Мирјана Најчевска и Љупчо Зиков во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гостуваа Мирјана Најчевска и Љупчо Зиков.

Настаните во Охрид со целовечерните журки и непочитување на прописите за заштита од неширење на Корона вирусот , во вечерашната ,, Само Вистина“ професорката Најчевска ги коментира како одраз на општеството и долгогодишното акумулирање на негативна енергија и дека треба сите прекршители на уредбите да се казнат со вршење на општествено корисна работа во траење по неколку часа во период од 2-3 недели.
Зиков сугерира враќање на рестриктивните мерки од април и мај бидејќи така отворени места како одморалиштето,, Градиште“ можат лесно да се претворат во гнезда и дувла на несоодветно однесување и користење дрога, каков што е и сега случајот.

Зиков и Најчевска во емисијата ја коментираа идејата на ДУИ за Албанец премиер која доминираше во предизборието а за која сега ДУИ ретерира. Зиков смета дека барањето на ДУИ за Албанец премиер е легитимно но не би била легитимна владата предводена од една таква личност.
Најчевска и партијата,, Твоја“ сметаат дека ДУИ треба да одат во опозиција зашто е долго на власт и е посочувана за партија длабоко инволвирана во криминал. И дека наместо да се залага за премиер Албанец треба да се залага за најдобар премиер, најдобар министер, и се додека е така колку и во кошница да се остават само три скапани јаболка тие ќе ги расипат другите, смета Најчевска.

И Најчевска и Зиков во претстојниот период не очекуват некои позначајни превирања на политички план но предвидуваат Влада која би го немала комодитетот за стабилно владеење. Најчевска дури и цени деак владата би била нестабилна и дека сето тоа ќе причини да се јави потребата набрзо да се организираат повторни избори , заедно со локалните наредната година. Зиков не излезе со предвидување дека владата би била со краток здив но не исклучи можност таа да губи од својата стабилност поради демонстрацијата на цврстина во спроведувањето на реформските зафати.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

Изборите ги следат 915 домашни и 544 странски набљудувачи

Денешните избори ги следат 915 домашни и 544 странски набљудувачи. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР која фигурира со над 200 набљудувачи, излезе со првична оценка.

-На крајот од денот ќе го собереме податоците за да направиме проценка како тече процесот. Како што знаете, имаме повеќе од 200 набљудувачи низ целата држава денеска и дополнителни набљудувачи кои се тука од март и ја оценуваат целата кампања- Џилијан Стирк – шефица на наблудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

Прв круг претседателски избори – Македонија избира меѓу седум кандидати

Мирно, без посериозни инциденти и проблеми - Македонија избира претседател.

Веќе осум часа, повеќе од 1,8 милиони граѓани со право на глас се дел од првиот круг на седмите претседателски избори, на кои учествуваат седум кандидати. Нашите репортери се на терен и од блиску го следат изборниот процес.

Во Државната изборна комисија е Михаела Димовска.

Седум тинејџери уапсени за нападот врз свештеникот во Сиднеј

Австралискиот антитерористички тим денеска уапси седум тинејџери поврзани со момче обвинето за верски мотивиран терористички напад врз бискуп во Сиднеј, а уште петмина се на распит во полиција.

Полицијата соопшти дека во акцијата била вклучена екипа од повеќе од 400 полицајци и припадници на безбедносните служби, во која биле уапсени соработници на 16-годишното момче обвинето за терористички акт. Момчетo го избоде со нож асирскиот бискуп Мар Мари Емануел за време на црковна служба во живо на 15 април.

Полицијата соопшти дека ги привела тинејџерите бидејќи претставувале „неприфатлив ризик“ за општеството. Според полицијата, тинејџерите верувале во религиозно мотивирана насилна екстремистичка идеологија. /МИА

притисни ентер