Мисајловски: Заев збореше за измислени достигнувања на денот кога имаме најмногу заразени и починати, изборите сега се лудост

Во ваква една тешка ситуација, преставува лудост да се зборува за избори.

Несериозно е, и преставува целосна отсутност од реалноста да се говори за некакви тригодишни постигнувања, кога денес Македонија го живее црниот понеделник, што значи огромна бројка на ново заразени луѓе со Ковид 19, и луѓе кои ги загубија своите животи.

Во ваква една тешка ситуација, преставува лудост да се зборува за избори, и колку и Заев да вели дека имаме нормалност, имаме фатална ненормалност во општеството. Во податоците кои ги спомена на прес конференцијата не верува ниту Зоран Заев, и тие се толку нереални колку што е и нереален податокот напишан во нивниот флаер дека ја „победиле“ Короната.

Работата е што Заев не само што е главен фактор за кризата поради неспособноста на неговата влада да ја менаџира, туку тој со неговите изборни активности станува и извор на кризата со корона. На човекот пола партија му е во изолација, а тој говори за предизборни активности.

И тука неговото лудо настојување ја открива и причината зошто тоа го сака, свесен е дека престои пораз, и дека така мисли дека ќе стане пратеник со имунитет. Но, еве да кажам дека и оваа пресметка му е залудна.

Околу достигнувањата, Зоран Заев заборави да ги каже главните достигнувања, еве јас ќе кажам неколку.

Добиваме 3 години по ред хибриден режим, држава со најголема стапка на криминал и корупција. Неправда како основен постулат на функционирање на државата и владата.

Достигнувањата се Рекетот кој го правеа функционери од неговата партија. Рекетот станува заштитен знак на Зоран Заев и нивната свита на власт. Дури таквиот рекет доби и неколку продолженија, рекет 1, рекет 2 итн. Тука се и лиценците за марихуана, ископите во РЕК, фондот за иновации и поделените средства на луѓе блиски до Заев и СДСМ. Да не го заборавиме Ден Дончев и документите за перење пари, уценетите бизнисмени и ред други нивни славни достигнувања.

Околу стратешките приоритети, трета година по ред Македонија нема одредено датум за преговори, но името е сменето. Европската перспектива е закопана помеѓу лагите на Заев и неспособноста на владата. Идентитетот е начнат, а Заев овозможи и виткање на кичмата. Македонија се соочи со уште една објективна пречка, а тоа е заканата за блокада од источниот сосед, што значи на маса Заев ја постави историјата, Гоце Делчев и јазикот.

Не дојде живот како што ветува. Народот е со празни џебови. 200 милиони евра дефицит за 4 месеци, а до крајот на годината ќе го задолжат секое семејство за 1500 евра и дупка во буџетот од над 1 милијарда евра.

Едноставно е, секој од вас знае дека не се живее подобро, и дека не е побогат.

Граѓаните ја живеат тешката реалност и знаат дека мора промена.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и ние оваа битка ќе ја добиеме заедно со народот.

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Аустриан ерлајнс го започна својот штрајк кој ќе трае 36 часа

Триесет и шестчасовниот штрајк на вработените во Аустриан Ерлајнс (Austrian Airlines) почна денеска и веќе има откажани летови, јавија австриските медиуми. 

Според одлуката на синдикатот „Вида“, денеска и утре ќе бидат откажани вкупно 400 летови. Најмногу беа погодени аеродромите во Виена, Инсбрук, Грац и Клагенфурт, како и околу 50 илјади патници, според податоците на авиокомпанијата.

Аустриан Ерлајнс проценува 24 милиони евра загуби предизвикани од откажување летови во текот на тековните колективни преговори за договарање. Спорот за колективниот договор за труд трае веќе со недели, а досега 17 рунди преговори се без резултат. Синдикатот најави нова работна средба за 4 април.

Стотици летови се откажани од почетокот на преговорите. Откажани се и летовите од Виена до Скопје и обратно. На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Дебата на тема„Има помош за живот без насилство“ во организација на УНФПА

Веќе трета година по ред во Македонија се спроведува  проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Македонија“ под покровителство на министерството за труд и социјала, британската амбасада и УНФПА.

Во рамки на проектот досега функционира програмата за реинтеграција на жртви, моделот за шелтер-засолниште на жртви на семејно насилство, а се даваат и препораките за подобрување на услугите на сос линиите за помош на жртвите.

Продолжува ископувањето со багер на страната на куќата каде што исчезна 2- годишната Данка

Уште едно потресно видео од Бањско Поље денеска.

Заврши ископувањето на едната страна од куќата во која завчера исчезна малата Данка Илиќ (2).

Како што јави репортерот на Телеграф од местото на настанот, копањето со багер продолжило од другата страна на куќата.

Екипата на порталот Телеграф.рс и денеска е пред куќата на семејството Илиќ каде во вторникот околу 13.45 часот исчезна Данка Илиќ (2) и се уште се трага по неа. Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, а пред неа пристигнал багер.

Полицијата претходно отворале шахти околу куќата на семејството Илиќ.

Како што дознаваме, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.

Да потсетиме, Данка исчезнала во моментот кога нејзината мајка му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинесто сако, а косата и беше врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Алерт наречен „Најди ме“.

По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи на ГСС, како и бројни мештани. По 27 часа МУП го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поље.

притисни ентер