Мисајловски: Имаме 1000 проекти, да има индустриска зона во Куманово, да продолжат експресните патишта, да има поголеми пензии и поголеми плати

Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2, Владо Мисајловски вечерва се пред Кумановчани вети дека ќе разговара за сите проблеми што ги тиштат, за урбаниот хаос што се случува, за скараната централен и локална власт, кој поголем шериф да биде во градот

„За нас се не важни. Имаме разлика, го имаме Христијан Мицкоски и го имаме Зоран Заев. Кого да одбереме, човек кога дојде пред 30 месеци на првото место во партијата се трудеше од кал максимално да ја крене партијата на нозе. Свртете се и видете. Во секој град преполно народ, позитивна енергија и за две недели победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија", порача Мисајловски.

„Сите кумановчани сакаат да останат тука. Сите сакаат да имаат подобар живот тука во Куманово. Сакаат да покажат дека можат повеќе. Со децении власта во Куманово е на СДСМ, јас ве прашувам јавно каде ги видовте последниве 3 години тие 230 км автопатишта што ги изградија. Дали ги има тука во Куманово. Дали го има клиничкиот центар што го ветија гледам спотови прават за него. Нема ништо лаги и манипулации. Сакам да ја говорам вистината, а вистината е дека овие три години се посветија на само едно прашање, само како да се смени името. Како да се создаде немир и омраза меѓу граѓаните, а сите останати во власта поготово и техничкиот премиер гледаа само како да се збогатат, ништо повеќе. Куманово заслужува повеќе Куманово има чесни луѓе доби луѓе и така мора да биде така и да остане", истакна Мисајловски од Куманово.

Мисајловски предупреди дека после 15-ти јули може да биде касно. „И на претходните избори велевме дека Зоран Заев е нечесен и она што го кажува е измама. Сега он вели многу убави работи да ги чуете, но ќе бидете измамени. Немојте по втор пат да ве измамат. Вие во Куманово треба први да кажете дека е доста. Ова е најголем град во Македонија. Град кој заслужува најмногу, кој треба да биде еден од најубавите урбани центри, јас ве уверувам дека Христијан Мицкоски и овој тим ќе донесат многу за Куманово. Ќе донесе Обнова. Јас лично ви ветувам дека ќе бидам тука независно од функциите тие се менливи најважно да останеме луѓе. Во новата влада ќе има многу луѓе од Куманово што ќе ја водат власта. Христијан Мицкоски е лојален на Македонија. Од другата страна го имате техничкиот премиер и Зоран Заев кој ништо немаат направено за Куманово. Но одликата е ваша. Вие ќе изберете. Дали сакате Куманово да биде просперитетен град или да остане во овие црнила во кои е долги години. Знам дека сакате да го видите вашето дете тука во Куманово".

„На овој 15-ти јули да гласаме за Македонија бидејќи друга резервна земја ние немаме", порача Владо Мисајловски.

„Додека некој смислуваат црни сценарија, рекет и корупција, Христијан Мицкоски и ние во ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата размислувавме како да направиме 1000 проекти, како да има индустриска зона во Куманово, како да продолжат експресните патишта, како да има поголеми пензии, како да има поголеми плати, но овој пат вие одлучувате. одлучувате бидејќи може да биде доцна. Народе разбуди се, Обновата доаѓа Куманово ќе биде предводник на победата јас знам дека ќе биде овие прекрасни луѓе ќе ја направат победата на ВМРО-ДПМЕН а вие ќе се гордеете во наредните 4 години кој ќе ја води оваа држава", заклучи Мисајловски од Куманово.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ повторно е фатено во лага, Мицкоски повторно е поразен

Владата предводена од СДСМ има стабилно парламентарно мнозинство, што се покажа со гласањето доверба во Собранието, се наведува вбо партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ повторно е фатено во лаги дека само што не направиле ново парламентарно мнозинство, дека Владата ќе падне, дека губитникот Мицкоски ќе стане премиер.

Лагите на Мицкоски за некакво ново мнозинство се наменети исклучиво за негови внатрешни партиски потреби, за борбата за превласт во „Белата палата".

Колку повеќе Мицкоски е загрозен внатре во партијата, толку повеќе неговите пратеници ја опструираат работата во парламентот.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, со месеци не влегуваат во салата кога се одржуваат седници со цел да не се исполни кворумот за работа. Преку комисиите со кои претседаваат пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го кочат носењето на важни закони во интерес на граѓаните и државата.

Сето тоа им се удри од глава на седницата на која беше изгласана доверба на Владата. Разбиена е фатаморганата на Мицкоски, потонати се лаги на ВМРО-ДПМНЕ.

Со опструкциите не постигнуваат ништо, освен што им нанесуваат штета на граѓаните и затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да научат нешто од овој пораз.

Со или без ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, како одговорно парламентарно мнозинство, продолжува да носи законски решенија важни за граѓаните и за иднината на нашата држава.

Ракертирана рафинерија во Сирија, најмалку четворица загинати

Најмалку четири лица загинале, а неколку се повредени доцна синоќа кога ракетен оган погоди рафинерии во северна Сирија, соопшти невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR).

Три ракети биле лансирани од руски воени бродови, тврди СОРХ.

Тие погодиле пазар и рафинерии во близина на областа Ал-Хамаран во Џарабулус, северо-источно од градот Алепо, според SOHR.

Од таму додаваат дека силите на сириската влада истрелале ракети и кон рафинериите во Тархин и предизвикале големи пожари.Најмалку 24 лица се повредени во ракетните напади.

Двете целни области се под контрола на турските сили и нивните сојузници, Сириската национална армија (СНА), од каде што потврдиле дека меѓу ранетите има и цивили.

Турција е голем сојузник на сириските опозициски сили, а Москва и Иран го поддржаа сирискиот претседател Башар ал Асад во десетгодишната војна.

РБСМ: Исплатени се 23,5 милиони евра од ,,Ковид 3”

Од бескаматната кредитна линија со грант компонента ,,Ковид 3”, која се реализира со финансиска поддршка од ЕУ преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, заклучно со 5-ти март се исплатени 23,5 милиони евра .

Заклучно со 5-ти март се исплатени 23,5 милиони евра за 2.053 корисници кои ги исполниле условите од јавниот повик. Со други зборови, заклучно вчерашниот ден се исплатени 96,7% од корисниците на кои им се одобрени кредитните барања за оваа линија.

Досега, одобрени се вкупно 2.122 кредитни барања на вкупен износ од 24,3 милиони евра. Овие микро и мали трговски друштва, трговци-поединци и занаетчии имаат вкупно 16.009 вработени.

Според структурата, 1.172 кредитни барања се од мали компании, додека 792 барања се од микро компании. Вкупно 116 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 42 кредитни барања се од занаетчии.

Најголем дел од одобрените 2.122 кредитни барања доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 31%, а по него следат Полошкиот регион со 14% и Југозападниот и Југоисточниот регион со по 12 отсто. Од Источниот и Пелагонискиот регион се по 10% од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион се 5% од одобрените кредитни барања.

Кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Развојна банка на Македонија АД Скопје продолжува со процесирањето на кредитните барања сè до утврдување на исцрпеност на расположливиот буџет на мерката кој изнесува 31 милиони евра, се наведува во соопштението на банката.

притисни ентер