Митева: Фирма на братот на Артан Груби добила од државата над 1 милион денари

Денес продолжуваме со обелоденување на нови детали за бизнисите на семејството Груби .

Денес продолжуваме со обелоденување на нови детали за бизнисите на семејството Груби и ќе обезличиме уште една огромна невистина и пример за судир на интереси кои ги прави Груби злоупотребувајќи ја позицијата на власт.

Почитувани,

Ова е уште една лага, а ќе и презентираме на јавноста како всушност Груби има многу повеќе заедничко со неговиот брат. Како Артан Груби баш точно со бизнисот на брат му поврзан со туристичка агенција има и тоа каква врска. Ова е документ преземен од отворени финансии преку кој може да се види дека од страна на Владата каде Груби е прв вицепремиер, но и од министерството за политички систем и односи меѓу заедниците каде Груби е министер се исплаќале средства токму на ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, фирма во сопственост на неговиот брат.

Имено, во осум наврати институциите на државата односно Владата, министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, но и министерството за економија се јавуваат како даватели на услуга кон фирмата во сопственост на братот на Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, од 2020-тата до 2022 година. Вкупната вредност која фирмата на братот на Артан Груби, ја добила од државата е над 1 милион денари.

Почитувани,

Ова е вистината која Артан Груби сакаше со лаги и невистини да ја сокрие од јавноста. Артан Груби и тоа како има врска со неговиот брат, а воедно и со неговиот бизнис затоа што Артан директно, од позиција на министер му исплаќа услуги на фирмата на неговиот брат.

Скандалозно, нечесно и несериозно е Груби да ја лаже и манипулира јавноста дека нема никаква врска со неговиот брат и неговите бизниси, а притоа државните институции со кој тој директно раководи да му исплаќаат средства. Патем на фирмата ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје чиј сопственик е братот на Артан Груби. Оваа фирма е фирма која четири години во период од 2016-тата до 2020-тата година има минусно салдо односно работи во загуба па можеби со овие трансакции се надоместувала загубата.

Почитувани,

Очигледно е дека братската врска во семејството Груби е нераскинлива, од деловен простор за 700 евра по м2 во центарот на Скопје до префрлање на буџетски пари за услуги или пак дојдоа времиња кога парите се цел на многумина па „Брат за брат, сирење за пари“ е најточната дефиниција.

Ова е уште еден доказ за политичка корупција која мора да биде најстрого казнета!

Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Се јави водителката, која се онесвести среде емисија: Овој пат не е срцето (ВИДЕО)

Метеорологот од Лос Анџелес, Алиса Карлсон Шварц се огласи откако ненадејно колабираше за време на утринските вести додека ја читаше временската прогноза, загрижувајќи ги своите колеги.

„Благодарна сум што овој пат не беше срцето. Добив стотици пораки, а тие сè уште доаѓаат, па ако не одговорам, затоа“, напиша таа на Инстаграм.

Инаку, Шварц се осврна на сличен проблем што го имала и претходно, но на друга телевизија. Во 2014 година ѝ се слошило за време на прогнозата, а подоцна било откриено дека има проблеми со срцевите залистоци.

Да потсетиме, откако пред неколку дена се онесвести во студио, нејзините колеги останаа во целосен шок. „Ох“, извика Рејчел Ким, а нејзината колешка Нишел Медина рече дека „ќе мора да направи кратка пауза“.

Алиса брзо била пренесена во болница и таму се опоравува.

Хаос во Париз: Полицијата ги претепува демонстрантите, вечерва уапсени над 70 лица (ВИДЕО)

По повод усвојувањето на спорниот закон за пензии, во Франција се уште не стивнуваат протестите.

Вечерва почнаа собири и штрајкови, а за четврток се планирани големи демонстрации.

Само вечерва во Париз повторно беа уапсени околу 70 демонстранти, а полицијата безмилосно ги разбива протестите, спречувајќи ја толпата да се групира и да создаде барикади и блокади.

На видеата кои се споделуваат на социјалните мрежи може да се види како полицијата трча и интервенира со брутална сила.

Француската влада денеска го преживеа гласањето за недоверба на собранието, со тесно мнозинство од само девет гласа.

Пензиската реформа која ги налути француските граѓани предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, како и најмалку 43 години работа за некој да се квалификува за целосна пензија.

Жена го прозва Путин, додека се шета низ Мариупол: Ова е лага, сѐ е само претстава (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ненадејно го посети окупираниот украински град Мариупол, само неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење.

На видеото од средбата на Путин со локалните жители, споделено од руските државни медиуми, се слуша како личност во позадина вика: „Ова е лага, ова е само шоу“. Придружбата на Путин брзо реагирала и се обидела да ја пронајде личноста која викала, пишува CNN.

Во истото видео, станарка го опишува блискиот блок како „парче од рајот“, на што Путин одговара дека планираат да го прошират.

„Толку пати те видовме на телевизија“, рекол еден од жителите, на што Путин одговорил: „Треба да почнеме подобро да се запознаваме“.

Мариупол ги виде некои од најжестоките борби во војната и често се користи за пропагандни цели откако Москва го зазеде минатата година.

Сателитските снимки од мај минатата година покажаа обемни ископувања и расчистување на урнатините низ градот, вклучувајќи го и бомбардираниот театар во Мариупол. Во следните месеци, руските државни медиуми објавија снимки од обновените области, а Путин најави дека ќе го обнови целиот град.

Извештаите за планирани судења кружеа минатиот август, откако руските медиуми објавија слики од кафези во салата на филхармонијата во Мариупол, кои очигледно биле наменети за украинските воени затвореници од железарницата Азовстал.

притисни ентер