот. Наша одговорност е да се грижиме за овие момчиња и да им обрнеме внимание. Еден ден ќе имаат можност да играат во тимот, само треба да продолжат да тренираат, да бидат доследни. Можеме да го видиме нивниот развој од натпреварувањето со постарите играчи, додаде Покетино. /МИА

Алегри: Целта е Јувентус да биде во ЛШ, а потоа управата ќе одлучи за мене

 Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри повторно призна дека не знае дали ќе остане на чело на тимот и следната сезона. Во принцип, тој е врзан за клубот до летото 2025 година, но според многумина, тој сега ќе си замине.

-Целта е место во ЛШ, бидејќи се работи за 100 милиони евра. А за мојата иднина, како и секогаш, клубот ќе одлучи што е најдобро. Пред почетокот на сезоната, пред нас беа поставени две цели: пласман во ЛШ и освојување на Купот на Италија. Сега е важно да останеме заедно и да се бориме. Местото во ЛШ е приоритет и од финансиски причини не можеме да дозволиме да бидеме изоставени од турнирот, потсети Алегри.

Вчера сопственикот на Јуве, Џон Елкан прецизираше дека актуелната сезона е „нула“ за клубот под водство на новиот спортски директор Кристијано Џунтоли. Пред една година тој уверуваше дека Алегри е клучна фигура за иднината на тимот од Торино.

-Работата во Јуве ќе продолжи и во наредните години со новиот директор Џунтоли. Задачата беше да внесеме фудбалери од школата во тимот и мислам дека тоа го исполнивме, убеден е тренерот.

Во следното коло во Серија А, Јувентус за противник ќе го има градскиот ривал Торино.

-Треба да работиме напорно овој месец. Многу е важно да имаме шанси до самиот крај. А особено откако Торино има 15 „суви мрежи“ во текот на сезоната, што значи дека дозволуваат по еден гол на два меча. Ова дерби е секогаш посебно, заклучи Алегри. /МИА

притисни ентер