Вработената во амбасадата имала 51 година, изјави портпарол на Службата за итни случаи, според полуофицијалната новинска агенција ИСНА.
Дипломатката која загинала при пад од зграда во Иран била првиот секретар на швајцарската амбасада, пренесува полуофицијалната новинска агенција Мехр.
Живеела на 18 кат во зградата, објави агенцијата ИЛНА, повикувајќи се на свој репортер.
Во ниту еден извештај нема информации за околностите за нејзината смрт.
Швајцарија ги претставува дипломатските интереси на САД во Иран откако Вашингтон и Техеран ги прекинале врските непосредно по Исламската револуција во 1979 година.