Мирно и сончево утро, попладне пороен дожд

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. УВ=6

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а ќе има услови процесите да бидат и поинтензивни. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во недела претежно во западните делови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата.

Рајан:СЗО загрижена од високото ниво на пренос на корона меѓу невакцинираните во Северна Кореја

Рајан потсети дека СЗО во неколку наврати соопшти дека таму каде што има непроверена трансмисија, секогаш постои поголем ризик од нови варијанти.

Официјалниот претставник на Светската здравствена организација Мајк Рајан изјави денеска дека високото ниво на пренос на коронавирус меѓу невакцинираните луѓе, како што е случајот во Северна Кореја, создава поголем ризик од нови варијанти на вирусот.

-Секако дека е загрижувачки доколку земјите не ги искористат средствата што сега се достапни, рече директорот за вонредни ситуации на СЗО, Мајк Рајан, одговарајќи на прашање за епидемијата во Северна Кореја, пренесуваат британските медиуми.

Рајан потсети дека СЗО во неколку наврати соопшти дека таму каде што има непроверена трансмисија, секогаш постои поголем ризик од нови варијанти./МИА

Утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд.

Наместа во јужните делови врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина и над 60 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно, во четврток и петок со ниски утрински температури, а дневните од сабота ќе бидат во позначителен пораст. Локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи се очекува во недела, велат од УХМР.

Падна договор: СОНК и МОН се договорија за 15% покачување од септември

По маратонски преговори, пред малку претседателот на СОНК Јаким неделков И Минстерот за образование Јетон Шакири, објавија дека постигнале договор за покачување на платите на наставниците за 15% од септември.

Пред Министерството за образование е Јана Јосифовска.

Дали овој договор може да се смета за конечен?

Целосниот извештај погледнте го во видеото.

притисни ентер